Македонски легенди
Среда, 30 Септември 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Тома Пожарлиев

Toma Pojarliev-180Тома Петров Пожарлиев (1. V 1870 – 5. XII 1938) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација во Воденско, Кратовско и Чепеларско. Учествува во Илинденското востание.

Повеќе...
 
Среда, 23 Септември 2015 03:33    PDF Печати Е-пошта
Никола Јуруков

jurukov-180Никола Јуруков (28. VII 1880 – 26. IV 1923) е виден архитект во Бугарија, македонски револуционер и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО). По првата светска војна се вклучува во политичката активност на македонската емиграција во Софија. Претседател е на Костурското братство и учесник во Привременото преставништво на бившата ВМРО (1919). Бил член на привремената комисија на македонските братства (1920), а како член на Задграничното преставништво на МЕФО ја застапува на V конгрес на Друштвото на народите во Женева 1921 и на Меѓународната конференција на Лигата на угнетените народи во 1922 година во Лондон. Идеолог е и соработник на „Автономна Македонија“.

Повеќе...
 
Среда, 16 Септември 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Лазар Поповски

Lazar Popovski-180Лазар Поповски (1891 – 1952) е општественик, новинар и македонски револуционер, деец на ВМРО (Обединета). Тој е еден од потписниците на „Апелот до Македонците во Бугарија“ во септември на 1944 година.

Повеќе...
 
Среда, 09 Септември 2015 08:18    PDF Печати Е-пошта
Михаил Николов Розов

Misho Nikolov-180Михаил Николов Розов (25. VIII 1874 – Варна, 1. VIII 1934) е македонски просветен деец и револуционер, костурски војвода на Македонската револуционерна организација. Учесник е на Илинденското востание во 1903 година. Во 1937 година постхумно се појавуваат неговите спомени „Револуционерното движење во Костурско Спомени“.

Повеќе...
 
Среда, 02 Септември 2015 03:19    PDF Печати Е-пошта
Ник Ванов

Nick VanoffНик Ванов (25. IX 1929 – 20. III 1991) е американски филмски продуцент од македонско потекло. Емигрира во САД, каде заедно со братот Борис Ванов прави успешна кариера во филмскиот бизнис, како продуцент на играни и телевизиски филмови во Холивуд. Тој е копродуцент Bing Crosby Specials, Perry Como Specials, Phil Silvers Specials, Hollywood Palace, Andy Williams Specials, Sonny and Cher Show и Kennedy Center Honors Show. Ванов е творец на комична серија Hee-Haw и е копродуцент на филмот "Елени" (1985), направен по спомените на неговиот пријател Николас Гејџ.

Повеќе...
 
Среда, 26 Август 2015 03:55    PDF Печати Е-пошта
Јосиф Ковачев

Yosif Kovachev Shtip-180Јосиф Ковачев (14. I 1839 – 31. X 1898) е македонски педагог и просветител од втората половина на XIX век. Тој го основал првото Педагошко-богословско училиште во Македонија. Прв во македонските училишта го вовел и го распространил звучниот (гласовниот) метод во букварската настава, со што значително го олеснил процесот на почетното читање и пишување кај децата. Внимание посветувал и на народното просветување, односно на образованието на возрасните. Во својата „Школска педагогија“ и во студијата “Врз организацијата на народните школи“ го истакнал значењето и улогата на гимнастиката и детските игри.

Повеќе...
 
Среда, 19 Август 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Иван Апостолов - Македонецот

revolucioneri-180Иван Апостолов (1847 – 1926) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и неврокопски војвода. Со четата на војводата Иљо Марков Малешевски учествувал во Српско-турската војна (1876), потоа во Руско-турската војна (1877/1878) и во Кресненското востание (1878/1889). Активно учествувал и во Илинденското востание. Бил познат како Копаран чауш, Даскалот и Ване Македонецот.

Повеќе...
 
Среда, 12 Август 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Коста Христов

kosta-popeto-180Коста Христов Попов (21. IV 1862 - 1941) е македонски револуционер, гевгелиски војвода и виден деец на Македонската револуционерна организација. Познат како Попето учествува во ослободувањето на Крушево. Заедно со Андреј Димков ја опсадуваат и палат жандармериската касарна во Крушево, а потоа учествува и во одбраната на Крушевската Република.

Повеќе...
 
Среда, 05 Август 2015 04:30    PDF Печати Е-пошта
Парашкев Цветков

Cvetkov-180Парашкев Цветков (20. V 1875 – 8. V 1903) е гимназиски професор по музика и војвода на ТМОРО. Предавал музика во Пловдив, а потоа во гимназија во Битола, каде станал член на ТМОРО. Другарува со рускиот конзул А.А. Ростковски во Битола и служи како врска меѓу конзулот и Битолскиот окружен комитет на Организацијата. Бил еден од секретарите на Смилевскиот конгрес на Битолскиот раволуционерен округ и загинал во битката со турската војска. Познат под псевдонимот Пролетин, тој беше е еден од најдоследните револуционери посветени на македонското револуционерно ослободително движење.

Повеќе...
 
Среда, 29 Јули 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Тодор Лазаров

todor-lazarov-180Тодор Лазаров (1869 – 29. IX 1912) е македонски револуционер, член на ТМОРО. Станал првиот член на РК на МРО во Штип. Во 1903 година бил учесник на Солунскиот конгрес на ТМОРО. Познат под псевдонимите Сараскалијата, Сарсакали Мехмед и Сарчизмели, во 1905 година повторно бил уапсен и спроведен во османлискиот затвор Шам Тарабулус. По Младотурската револуција бил амнестиран. Тешко разболен, се самоубил.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.