Среда, 13 Септември 2017 03:00 |
|
|
|
|
Герасим Огњанов
|
Герасим Огњанов Петканчин (1885 – ? X. 1912) е македонски учител, револуционер, малешевски околиски војвода. Се школувал во Военото училиште во Софија, кое го напуштил и го завршил Американското училиште во Самоков. Прво е деец на ВМОК, а подоцна на ТМОРО. За време на Илинденското востание учествувал во четата на врховистичкиот војвода Јурдан Стојанов. Преминал во ТМОРО во четата на Пешо Самарџиев во Тиквешко. Станал малешевски околиски војвода (1907). Во времето по Младотурската револуција се занимавал со трговија во Солун.
|
|
Среда, 06 Септември 2017 03:00 |
|
|
|
|
Константин Стефанов
|
Константин Стефанов (25. IV 1879 – 30. I 1940) е македонски револуцинер, просветен деец, протестант. Тој е брат на Катарина Цилка, киднапирана во афера "Мис Стон" во 1901 година. Во својство на претседател на заедничкиот совет на Македонските друштва во Швајцарија, тој му испратил неколку писма до претседателот Вудро Вилсон во кои бара да не се раздели Македоня меѓу одделни земји, како и да го поништи Букурешкиот договор од 1913 година.
|
|
Среда, 30 Август 2017 03:00 |
|
|
|
|
Георги Мадолев
|
Георги Мадолев (13. III 1916 – Софија) е истакнат македонски револуционер и национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, член на БРП (к). Во текот на Втората светска војна, во периодот 1941 – 1942 година, тој ја одржувал врската меѓу ОК и ЦК на БРП. Од јули 1942 година тој е борец во Беличката партизанска чета “Јаким Цоков“, а потоа и политички комесар на Разлошкиот партизанскиот одред “Јане Сандански“. Исто така бил и редактор на партизанскиот весник “Работничко знаме“. Мадолев бил активен за реализирање на националните права на Македонците во Бугарија во рамките на Културната автономија 1944–1948 во Пиринскиот дел на Македонија. По Резолуцијата на Информбирото во 1948 г. дошол во судир со новата политика на бугарското партиско и државно раководство за негирање на македонската нација и бил отстранет од политичкиот живот во Пиринскиот крај.
|
|
Среда, 23 Август 2017 06:18 |
|
|
|
|
Естреја Овадија - Мара
|
Естреја Хаим Овадија - Мара (25. XII 1923 - 26. VIII 1944) е припадник на еврејската заедница во Макединија, учесник во Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) и народен херој на Југославија. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, заминува во илегала (10. III 1943) и се вклучува во партизанскиот одред “Даме Груев“ (5. IV 1943)м а потоа во НОПО “Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ. При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик политички комесар на чета, а при формирањето на Седмата македонска НО бригада (22. VIII 1944) за политички комесар на баталјон. Загинала во борба со бугарските окупаторски сили.
|
|
Среда, 16 Август 2017 03:00 |
|
|
|
|
Никола Оровчанец
|
Никола Оровчанец (25. VII 1905 – Москва, 1938) е македонски револуционер и комунистички деец. Во 1923 г. бил примен во КПЈ, а во 1925 и во КП на СССР. Студирал на Комунистичкиот универзитет во Москва. Во 1934 г. како инструктор на КПЈ, работел на обновување и зацврстување на македонската партиска организација и го формирал Обласниот комитет. Со Коста Рацин го покренал партискиот орган “Искра“. Познат под псевдонимите Сандански, Пантиќ, поради провала, се вратил во Москва, каде бил жртва на сталинистичките чистки. Посмртно бил рехабилитиран во 1963 година.
|
|
Среда, 09 Август 2017 03:00 |
|
|
|
|
Благој Јанков - Мучето
|
Благој Јанков - Мучето (3. VI 1911 – 14. VII 1944) е македонски револуционер, шивачки работник, комунистички деец и народен херој. Го раководел штрајкот на струмичките шивачки работници (12–15. X 1936), по што заминал во Белград. Во 1936 година бил примен за член на КПЈ. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и член на привремениот ПК на КП во Македонија (од септември 1940). Како инструктор на ПК со седиште во Штип (октомври 1940 – август 1943), бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и Радовиш. При една партиска провала во Штип (17. VIII 1943) бил ранет, а во друга провала во Струмица загинал во борба со бугарската полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951).
|
|
Среда, 02 Август 2017 03:00 |
|
|
|
|
Тодор Христов – Офицерчето
|
Тодор Христов – Офицерчето (20. I 1883 – 21. IX 1903) е македонски револуционерен деец и велешки војвода на ТМОРО. Завршил воено училиште во Софија. Како бугарски кавалериски потпоручник на I пешадиски кавалериски дивизион, на Смилевскиот конгрес (12-17. V 1903) бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за бомби во Битолско и Крушевско. Во Илинденското востание, при нападот на Крушево, командувал со Седмиот (селски) востанички одред од 20 борци од селата Селце, Обршани и Вранче. По ослободувањето на градот ја координирал градбата на фортификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработката на црешовото топче.
|
|
Среда, 26 Јули 2017 03:00 |
|
|
|
|
Симеон Костов Крстев Сиин
|
Симеон Сиин (12. V 1863 – 20. II 1929) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
|
|
Среда, 19 Јули 2017 03:00 |
|
|
|
|
Ризо Ризов
|
Ризо Ризов (1. I 1872 – 6. I 1950) e истакнат македонски национален деец, член Македонската револуционерна организација (МРО), учесник во Илинденското востание и во задушувањето на контрареволуцијата во Цариград. По основањето на МРО станал нејзин член и дејствувал како организатор на револуционерни групи и организациони комитети во македонските села и градови. По Првата светска војна бил еден од основачите на Привременото претставништво на бившата ВМРО и потписник на Декларацијата за автономна Македонија и против новото поробување. Тој бил еден од основачите на ВМРО (Об). Се застапувал за обединување на македонските револуционери во единствен ослободителен македонски национален комитет. Како претставник на ВМРО (Об) престојувал во Австрија, Германија и СССР и ја запознавал светската јавност со праведната ослободителна борба на Македонскиот народ.
|
|
Среда, 12 Јули 2017 03:46 |
|
|
|
|
В’ндо Гошев
|
Васил Георгиев Танов (1858 - 1917) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Познат е како В’ндо Гошев, В’ндо војвода, Стари В’ндо и "борбената гордост на Мегленско".
|
|
|
|