Среда, 12 Јули 2017   
„Македонски глас“ прво гласило на МПЦ „Света Тројца“ од Минхен (11)

MPC-OA

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Македонската православна црква – Охридкса архиепископија (МПЦ-ОА) игра значајна улога во опфаќањето и сплотеноста на Македонците во Европската унија. По обновувањето на самостојноста на Охридската архиепископија во 1958 година и на автокефалноста во 1967 година, МПЦ направи силен пробив меѓу бројното македонско иселеништво од сите делови на Македонија во прекуокеанските земји САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во денешната Европска унија и во други земји.

МПЦ-ОА во Европската унија е организирана преку Македонска православна епархија која беше формирана во 1984 година. Покрај задоволувањето на црковно-религиозните чувства и потреби, основните начела на МПЦ-ОА во своето дејствување во дијаспората беа и се, меѓу другото, јакнење на единството сред македонскиот народ, слогата, евангелската љубов, чувството за слобода, разбирање и заедништвото со сите луѓе во средините во кои се определиле да живеат.

Тоа придонесува Македонците да бидат добри, чесни, примерни и трудољубиви граѓани во своите нови татковини. Трудејќи се да обезбедат достоен живот за себе и за своите фамилии, тие секогаш се подготвени искрено да придонесуваат за поголем просперитет на новата татковина.

Таков е случајот со Македонската православна црква „Света Тројца“ во Минхен, која, покрај црковниот живот, цленовите се потрудија да го издаваат информативното гласило „Македонски глас“

„МАКЕДОНСКИ ГЛАС" (1992) — МИНХЕН

makedonski-glas

Весникот се појави на 14 јуни 1992 година како гласило на Македонската заедница за Јужна Германија. Тој е отпечатен на македонски јазик, со кирилица, на 8 страници, на формат 28,5 х38,5 см. Издавач е Македонската православна црковна општина „Света Тројца" од Минхен.

Hero ro уредува Редакциски одбор, чиј главен и одговорен уредник е Атанас Џевелков, а членови се: Мимоза Лукарев, Трајче Недановски, Никола Павлов и Ристо Киклевски, додека технички уредник е Војислав Станчевски. Весникот е печатен во НИП „Нова Македонија" во Скопје, во тираж од 500 примероци, чија редакција се наоѓа во претставништвото наСтопанската банка во Минхен.

Во воведот на првиот број под наслов „Се случи-весник", покрај другото, се вели: „Пред вас е првиот број на „Македонски глас" - весник на Македонската заедница во Јужна Германија. Потребата од еден ваков весник се чувствуваше од поодамна, од разни причини се одлагаше за некои другивремиња.

Меѓутоа, информативниот вакум кој трае подолго време сега најсериозно го сврте вниманието кон издавањето на еден сопствен весник, во што се доби помош и соработка со Редакдијата на „Нова Македонија". Весникот ќе излегува еднаш месечно, а на страниците ќе објавува неколку рубрики: средби и разговори, актуелни теми, наши гости, нашите во Јужна Германија, а на крајот ќе следува мак-телефакс кој ќе објавува кратки текстови од родниот крај... МПЦ „Света Тројца" од Минхеп е покровител и финансиер на ова информативно гласило, а ќе биде дистрибуирано насекаде во светот".

Овој број е убаво технички уредвен и богат со разновидна содржина од животот на Македонците во Германија и на други места, а се поместени и текстови за општествениот и културниот живот во Република Македоннја.

minhen
М
инхен

Покрај македонските информативни гласила кои излегуваа во период од три и половина деценија (1957-1992) македонски страници се печатат и во гласила на други нации. Веројатно тоа беше како резултат на политиката за југословенското заедништво меѓу иселениците и привремено вработените во странство, Затоа, во тие децении таа појава беше најизразена во западноевропските земји, каде и беа формирани бројни македонски друштва и асоцијации со пројугославенски карактеристики.

Сличпо беше и со информативните гласила, кои се печатеа на српско-хрватски или хрватско-српски јазик, а во кои имаше додаток, односно сграници на македонски и на словенечки јазик. Така, во 1972 година во Трелеборг, Шведска, започна да се печати весникот „Југословенски глас", во кој една страница се течатеше на македонски јазик.

Исто така, во весникот „Југословенски лист" што започна да излегува во Стокхолм од март 1976 година од кој до 1992 година се оппечатени околу 300 броеви, се печатеше македонска страница. Обично овие гласила беа орган на Југословенскиот сојуз во кој до 1992 година беа вклучени и македонските организации и друштва.

Македонските страници во овие гласила се исполнети со куси вести и други информации од Република Македонија и пошироко, со материјали за најмладите, спортски вести, поетски остварувања и друг вид информации од социјалниот, културниот и општествениот живот на привремено вработените во западно европските земји.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.