Среда, 28 Јуни 2017   
Македонските информативни гласила „Снегулка“ и „Македонија“ во Шведска (9)

makedonija-partile

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Списанијата „Македонски весник" и „Снегулка" ги издаваа Македонци, ентузијасти, вљубеници во македонскиот јaзик, култуpa, литература историја... Главен и одговорен уредник од јануари 1980 година беше познатиот и доблесен иселеник Tрајан Масев кој живееше во Гетеборг, a no потекло од Свети Николско. Toј бешe познат општественик и вљубеник во пишаниот збор кој во слободното време се занимаваше со новинарска дејност.

Долг период заменик на главниот и одговорен уредник беа: Борче Андовски и Тале Трпоски. Редакписки секретар беше Виолет Димовска, а благајник беше Петар Атанасовси. Дописници и соработници има од повеќе места во Шведска и други европски земи, меѓу кои биле: Паце Арсова, Лидија Котевска. Десанка Величкова. Сотир Масалковски, Живко Матевски, Слободан Пановски, Снежана Дојчиновска, Мито Силтановски, Медат Хамиловски, Владимир Петровски, Слободанка Трајчевска и многу други.

Бројот на соработниците и дописниците беше навистина голем. Тие беа најповеќе од Шведска, а имаше и оддруги европски земи, од Австралија и Република Македонија, меѓу кои и авторот на овие редови. Нивните текстови врзани за активностите на македонските и други друштва и клубови, јa збогатуваа содржината на списанието, а во исто време придонесуваа и за афирмација на македонската вистина пред македонската и пред шведската јавност.

Bo ова, а и во другите списанија во Шведска се среќаваа толем број поетски и прозни творби, особено на младите Македончиња кои со силен жар пишуваа за желбите, носталгијата за родниот крај, патриотските чувства кон Македонија... Овие литературни обиди се од непроценливо значење и придонес во културно-просветните процеси во средината каде што живеат Македонците и можност за афирмирање на македонското културно наследство.

Преку нив не само што се афирмира културното богатство на македонскиот народ во новата средина, туку посредно и непосредно се развива и збогатува мозаикот на шведската култура како вистински мост за зближување меѓу Македонија  и  Шведска.

„СНЕГУЛКА" (1979—) — ГЕТЕБОРГ

snegulka

Првиот број на ова детско списание се појави 1979 гадина како дотаток на „Македонски весник". Тоа се печатеше во состав на списанието, на ист фармат (21x29 см.) од 8 до 16 страници, чиј главен и одгаворен уредник е Трајан Масев. Се печатеше на македонски јазик, а имаше и детски творби на турски јазик, особено на македонските Турци од печалбарска Преспа. Клишето на главата на списанието е на македонски со кирилица а десно од неа и на шведски. Во воведот на првиот број, весникот се обраќа со зборовите:

Драги деца! Еве ме по прв пат меѓу вас. Како што гледате го добив името Снегулка". Знам дека ќе прашате кој ми го даде тоа убаво име? Името, обично на своите деца го даваат родителите. Така и iac го добив моето име од своите родители кои се викаат: Редакција на „Македонски весник" во Шведска. Знаете, јас немам прави родители, татко и мајка како што вие имате. Јас сум се родила во една бајка која се вика „Снегулка и седумте џуџиња". Вие сигурно знаете за таа бајка, а ако не знаете, тогаш јас ќе ви ја раскажам во еден од наредните броеви. Ќе ви кажам за се што најповеќе ве интересира, а тоа се: прикаски, бајки, песнички, мали крстозбори и друго".

Првиот број отпечатен на осум страници обилува со текстови претежно позајмени од детски списанија што се печатат во Републиката, а има и изворни материјали за активностите на македонските дечиња во Шведска. Вториот број е со иста форма и содржина и е исполнет со бројнми фотографии од животот на младите генерации. Наредните години списапието „Снегулка" излегуваше во секој број од „Македонски весник, така што за време од дванасет години се отпечатени околу 45 броја, кои     претставуваат вистински детски информатор и афирматор на детските желби, мечти во постигнувањата, како и значаен прилог на македонската детска книжнина.

Списанието „Македонија“, пак, се печатеше во Партиле - Шведска. Првиот број излезе во април 1983 година како орган на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и тоа на македонски јазик кирилица, на 24 страници и на формат 21x30 см. Поголем број од текстовите се изворни, а само неколку се позајмени од други гласила. Списапието го уредуваа членови на ДООМ.

Според воведната статија поместена на последната страница од првиот број, издавањето на ова списание, всушност, претставува надоврзување на порано излезените списанија. Идејата и политичката платформа се речиси идентична со онаа на „Македонска нација", „Илинден" и порано излезените броеви на „Македонија".

makedonija-partile

Во списанието се истакнува дека се прифаќа соработка со било која или било каква организација, политичка групација, печат, радио и слично, особено ако тоа не пречи на интересите на македонскиот народ и на ДООМ и е во прилог на правдата, вистината, хуманоста, разбираињето и заштитата на макадонските интереси и вооошто на човештвото.

Тоа значи подавање братска рака на сите македонски списанија и весници што излегуваат во светот, а исто така и на сите демократски списанија и весници и од други нациопалности. Инаку, беше предивдено од „Македонија" да се печатат десет броја годишно.

partile
Партиле

Содржински, првиот број изобилува со текстови од национален карактер и изразито патриотски дух, како на пример текстовите: „Заборавените Македонци", за иселувањето на Македокците од СРМ, за изградбата на новиот црковен храм во Гетеборг, за Македонија и други.

Вториот број на списанието од август 1983 годнна беше отпечатен на 20 страници на ист формат, но на послабо техничко и содржинско ниво. На корицата е поместена фотографија на Гоце Делчев, а на последната етничка карта на Македанија. Во овој број на списанието се среќаваат текстови, како: „Да живее Илинден", „Крушевскиот манифест", „Отворено писмо", „Македонски  меморандум"   и  др.

Бројот 3 е веројатно последен на списанието „Македонија". Тој е отпечатен во декември 1983 година на 24 страници, употребувајќи македонски јазик со кирилица. Во него се поместени текстови кои се однесуваат на Ченто и на Президиумот на АСНОМ, како и едно компромитирачко писмо упатено до проф.  Бен Благој Миленковски.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.