Среда, 27 Август 2014 03:00 |
|
|
|
|
Иван Георгов
|
Иван Андреев Георгов (7. I. 1862 - Софија, 13. VIII. 1936) е македонски деец, универзитетски професор, политичар и преведувач. Високото образование го завршил во Виена и бил професор на Софискиот универзитет, раководител на Катедрата по историја на филозофијата (1888- 1934). Бил член на ВМК и на Македонскиот научен институт и претседател на Добротворниот сојуз.
|
|
Среда, 20 Август 2014 03:00 |
|
|
|
|
Славка Чакарова
|
Славка Чакарова Пушкарова (1879 - 1956) е македонска револуционерка и учителка. Учествува во изработката на револуционерното знаме на Струшката револуционерна околија. Работи на припремата на организацискиот весник „Слобода или смрт“. Организира и пренесува оружје, муниција и друг материјал за четите. На станицата во Солун била уапсена, а потоа на процесот во Солун, била осудена на смрт. По херојското држење и притисок на јавноста била ослободена и протерена од земјата.
|
|
Среда, 13 Август 2014 03:00 |
|
|
|
|
Никола Андреев
|
Никола Андреев (1879 - 1911) е македонски револуционер, костурски реонски војвода на ТМОРО/ВМОРО и учител. Како војвода на чета, зел учество во Илинденското востание (1903) и посебно се истакнал при ослободувањето на Невеска и Клисура. Познат уште како Коле (Кољо) Мокренски.
|
|
Среда, 06 Август 2014 03:00 |
|
|
|
|
Владимир Карамфилов
|
Владимир Димитров Карамфилов (10. V. 1877 – 14. VI. 1943) е македонски револуционер и учител, член на Македонската револуционерна организација. Учителствува во Прилеп, Крива Паланка, Кратово и Куманово, а истовремено раководи и со месните револуционерни комитети. Активно се вклучува во подготовките за Илинденското востание, а прогонет од власта се вклучува во четата на Борис Сарафов. Пишува спомени за револуционерната борба.
|
|
Среда, 30 Јули 2014 03:00 |
|
|
|
|
Иван Наумов - Алабакот
|
Иван Наумов - Алабакот (1870 - 24. VIII 1907) е македонски револуционер, еден од најпопуларните војводи на ТМОРО во Илинденското востание. Како војвода на Вториот крушевски востанички одред во Илинденското востание, учествувал во ослободувањето на Крушево во 1903 година. По востанието дејствувал со чета во Велешко, Крушевско, Прилепско, Кичевско и Поречието. Во 1907 година учествувал во познатата битка на Ножот. Опеан е во македонската народна песна.
|
|
Среда, 23 Јули 2014 03:00 |
|
|
|
|
Михаил Чаков
|
Михаил Чаков (16. III 1873 – 17. IX 1938) е македонски револуционер, соработник на Гоце Делчев и илинденски војвода. Учителствувал во село Тумба, а во ТМОРО влегува во 1897 година. Во четата на Михаил Апостолов Попето бил во периодот 1899 –1900 година, а потоа бил самостоен војвода во Петричко, Драмско, Серско, Кумановско и Велешко. Учествувал во битката кај Ножот, а потоа Балканските и во Првата светска војна. Долго време ја чува тајната за посмртните останки на Гоце Делчев.
|
|
Среда, 16 Јули 2014 03:00 |
|
|
|
|
Георги Димитров Шкорнов
|
Георги Димитров Шкорнов - Ѓакон Евстатиј (1873 - 20. III. 1934) е македонски национален деец, ѓакон и војвода на Македонската револуцинерна организација. Бил послушник во Зографскиот манастир, а потоа како ѓакон Евстатиј бил во Пловдив, Солун, Софија и Букурешт, а потоа се враќа во Битолско каде се приклучува на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание во 1903 г., а по неговото задушување активно учествува во борбите против туѓите оружени пропаганди. Со своја чета зел учество во Првата балканска војна 1912 година, како и во Првата Светска Војна.
|
|
Среда, 09 Јули 2014 03:00 |
|
|
|
|
Трифун Грековски
|
Трифун Костадинов Грековски (1. VIII. 1893 - 9. VI. 1973) е македонски лекар, револуционер, публицист. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Женева (1920), каде што бил активен член на Македонското студентско друштво. Бил соработник на весниците „Автономна Македонија“ и „Македонско сознание“. Почнал да објавува „Кратка историја на Македонија“ (1924), каде ја нагласува македонската посебност и поврзаност со древните Македонци. Во 1924 г. се вратил во Гевгелија и до 1936 г. бил единствен лекар во градот. Во 1944 г. ја формирал партизанската болница во манастирот „Св. Прохор Пчински“.
|
|
Среда, 02 Јули 2014 03:15 |
|
|
|
|
Паскал Паскалевски
|
Паскал Паскалевски (14. I. 1914 - Софија, 13. V. 2004) е македонски поет, раскажувач, драмски автор, собирач на народни песни, преведувач, новинар и публицист. Учествувал во Граѓанската војна во Грција (1945-1949) и бил директор на курсот „Гоце Делчев“ за народни учители во слободна Преспа. Покренал и уредувал повеќе весници и списанија. Појавата на првата стихозбирка „Пролет над Егеј“ (1949) македонската критика ја именувала како „првата ластовичка на современата поезија во Егејска Македонија“.
|
|
Среда, 25 Јуни 2014 03:00 |
|
|
|
|
Мери Бошкова
|
Марија (Мери) Бошкова (Битола, 2. V 1924 – 25.III 2014) е македонска драмска и филмска актерка, една од водечките македонски театарски уметници. Оствари бројни незаборавни театарски и филмски улоги. Таа беше еден од столбовите на македонскиот театар, каде изгради широк репертоар од лирски до драмски и карактерни улоги. Особено се истакнува во делата на современите странски и наши писатели. Нејзината креација на Живка во комедијата на Бранислав Нушиќ „Госпоѓа Министерка“ се вбројува меѓу најдобрите улоги на театарската сцена. Таа ја игра и главната улога, ликот на мајката, во првиот македонски игран филм „Фросина“ (1952), во кој за првпат се претставува македонскиот јазик на филмското платно.
|
|
|
|