Среда, 28 Јуни 2017   
Дел од историскиот развој на Чешка и Словачка (3)

cehoslovacka

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ЧЕШКА И СЛОВАЧКА

Патувањето во Прага во Чешка беше дел од нашите посети на педесетина различни земји во светот. Но, тоа беше едно од возбудливото патување, исполнето со многу искушенија, сознанија и предизвици да ја запознаеме овој чудесен град еден од значајните центри во Европската унија Притоа имавме можност да посетиме бројни споменици кои имаат значење и кои оставаат траги во сеќавањата на посетителот и патеписецот

Таков беше и нашиот случај и со недозавршени податоци во бележникот се упативме од кантонот Тичино и го продолживме патувањето кон Прага во Чешката Република  или скратено Чешка или Чехија, во  земјата  без излез на море, иста како Република Македонија. Таа е земјата која се наоѓа во Централна Европа, а се граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на југ и Словачка на исток. 

Чешка се состои од три историски области: Чешка наречена и „Бохемија“,  „Моравија“  и „Шлезија“, тројство кое е присутно и на државниот грб. Таа е членка  на НАТО, а од  2004 година и на Европската унија.

Територијата на денешна Чешка била населувана уште од најстарите времиња. Според археолошките истражувања, на овие простори постоел живот уште пред н.е. Чешка била населена со Келти, а од I век ја населиле и германските племиња. Во текот на V и VI век, на територијата на денешна Чешка се населиле словенските племиња.

cehoslovacka2
Симболите на Чешка и Словачка

Важни периоди од историјата на Чешка се националното ослободително движење и антикатоличкото движење во првата половина на XV век. Во 1526 година, Чешка била вклучена во составот на Хабсбуршката Империја, како автономна област,  потоа во составот на Австро-Унгарија, а по распаѓањето на Австро-Унгарија  во 1918 година се соединила со Словачка  образувајќија  државата  Чехословачка.

Таа била една од најразвиените земји во Европа поради фактот што во времето на Австро-Унгарија на нејзината теритирија се наоѓале најразвиените индустриски области, а со тоа имала и добра економија. Oд нејзиното создавање па сè до Втората светска војна, Чехословачка била демократска земја. Како еден од најголемите проблеми во земјата бил етничкиот проблем.

Тоа се должело на фактот бидејќи втора и трета по големина етничка група биле Германците и Словаците кои не биле задоволни од политичкото господство на Чесите. Освен тоа, повеќе од етничките Германци и Унгарци во Чехословачка никогаш не ја признавале новата држава.

Потоа Чехословачка паднала во рацете на нацистичка Германија. По завршувањето на Втората светска војна, Чехословачка повторно била формирана, сите Германци биле прогонети од државата, а Заткарпатската област била окупирана и подоцна била присоединета кон СССР, под која паднала под силно влијание.

cehoslovacka3

Во 1989 година во Чехословачка повторно била воспоставена демократијата. Со паѓањето на комунизмот, во државата повторно се појавил предлог за промена на името на државата во Чехословачка Република. Во април 1990 година овој предлог бил отфрлен од страна на словачките политичари, бидејќи, според нив, тоа име недоволно ја изразувало застапеноста на Словаците во федерацијата.

Подоцна се постигнал компромис државата да се вика Чешка и Словачка федеративна република. Но, во 1992 година, парламентот на федерацијата решил таа да биде разделена на два дела и од 1 јануари 1993 година се поделила на денешна Чешка и Словачка.

Инаку, бројот на населението во Чешка е околу десет и половина милиони, меѓутоа за одбележување е тоа што Чесите немаат постигнато консензус за официјалниот назив на нивната држава. Предлогот за скратување на нејзиното име во Чешка, или Чехија од страна на министерството за надворешни работи во 1993 не е прифатено од пошироката јавност, и останува нејзиното официјално име — Чешка Република.

cehoslovacka4
Братислава

Словачка, пак, има население од околу пет милиони луѓе, но и таа  нема излезе на море и се граничи со Чешката Република и Австрија на запад, Полска на север, Украина на исток и Унгарија на југ. Најголем град во државата е нејзината престолнина, Братислава. Втор по големина град е Кошице. Словачка е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација и други.

Во историските документи се вели дека Словените пристигнале и се населиле на територијата на денешна Словачка во 5 и 6 век за време на големата преселба на народите. За време на историјата, различни делови од денешна Словачка припаѓале на Кралството на Само (првата позната политичка единица на словените), Кнежеството Нитра, како независно, како дел од Голема Моравија и како дел од Кралството Унгарија,  Австро-Унгарија или Хабсбуршкото Царство и Чехословачка.

Самостојна Словачка држава кратко постоела и за време на Втората светска војна, во периодот од 1939-1944, со што подоцна Словачка станала независна од нацистичка Германија. Од 1945 година, Словачка повторно станала дел од Чехословачка. Денешната Словачка станала независна на 1 јануари 1993 со мирен распад на Чехословачка.

Денeска Словачка е високо развиена земја со силна економија, со една од најрастечките во ЕУ и ОЕСР. Земјата и се приклучи на Европската Унија во 2004 година и на Еврозоната на 1 јануари 2009 година. Словачка заедно со Словенија се единствените поранешни комунистички земји, кои денеска се дел од Европската Унија, Еврозоната, Шенген зоната и НАТО.

Продолжува

slave-katin-svajcarija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.