Среда, 19 Јули 2017   
Радио емисии на македонски јазик во Европа и Европската унија (12)

evropa-mapa

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Воведувањето радио програма на македонски јазик во Европа започна во мај 1944 година, кога првпат на Радиостаницата „Слободна Југославија" од Мосkва се слушна македонскиот збор. Емисиите на оваа Радиостаница се емитуваа два до три пати дневно по петнаесет минути. Уредник и водител беше македонскиот истакнат артист Илија Џувалековски.

Овие емисии се емитуваа само во период од една година. Потоа, слични емисии на македонски јазик започнаа да се емитуваат преку Радио Москва, кои долг период ги уредуваше и водаше Рина Попспирова, политички емигрант од Егејска Македонија, a пo потекло од село Желево, Леринско. Подоцна нејзината улога ја презеде Димче Толовски, кавадарчанец кој долпи години живееше и работеше во Москва. Овие емисии се емитуваа до пролетта 1991 година.

На 18 јуни 1952 година, пак, во рамките на Радиостаницата „Глас на вистината" која се емитуваше во Букурешт на грчки јазик, започнаа со пренос и емисии на македонски јазик.

Овие емисии се емитуваа и опстојуваа три години, односно до 31 декември 1955 година. И покрај тоа што тие во основа водеа антијугословенска политика и пропаганда, што беше карактеристика и на другите информативни средства во тој период, сепак имаа и позитивни страни, бидејќи беа на македонски јазик и се пренесуваа на голема бранова должина.

Имено, Македонците од Егејска Македонија, како политички емигранти во источноевропските земји и далеку од својата татковина, Боломорска Македонија, првпат, преку едно од тогашните најсовремени информативни средства, можеа да го слушнат својот мајчин македонски јазик, да слушнат песни, ора, детски и други емисии, потоа информации од животот и работата на македонската емиграција, новости и политички содржини и друго на свој јазик. Овие радио емисии на македонски ги водеа и уредуваа д-р Горѓи Неделков, Ставре Кочов иСтерјо Дачов.

internet-radio

Во 1969 година на Радио-часот „Дојче Веле" (Глас на Гермалија) во рамките на Југословенската редакција, започнаа да се емитуваат и радио емисии на македонски јазик. На почетокот тоа беше десетминутна радио панорама што се емитуваше еднаш неделно. Набргу емисијата на македански јазик прерасна во редовна секојдневна програма од петнаесет минути, а потоа е секојдневна емисија со информативло-политичка содржина од половина час (од 15,00 до 15 и 30 часот) на кратки бранови должини.

Долтогодишен уредник и водител беше господинот Берт Вајтман, славист по вокација и еден од истакнатите познавачи на културата, литературата и јазикот на Македонците. Спектарот на овие радио емисии беше мошне широк, почнувајќи од животот на странските работници, културната и спортската размена, па се’ до емисии од политичкиот живот. На програмата место имаа и бројни бесплатни поздрави и желби.

Покрај емисиите на „Дојче Веле", во Германија, програми на македонски јазик се емитуваа и на „Вест Дојчер Рунтфунк" (Западно-германско Радио) од Келн наменето, пред се’, за илјадници Македонци на работа во Германија. Овие времени програми започнаа со емитување во седумдесеттите години, а од 1992 година беше воведена редовна програма на македонски јазик двапати неделно (во вторник и четврток по пет минути), a co настојување да се прошири.

Уредник и водител беше Драшко Антов, познат новинар и публицист во Германија, а по потекло од Скопје. Повремено во рамките на емисиите „од Гибралтар до Босфор" се емитуваа музички и говорни емисии на македонски јазик во траење од еден час. Исто така, на Радио Западен Берлин, неколку локални радиостаници, како што се Радио Бон, Радио Дизелдорф и други повремено емитуваат програми на македонски јазик.

Во рамките на Шведското радио, во Стокхолм од 1 септември 1980 година започнаа да се емитуваат програми на македонски јазик наменети за граѓаните на привремен престој и работа во таа демократска скандинавска земја. Bo почетокот радио-програмите се емитуваа двапати во неделата по петнаесет минути, а од 1991 година еднаш неделно во сабота, во траење од петнаесет минути, а секоја друга сабота, во траење од триесет нинути, Уредник и водител на програмата беше Лилјана Илиева, Македонка од Скопје, а соработуваше и Борис Петровски, кој во тоа време работеше и живееше во Упсала.

На програмата беа застапени прилози за значајни културни настани во Македонија, за настани и личности од македонската историја, за природните убавини и туристичките можности на Република Македонија, како и вести од спортот, од музичките дострели во Македонија, прилози, репортажи и новини од стариот крај.

Исто така и во Гетеборг се емитуваа емисии на македонски јазнк. Уредник и водител беше Ивица Челиковиќ, познат новинар од Скопје. Вакви и слични емисии повремено се емитуваа и на радио програмите на Радио Малме.

Во Франција, пак, во Париз, во рамките на Радиостаницата „Студио JУ", секоја недела се емитуваше програма на македонски јазик, Таа започна со емитување во периодот 1984-1985 година и беше наменета за вработените од македонско потекло кои живеа во Париз и околните места. Радиоо емисиите траеа половина час, a водител   и уредник на тие емисии беше Гоце Стефановски.

makedonska-nacija

И во Белгија на Радио Лиеж, благодарение на напорите што ги вложуваше господинот Стипе Каревиќ, осведочен пријател на Македонија и на македонскиот народ, повеќе од две децении беше присутна македопската песна и оро, мелосот и македонскиот јазик.

На крајот од овој текст ќе нагласиме дека  сите наведени податоци во изминатите дванаесет продолженија  под наслов „Низ страниците на македонскиот печат – Европа“ објавени во порталот „Македонска нација“ се претставени во делот насловен како „Развојот на македонскиот иселенички печат во Европа“ во книгата на Славе Николовски-Катин „Македонскиот иселенички печат“ (Студентски збор, Скопје, 1993, 1–254. 

Крај

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.