Среда, 18 Јуни 2014 11:14 |
|
|
|
|
Венијамин Мачуковски
|
Венијамин (Васил) Христов Мачуковски(1847 – Цариград, 1878) е македонски преродбеник, просветен и црковен деец, собирач на народни песни и обичаи, граматичар и публицист. На 16 август 1872 година, како учител во Кукуш, го објавува во весникот „Право“ своето „Објавление за бугарска граматика на македонското наречје“. Многу години потоа, македонската наука ќе го посочи Манчуковски како еден од основоположниците на македонскиот книжевн јазик.
|
|
Среда, 04 Јуни 2014 03:00 |
|
|
|
|
Георги Баждаров
|
Георги Баждаров (8. II. 1881 – 19. IX. 1919) е македонски револуционер, учител, новинар, публицист, историчар и општественик. Уште како ученик во Битолската гимназија влегол во редовите на ТМОРО. Како секретар на четата на Илија Крчовалијата учествува во Илинденското востание. Назначен е за Задграничен претставник на ВМРО, а по убиството на Александар Протогеров, станал еден од водачите на неговото крило и огорчен противник на ванчомихајловистите. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“, еден од основачите на „Македонски преглед“ и на Македонскиот научен институт во Софија. Познат е под псевдонимот Брут, Катон, Спартак...
|
|
Војо Стојановски (2.II.1949 – 6.V.2014) е македонски музичар, автор и пејач на народна музика. Тој беше и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. Живееше од музиката и за музиката. Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се: „Ти донесов млада невеста“, „Свадба голема“, „Една мисла имаме“...
|
|
Христо Стефанов Милев (16. IV 1847 – 12. IX 1937) е македонски духовник, учесник во црковно-просветна и политичка борба за слобода на Македонија, во периодот од 1869 до 1881 година. Во 1880/1881 година учествува во Охридскиот заговор со цел кревање на востание во Заподна Македонија.
|
|
Роден е во Лазорополе, годината на неговото раѓање е 1839, но не можеме со сигурност да ја потврдиме. Негов татко е Никола, оној кого што лично Ѓурчин го поканил да се досели во Лазорополе од селото Селце. За жал, не располагаме со податоци за неговата мајка. Веруваме дека неговото првично образование го добил во селото и дека тргнувајќи по татковите стапки го изучил зографскиот занает. Можеме само да претпоставиме дека тој заедно со татко му и со брат му Косто едно време дејствувале како зографска тајфа. Не сме во можност во потполност да ја следиме неговата зографска дејност, бидејќи барем засега не постои некое истражување за делата што ги оставил.
|
|
Среда, 30 Април 2014 03:40 |
|
|
|
|
Туше Делииванов
|
Петар (Туше) Иванов Делииванов (13. X. 1869 - 14. I. 1950) е македонски револуционер, учител и публицист. Во 1894 година со Гоце Делчев заедно учителствувале во Штип, каде го примил за член на Организацијата. Како претседател на Кукушкиот револуционерен комитет на ТМОРО, бил уапсен во 1901 г., но успеал да избега и емигрирал во Бугарија. Во 1901 година станал член на Задграничното претставништво на ТМОРО во Софија. Се занимавал и со публицистичка дејност, познати се неговите сеќавања од 1946 г. за другарувањето и дејноста на Г. Делчев.
|
|
Стефан Попиванов Македонович (17. VII 1875 - 1932) е македонски револуционер и учител, комунистички деец, татко на македонските комунистички дејци Малина и Цеко Попиванови. Во 1922 година бил поставен за секретар на ПК на КПЈ за Македонија и бил првиот Македонец кој станал член на Политбирото на ЦК на КПЈ. Подоцна бил повикан во СССР, каде настрадал во Сталиновите чистки. Посмртно е рехабилитиран на 28. Х 1963 година.
|
|
Среда, 16 Април 2014 03:00 |
|
|
|
|
Тодор Поп Антов
|
Тодор Поп Антов (28. II. 1875 – 29. XII. 1954) е македонски револуционер и просфетен деец, член на ЦК на ВМОРО. Учителствувал во Прилеп, Пехчево, Мелник, Скопје. Бил член на Серскиот и Скопскиот РК. На Рилскиот конгрес бил избран за член на ЦК на ВМОРО. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна.
|
|
Среда, 09 Април 2014 03:51 |
|
|
|
|
Александар Христов
|
Александар Стоев Христов (14. II. 1929 – 20. Х. 2005) е македонски национален деец, публицист и поет. Како „неблагонадежен“, го праќаат на превоспитување во рудник за ураниум, од каде што успева да избега и нелегално преку Грција и Бразил оди во Франција. По завршувањето на Факултетот за новинарство и социологија во Париз во 1968 година, работи во Радиото ББЦ во Лондон. Со група Македонци во Сиднеј (Австралија) го основаат весникот „Народна волја“ (1. Х. 1980) и станува прв негов главен редактор. Објавува пет стихозбирки во Париз, Лондон и Софија (на француски и бугарски јазик) од кои провејува македонскиот дух.
|
|
Среда, 02 Април 2014 03:29 |
|
|
|
|
Иван Анастасов – Грчето
|
Иван Анастасов – Грчето (1880 - 1905) е македонски револуционер, деец на Мекедонската Револуционерна Организација, драмски војвода на ТМОРО. Дејствувал како организатор на Организацијата во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко. Бил комита во повеќе чети и зел учество во Илинденското востание како војвода на чета во Драмско. Загинал во борба со османлиската војска. Оставил сеќавања за револуционерната дејност (1904).
|
|
|
|