Среда, 05 Јули 2017   
Прага – градот на убавините и на Македонците од Беломорието (4)

praga4-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ЧЕШКА И СЛОВАЧКА

Прага е главен и најголем град на Чешката Република и четиринаесетти по големина во Европската унија. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката  В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа. Градот воедно е и главен град на средночешкиот крај. Toj е културен и економски центар на Чешка повеќе од 1000 години.

Во Прага се наоѓаат голем дел од државните институции и голем број други организации и компании. Во Прага се наоѓаат седиштата на претседателот, Владата, централната власт и органите на Врховниот суд. Исто така, во неа се наоѓа седиштето на повеќето политички партии, седиштето на речиси сите цркви, верски и други здруженија на национално ниво во Чешка.

За да го достигне сегашниот стадиум, Прага се развивала 11 векови. Како историски град, некогаш бил место на чешки кралеви и цареви, на германски и римски императори. Исто така, Прага била главен град и на Чехословачка. Во Прага живеат околу два милиона жители со исклучително висок стандард на живеење, карактеристика што ја издвојува Чешка од некои европски држави, како шестиот најбогат регион во Европа.

При нашата посета се уверивме дека Прага е еден од најубавите градови во Европа. Меѓу другото во него е сместен  Прашкиот замок, најголемиот комплекс на замоци во светот, кој е заштитен со програмата на УНЕСКО.

„Гле­дам дворец и слава која допира до ѕвездите. Местото лежи скриено во длабока шума, од север заш­титено со долината Бруснице, а од југ со широк кар­пест рид. Реката В'лтава ќе ве однесе дотаму. Одете таму и сред шума ќе видите човек кој кова праг за куќа. Изградете дворец таму и наречете го според кованиот праг“,... така вели легендата.

Од пророчките зборови на принцезата Либуше, која со принцот Премислав вла­дее­ле многу одамна со Чесите, од древниот дворец на Вишехрад, се родила Прага, град кој во својата историја имал моменти кога ја носел светлината на но­вите идеи на Европа, уште кога Париз не ни со­ну­вал дека ќе се нарекува град на светлината.

Легенди, преданија, сон или јаве. Времето испишувало страници.  Kако четири комори на срцето на Прага се Храд­чани (храд значи дворец), кралскиот град каде сега работи претседателот на републиката, Мала Страна, Старо Место и Ново Место. Од IX до XVIII век, кога се обединиле, овие делови функ­ционирале независно. Денес сите тие се во мо­дерната поделба на Прага Прва. Инаку, Праг­а е поделена на 13 дела, а главната поделба ја пра­ви В'лтава, која со векови рамнодушно го следи растежот на градот на нејзиниот десен и лев брег.

Најпопуларната приказна за Прага се чини е онаа за Карел Четврти, кој владеел со Чешка во XIV век и кој ја создал Прага, во тоа време, една од трите најрелевантни европски престолнини. Карел Четврти  не бил дури ни чистокрвен Чех!

По за­ми­рањето на автентичната чешка династија Пре­мис­ловци во 1306 година, во борбата на европското бла­го­родништво, Јан Луксембуржанин успеал да ја добие круната на Чешка. Неговиот син Карел, по мај­ка Чех, школуван во Франција, извонреден интелектуалец и дипломат, на сво­јата престолнина и’ го дал првиот сред­но­европ­ски универзитет, во 1349 година, магичниот дворец Карлштајн и својата земја ја довел до процут.

Карел не бил суров владетел, што не би се рекло за неговиот син Вацлав Четврти, за кој е пoврзана легендата посветена на еден светец, на­речен Јан Непомуцки. Јан Непомуцки бил свеш­те­ник, кому кралицата, сопругата на Вацлав Четврти, му се исповедувала. Вацлав Четврти бил љубопитен за тајните на својата сопруга, а Јан (кој тогаш сè уште бил) Помуцки, верен на заклетвата за светоста на исповедта.

praga4-2
Реката В’лтава

Таа верност ја платил со отсекување на јазикот, а потоа од Карловиот мост бил фрлен во реката В'лтава. Легендата вели дека кога Јан Непомуцки ја допрел водата на реката на небото се појавиле пет ѕвезди. Така, денес на Карловиот мост, де­ко­ри­ран со споменици на значајни историски личности. Ме­­ѓу нив е и споеникот на солунските браќата Кирил и Методиј.

Јан Не­­помуцки се препознава по ореолот со пет ѕвезди. Туристите најмногу сакаат да се фотографираат ток­му на споменикот на несреќниот Јан Непомуцки. На по­златениот дел од бакрорезот, каде е при­ка­жа­­на сце­ната на фрлањето во реката В'лтава, посетителите ја ста­ваат ра­ката и замислуваат желба. Им останува да ве­ру­ваат дека ќе им се исполни!

При нашата посета на Прага, покрај спомениците и историскиот развој на Прага и Чешка, се интересиравме за македонското прашање во оваа земја. Така, дознавме дека Македонците од Егејска Македонија во поранешна Чехословачка започнаа масовно да доаѓаат по Граѓанската војна во Грција.

Во тој период бројот на политичките емигранти во Чехословачка бил  околу 12.000 од кои над 2.000 Македонци, претежно од Леринско-костурскиот регион. Македонците живееле, главно, во градовите: Јесеник, Прага, Острава и заедно со грчките политички емигранти дејствувале во сите организирани форми конституирани од Комунистичката партија на Грција (КПГ).

Покрај политичкото собирање, Македонците во поранешна Чехословачка се организирале и се групирале преку информативно гласило. Имено, информирањето на Македонците и Грците се вршело преку заеднички весник со име „Агонистис“ („Борец“).

praga4-3
Јан Непому Непомуцки

praga4-4
Гоце Делчев

Ова гласило започнало да излегува во почетокот на 1950 година на четири страници, од кои една, а понекогаш и две биле на македонски јазик. Во 1953 година Управата на политичките емигранти во Чехословачка се преселила од Јесеник во Прага, а со тоа и Редакцијата на весникот, а во 1966 година се преселила од Прага во Острава.

Следејќи ја содржината на македонските страници може да се констатира дека тие во основа ја изразувале позитивната политика на КПГ спрема македонското национално прашање и општо нејзината политика спрема Грција и светот. Според тоа, страниците нуделе скапоцени материјали од историјата, литературните остварувања, фолклорот и воопшто од целокупниот живот на македонските политички емигранти во Чехословачка.

Поголемиот број Македонци од Егејска Македонија, меѓу кои биле бројни прогонети деца-бегалци, при крајот на шеесетите години се преселија, претежно во Република Македонија, а многу мал број заминале во прекуморските и други земји. Меѓу нив, а и меѓу Македонците кои денес живеат во Чешка и Словачка, има бројни интелектуалци и деловни луѓе. Со своите постигнувања на бројни научни и бизнис полиња и во културата, Македонците таму оставаат значајни траги во севкупното живеење во нивните средини.

Исто така, и во седумдесетите години се забележувал бран на Македонци кои времено живееле во тогашна Чехословачка. Тие претежно биле градежни работници и стручњаци од неколку македонски градежни фирми, особено од „Трудбеник“ од Охрид. И денес има помал број Македонци, пред сè, од Егејска Македонија, како и од Република Македонија, кои претежно се занимаваат со трговија, и со други бизниси. Веројатно, поради малиот број Македонци во Чешка и Словачка тие немаат свои позначајни македонски организации.

Продолжува

slave-katin-svajcarija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.