Македонски легенди
Среда, 15 Јануари 2014 04:00    PDF Печати Е-пошта
Трајко Јордан Мишковски

spanija240Трајко Мишковски (5. III. 1903 – 1955) е македонски револуцинер, учесник во Шпанската граѓанска војна и во францускиот отпор кон крајот на Втората Светска Војна. Во 1946 година е именуван за судија на Врховниот федерален суд на Македонија, но набргу е ставен на располагање на Претседателството на Владата на Народна Република Македонија. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото е уапсен и испратен на Голи Оток.

Повеќе...
 
Среда, 08 Јануари 2014 04:00    PDF Печати Е-пошта
Павел Христов

Pavel_Hristov_IMARO-240Павел Христов (1874 – Софија, 6. VI. 1922) е македонски учител и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Тој не е меѓу најпознатите први водачи како Даме, Гоце, Пере, Ѓорче и Матов, но, тој е еден меѓу првите по петмината водачи на револуционерна Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 01 Јануари 2014 04:00    PDF Печати Е-пошта
Aцо Шопов

AcoShopov-240Aцо Шопов (20. XII. 1923 - 20. IV. 1982) е македонски поет и преведувач, есеист и борец на НОВМ во Втората Светска Војна. Тој е еден од основоположниците на модерната македонска поезија. Неговата збирка Песни (1944) е прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Ацо бил прв уредник на „Млад борец“, а потоа уредувал неколку литературни списанија и бил директор на издавачката куќа „Кочо Рацин“. Бил член на македонскиот ПЕН центар, ДПМ, МАНУ и југословенски амбасадор во Сенегал. Ацо ќе остане да се помни по неговата лирична поезија, по љубовта која не згаснува во неговите песни, по поезијата како начин да се биде сведок на едно време, но и начин да се надмине минливоста на времето.

Повеќе...
 
Среда, 25 Декември 2013 04:00    PDF Печати Е-пошта
Иван Попов

IvanPopov-240Иван Попконстантинов Попов (1871 – 30. VIII. 1921) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Костурскиот војвода и десна рака на Васил Чакаларов, бил еден од многуте македонски јунаци кој младоста ја посветил за ослободување на Костурско.

Повеќе...
 
Среда, 18 Декември 2013 04:00    PDF Печати Е-пошта
Александар (Алексо) Василев - Паша

alekso-pasha-240Александар Василев (Баракли-Џумаја, Серско, 1890 – Горна Џумаја, 12. IX. 1924) е македонски револуционер од влашко потекло, учесник во Македонското Револуционерно Движење. Познат е уште како Алеко Василев, Алеко Паша, Орфо или Орфански. Учителствувал во Серско, а четувал во Серскиот револуционерен округ под раководство на Јане Сандански. Во 1919 година бил назначен за петрички околиски војвода, главен организатор и раководител на ВМРО во Пиринска Македонија. Пашата бил близок соработник на Тодор Александров, но по 1923 се дистанцирал од Александров. Во 1924 година ги прифатил принципите на Мајскиот манифест, но бил убиен во горноџумајските убиства извршени од ВМРО на Иван Михајлов.

Повеќе...
 
Среда, 11 Декември 2013 04:00    PDF Печати Е-пошта
Петар Шанданов

petar-sandanov-240Петар Шанданов (4. VII. 1895 – 15. X. 1971) бил учесник во македонското револуцинерно движење и раководител на ВМРО. Учествувал во Охридското востание (1913) и бил резервен член на ЦК на ВМРО (1925 - 1928). По убиството на Александар Протогеров (1928) и по расцепот на Организацијата, станал водач на протогеровистичката ВМРО. Пред Втората Светска Војна се приклучил во Антифашистичкиот фронт на Бугарија, а по војната бил еден од раководителите на Сојузот на македонските емигрантски друштва во Софија. Во 1944 година бил делегат на Второто заседание на АСНОМ и бил избран за член на Президиумот на Народното собрание на Македонија. Поради учеството во Македонското ослободително движење бил осудуван и затворан од бугарските власти во 1936 и 1953 година.

Повеќе...
 
Среда, 04 Декември 2013 04:01    PDF Печати Е-пошта
Спиро Џеров – Македонски

spiro-dzerov-240Спиро Џеров (Ѓеров) - Македонски (1834 – 17. VII. 1868) е македонски револуционер. Во 1862 година подготвувал заговор во Битолско, по што бил уапсен и осуден на смрт. Одлежал пет години робија, а по ослободувањето зел учество во Критското востание во 1866 година. Со Стојан Везенков се активирал да организира ново востание во Битолско и во Крушевско во 1867 година, а потоа учествувал во ослободителните борби во Србија, Романија и во Бугарија, каде што и загинал.

Повеќе...
 
Среда, 27 Ноември 2013 04:28    PDF Печати Е-пошта
Мишо Шкартов

Mihail_Shartov-240Мишо Шкартов (1. II 1884 – 25. VI 1936) е македонски револуционер. учесник во македонското револуционерно движење. Во 1913 година учествувал во Тиквешкото востание, а како член на Привременото претставништво на бившата обединета ВМРО на 9 март 1919 година го потпишал Апелот со кој обединетите македонски револуционери уште еднаш ги афирмираат барањата за обединета самостојна Македонија со солидни меѓународни гаранции.

Повеќе...
 
Среда, 20 Ноември 2013 04:00    PDF Печати Е-пошта
Нијази Лимановски

Rostuse_2012_13Нијази Лимановски (27. VI. 1941 - 11. X. 1997) е македонски етнолог и борец за национално обединување на Македонците без разлика на верската вероисповед. Потекнува од родители исламизирани Македонци и како етнолог целиот свој живот го посветува на нивното истражување.

Повеќе...
 
Среда, 13 Ноември 2013 04:00    PDF Печати Е-пошта
Васил Икономов Попоски - Димкоски (1848-1934)

vasil-ikonomov-240 Културно национален деец, активен поддржувач и координатор на црковното антипатријаршиско и антигрчко движење во дебарскиот крај, собирач и издавач на народното творештво, собирач на стари ракописи и книги, учител, публицист, црковен пејач, кмет на селото, полиглот кој зборувал турски, грчки, албански, српски, бугарски, руски, романски и најверојатно француски јазик. Роден е во Лазорополе на 6 мај 1848 година.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.