|
|
„Македонска мисла“ (1964) од Брисел – списание за култура (3) |
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА Улогата на средствата за јавно информирање кај Македонците во поранешните европски држави, денес Европска Унија, беше незаменлива во продолжувањето на културните традиции на македонските доселеници во новиот свет. Тие настојуваа и настојуваат целосно да го запознаат читателот со македонскиот јазик, културата, историјата, фолклорот, обичаите и со други карактеристики донесени од стариот крај. Затоа и се јави потреба кај Македонците во Европа да печатат свои информативни гласила кои ќе бидат информатори и чувари на македонскиот јазик, културата и сите нишани на Македонец кој, особено со љубов се однесува кон својата родна –дедовска земја етничка Македонија. Така, гласилото „Македонец“ (1963-1966) од Гетеборг е орган на Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ) и е весник на Македонската ослободителна организација (МОО), со седиште во Трелеборг, а се печатеше во Гетеборг. Главен и одговорен уредник во почетокот беше Миле Илиевски, потоа Благоја Блажевски и Благој Миленковски. Се печатеше на македонски јазик на циклостил, на формат 21x29,5 см, во обем од 24 до 44 страници, и со годишна претплата од 4 американски долари. Од увидот во вториот број од февруари 1965 година отпечатен на гештетнер во две колони може да се претпостави дека првиот број е отпечатен во 1963 година, но во секој случај има тешкотии во одредуваањето на точниот датум и бројот. МАКЕДОНЕЦ" (1963—1966) — ГЕТЕБОРГ Третиот број од „Македонец“ е отпечатен за периодот март—септември 1965 година, на ист формат и нa 36 страници. Четвртиот број излегол во октомври 1965 година на 25 страници, а петтиот во март 1966 година, на 44 страници со името и одговорниот издавач Благоја Блажевски, а одговорен уредник, Бен Благоја Миленковски. Истата година излезе шестиот број на ист формат, на 24 страници, и со корици од тврд повез. Овојпат за главен уредник е избран Бен Благоја Миленковски. Имено, во претходните броеви постоеше ривалство меѓу уредниците, a ce вршеле и напади врз нивните личности. Како причини на таквиот однос и недоразбирањата, во бројот 6 од 1966 година, е поместен вовед, во кој, се објаснува: „Весникот стана мил гостин во секој дом, но и многу редок, посебно поради честите персонални промени во Редакцијата. Cera ce надеваме дека сите тие тешкотии се премосгени и дека од овој број редовно ќе го добивате весникот, со исклучок на јули и август, кога весникот нема да излегува.. . Јас и моите соработници ќе се потрудиме весникот да биде вистинољубив, непристрасен, објективен, интересен, поучен и разбирлив за секого, а и страниците ќе бидат отворени за секого. Редакцијата реши во иднина да не се печатат чланци кои содржат лични навреди против лица, група или држава, ако таквите не се документирани". Покрај главниот уредник Благој Миленковски, кој потекнувал од битолскиот крај, уредник за хумор и сатира и цртач на весникот е поставен Ангел Синадиновски, архитект од Драчево, а уредник на рубриката за домот и жената е Виолетка Саздова-Бургмилер, медицинска сестра од Кочани, додека уредник на рубриката „Актуелности" е Серафим Даскаловски, роден солунчанец, а на рубриката „Политички калејдоскоп"е Драган Коцавалиев од Пгаринска Македонија. Во овој број е поместено продолжение од историјата на македонскиот народ, потоа текстовите под наслов ,,Фашистичката чизма пак тропа по германските улици", „Факти за една вистина", „Медитации" и друго, a ce поместени и материјали за жената, крстозбор и друго. „МАКЕДОНСКА МИСЛА" (1964) — БРИСЕЛ
Ова гласило на Македонското културно здружение „Јане Санданскм" од Брисел претставува списание за култура и опшествени npaшања. Toa се печатеше на македонски јазик со кирилица, на циклостил, на формат 21 х 29 см. Првиот број излезе во јули 1964 година, а го уредил Редакциски колегиум во чиј состав се: Михаил Чекич, Јован Павлов и Крсте Стојановски. Исто така, бројни текстови се потпишани од Драган Богдановски. Клишето на првнот број, а и на наредните бровви, е на македонски јазик, со зборовите од Партение Зографски „Учи напред книга на свој јазик, па после ако имаш време учи и на друти јазици". Во воведната статија на првиот број се објаснува намерата на вескикот: „Денес во емиграцијата има неколку македонски изданија, од кои некои се вистински македонски и национални кои се издаваат на македонски литературен јазик и ги заштитуваат македонските национални интреси, а други, псевдомакедонски како „Македонска трибуна" и „Македански глас", што се издавани од грула родоотсгапници, на бугарски јазик, сеејќи во нив замаглување и фалсификаторство за националниот карактер на Македонците, нивното историско минато и нивната борба за национална самостојност.
За разпика од последните псевдомакедонски трибуни и гласови, нашето списание „Македонска мисла" ќe биде во редот на вистинските национални македонски изданија во емиграцијата, и со својата содржина и цел, тоа ќе се разликува од нив, no тоа што ќе биде културно-просветно списание. Како што е истакнато во Статутот па нашето здружение „Јане Сандански" чиј орган е списанието и здружението, и списанието имаат културно-просветен, а не политички карактер. Co својата културно-просветна дејност „Македонска мисла" ќе го одржува н разгорува македонскиот национален дух на емиграцијата, ќе ia запознава македонската и балканската емиграција со културпото богатство на македонската нација и историското минато на нашиот страдален, поробен и поделен народ.“ Вториот број е отпечатен на исг формат, па 2 август 1964 година и на 30 страници. Bo нero, како и во другите броеви, се поместени поголем број поетски остварувања на емигранти, меѓу кои на Драган Богдановски, Карпош и други, како и бројни текстови од културата, јазикот и литературата на македонскиот народ. Кон крајот од 1964 гадина, на 22 страиици, и формат 21 х 29,5 см. излезе петтиот број. Во воведот под наслов „Во новата година со нови задачи и нов полет за работа", се истакнува дека во изминатиот шестмесечен период од создавањето на културното здружение „Јане Сандански" во Белгија, сепак може да се даде преглед на неговата дејност, за постигнатите успеси, но н за пројавените недоследности. Редакцијата нагласува дека здружението создаде услови за богат духовен живот и манифестација на македонскиот национален идеал, собирајќи ги околу себе сите оние национални сили свесни за својата македонска национална припадност и готови да поднесат големи жртви за да можат да го закрепнат и развијат своето здружение во силна национална организација. Потоа, посебно се задржува на весникот објаснувајќи: „Поради недостиг на материјални средства „Македрнска мисла" не може да излегува секој месец. Досега списанието се печатеше во Швајцарија и се испраќаше по пошта во Белгија, каде се редактираше. Cera здружението набави електричен циклостил и ќе се печати во Брисел. Списанието „Македонска мисла" е примено со одушевување од читателите, за што зборуваат бројните писма од наши сонародници од европски земји, Америка, Канада и Австралија. Неговата појава беше одбележана и во печатот на бугарската и на српската шовинистичка емиграција, кои во нејзиното лице видоа огнен заштитник па македонската и непријател на балканските шовинистички плановн и соништа спрема Македонија", се вели во списанието „Македонскамисла“ Продолжува
|