Македонски легенди
Среда, 31 Декември 2014 11:30    PDF Печати Е-пошта
Александар Станишев

stanisev-180Александар Станишев (27. XII. 1886 – 1. II. 1945) е лекар, научник и политичар од Егејска Македонија, кој живее и работи во Бугарија. Тој е еден од водечките хирурзи во периодот меѓу двете светски војни. Неговата политичка активност е поврзана со борбата за ослободување на Македонија под српска и грчка окупација. Бил член и основач е на Македонскиот научен институт, а исто така член е на масонската ложа. Од јуни до септември 1944 година бил министер за внатрешни работи и јавно здравје на Бугарија, а неколку месеци по деветосептемврискиот преврат бил егзекутиран од новата комунистича власт.

Повеќе...
 
Среда, 24 Декември 2014 04:57    PDF Печати Е-пошта
Антон Кецкаров

AntonKeckarov-180Антон Ефтимов Кецкаров (12.XII.1865 – јануари 1945) е македонски револуционер, просветен и општесвен деец. Деец е на Македонската Револуционерна Организација од 1893 година. Во Илинденското востание бил член на Горското началство на Охридскиот револуционерен реон на ТМОРО и охридски војвода во Долна Дебарца. Од 1923 година член е на Бугарските конституциони клубови, а потоа благајник и сметководител на Македонскиот национален комитет, Илинденската организација од 1932 и на Македонскиот научен институт во Софија од 1938 година. Како и многу други македонски интелектуалци, станува член на масонската ложа „Светлина“ од Софија, со цел да помогне за македонската кауза.

Повеќе...
 
Среда, 17 Декември 2014 04:00    PDF Печати Е-пошта
Илеш Шпиц

spic1-180Илеш Шпиц (2.II.1902 - 1.Х.1961) е фудбалски репрезентативец на Унгарија и тренер на скопските клубови ФК „Граѓански“ (1938), ФК „Македонија“ (1941–1944) и ФК „Вардар“ (1960 – 1961). Во текот на Втората Светска Војна, како Унгарец со еврејско потекло, окупаторските власти во Македонија се обиделе да го интернираат во логор на смртта (1943), но поради силниот отпор на јавноста и енергичното залагање од Управата на Клубот „Македонија“, бил симнат од возот кај Врање и вратен во Скопје. По овој настан снимен е филмот „Трето полувреме“.

Повеќе...
 
Среда, 10 Декември 2014 04:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Станишев

hristo-stanisev-180Христо Станишев (24. XII. 1863 - Софија, 12. XII. 1952) е македонски градежен инженер во Бугарија, деец на македонското револуционерно движење. Во 1895 година го формира и е претседател на Македонското друштво во Бургас, а во 1896 година бил назначен за благајник на Македонската организација во Бугарија. Од 1897 до 1899 година бил и претседател на ВМК во Софија и заслужен за приклонувањето на Македонскиот комитет кон ТМОРО. Во 1902 година бил член на Врховното тело на македонската емиграција, а по Првата Светска Војна бил во раководството на Сојузот на македонските емигрантски друштва во Софија. Бил член на МНИ во Софија, а во 1933 година претседавал на Великиот македонски собор во Горна Џумаја.

Повеќе...
 
Среда, 03 Декември 2014 04:00    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓи Абаџиев

GorgiAbadjiev-180Ѓорѓи Абаџиев (7. X 1910 – 2. VIII 1963) е македонски писател, раскажувач романсиер, историограф, публицист и сценарист. Со родителите емигрирал во Бугарија. Бил член на Македонскиот литературен кружок (1938–1942) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ (1946–1947). Во 1948 година се враќа во Македонија, каде што во Скопје е еден од основачите и еден од најактивните соработници на Институтот за национална историја. Во 1972 г. се објавени неговите “Избрани дела“ во четири тома. Во сите негови дела темите на историјата имаат истакнато место и со право  се смета за историски белетрист.

Повеќе...
 
Среда, 26 Ноември 2014 04:32    PDF Печати Е-пошта
Нако Станишев

Nako Stoen Stanishev-180Нако Станишев (1810 – 1875) е македонски деец, застапник за осамостојување од Цариградската патријаршија, истакнат претставник на Кукушката унија. Како познат трговец и производител, тој е долгогодишен претседател на Кукушката црковно-училишна општина. Бил во врска со Д. Миладинов и со епископот Партенија Зографски. Подоцна ја напуштил унијата.

Повеќе...
 
Среда, 19 Ноември 2014 04:00    PDF Печати Е-пошта
Макариј Негриев

makarij-negriev-240Макариј Негриев (Галичник, 1800 - Пазарџик, Бугарија, 1859) е македонски резбар и иконописец од Дебарската (Мијачка) школа, еден од најнадарените резбари-копаничари од родот на Фрчковци. Освен со резбарство, се занимавал и со посебна техника на украсување на капителите од столбовите во црквите со различни орнаменти и фигури. Од рацете на Макариј Негриев ќе излезат многу црковни иконостаси во централна Македонија. Учествувал во изработката на иконостасот во скопската црква “Св. Спас“ (1825), како и во изработката на таваниците во познатите конаци на управникот на Скопскиот вилает Авзи-паша во с. Бардовци кај Скопје, за кое бил и посебно награден. Освен тоа, пашата кој потекнувал од Пазарџик го препорачал да учествува во украсувањето на тамошната Чарши-џамија.

Повеќе...
 
Среда, 12 Ноември 2014 04:00    PDF Печати Е-пошта
Димитар И. Занешев

Dimitar Zaneshev VMORO Voden-240Димитар И. Занешев (21. I. 1876 – 24. I. 1962) е македонски револуционер, учесник во Илинденското востание, воденски војвода. Бил делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1903), член на Штабот на Вториот солунски револуционерен реон во Илинденското востание. Од 1905 г. станал војвода на чета во Воденско, се борел со андартите.

Повеќе...
 
Среда, 05 Ноември 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Иван Каранџулов

ivan-karandzulov-240Иван Каранџулов (1856 – 5.V.1930) бил правник и општественик од Македонија, претседател на Извршниот комитет, а потоа на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства, пратеник во бугарското Народно собрание, главен обвинител на Врховниот суд и претседател на Алианс Френцезе во Бугарија. Се школувал во Цариград и правни науки завршил во Франција. Како долгогодишен претседател на Комитетот, одржувал блиски врски со ВМРО на Т. Александров и Иван Михајлов.

Повеќе...
 
Среда, 29 Октомври 2014 03:00    PDF Печати Е-пошта
Теофил Аврамов

teofil-avramov-180Хаџи Теофил Аврамов Жунгуловски (18. VII. 1838 - 20. VII. 1884) е македонски духовник, учесник во црковно-просветната борба против грчката Патријаршија. Се стекнал со високо образование на катедрата за филозофија во Цирих и Виена. Бил еден од челниците на антипатријаршиското движење во Западна Македонија, единствен славјански владика во Дебар поставен со султански берат. Својот живот го положил во борбата за осамостојување и обединување на македонските епархии, односно за обновување на Охридската архиепископија.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.