Среда, 26 Јули 2017   
Прогонетите Македонци од Егејот во источно-европските земји (1)

makedoncite-od-egejot-1

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

По поразот на Демократската армија на Грција (ДАГ) во август 1949 година еден дел од нејзините сили се префрли во Југославија, а друг дел во Албанија, од каде што се изврши распоред за префрлување во поранешните источно-европските земји и тогашниот Советски Сојуз. Пред тоа, пролетта 1948 година беа евакуирани и околу 28.000 голоноги дечиња од селата на слободната територија во егејскиот дел на Македонија.

Во отсуство на прецизна евиденција, се претпоставува дека вкупниот број на емиграцијата прифатена во источно-европските земји и во Советскиот Сојуз изнесувала околу 55.000 од кои над 20.000 беа Македонци. Македонската емиграција, заедно со грчката живееше и дејствуваше во рамките на сите организирани форми што ги реализираше Комунистичката партија на Грција. 

Денес во поранешните источно-европските земји: Романија, Унгарија, Чешка, Словачка, Полска, Русија и други земји живеат неколку илјади Македонци претежно од егејскиот дел на Македонија. Исто така, има и бројни доселеници од мешани бракови на Македонци од сите делови на Македонија.

Бидејќи досега, за жал, никој не водел некоја попрецизна статистика, се претпоставува дека само во Унгарија живеат од 5 до 7 илјади Македонци од Егејска Македонија. Македонската колонија во оваа земја е сконцентрирана, главно, во Будимпешта, Мишколц, селото Белојанис и некои други помали места.

Меѓутоа, поред некои нецелосни подтоци бројот на политичките бегалци од Грција во Унгарија се движел од 8 до 10 илјади, од кои околу 80% биле Македонци, меѓу кои и илјада деца сместени по детските домови ширум Унгарија. Нив ги имало во Будимпешта, селото Белојанис, потоа во градовите Озд, Мишколц, Балатон, Алмади Балатон Кенеше, Балатон Леле, Искар Сенѓур, Дик, Чурго и други места. Децата беа на возраст од 3 до 13 години, кои во домовите покрај македонскиот јазик учеа и други предмети на мајчин македонски јазик.

Македонците во Унгарија полни 40 години немаа свое здружение или некоја слична асоцијација. Не поради тоа што не сакаа, туку поради приликите што владееја во Унгарија до 1990 година, поради негрижата на македонските власти, но најмногу поради агресивната и негаторска политика на грчкото лоби во оваа земја.

Имено, Грците во Унгарија се далеку од помногубројни од Македонците и редовно материјално помагани од матичната земја. Тие долго време воделе и водат многу агресивна политика, чија основна цел е да ги претопат и да докажат дека во Унгарија (како и во Грција) нема Македонци.

За да ја остварат оваа цел тие не избираат средства и често се служат со нечесни игри и измами. Но, досегашната практика покажа дека и Македонците се цврст орев, дека не постои сила што ќе ги скрши. Господ ги научил тие да бидат и да  останат Македонци. Друга алтернатива за нив не постои.

makedoncite-od-egejot-2

Македонците од Егејска Македонија во поранешна Чехословачка, пак, започнале масовно да доаѓаат по Граѓанската војна во Грција. Така, во тој период бројот на политичките емигранти во тогашна Чехословачка бил околу 12.000 од кои над 2.000 Македонци, претежно од Леринско-костурскиот регион. Македонците живееја, главно, во градовите: Јесеник, Прага, Острава и заедно со грчките политички емигранти дејствуваа во сите организирани форми конституирани од Комунистичката партија на Грција (КПГ).

Покрај политичкото собирање, Македонците во поранешна Чехословачка се организираа и групираа преку информативно гласило. Имено, информирањето на Македонците и Грците се вршеше преку заеднички весник со име “Агонистис” (“Борец”). Ова гласило започна да излегува во почетокот на 1950 година на четири страници, од кои една, а понекогаш и две беа на македонски јазик. Во 1953 година Управата на политичките емигранти во Чехословачка се пресели од Јесеник во Прага, а со тоа и Редакцијата на весникот, а 1966 година од Прага во Острава.

Следејќи ја содржината на македонските страници може да се констатира дека тие во основа ја изразуваа позитивната политика на КПГ спрема македонското национално прашање и општо нејзината политика спрема Грција и светот. Според тоа, страниците нудат драгоцени материјали од историјата, литературните остварувања, фолклорот и воопшто од целокупниот живот на македонските политички емигранти во Чехословачка.

Поголемиот број Македонци од Егејска Македонија, меѓу кои беа бројни деца-бегалци - прогонети, при крајот на шеесетите години се преселија, претежно во Република Македонија, а многу мал број заминаа во прекуморските и други земји. Меѓу нив, а и меѓу Македонците кои денес живеат во Чешка и Словачка, има бројни интелектуалци. Со своите постигнувања на различни научни полиња и во културата, Македонците таму оставаат значајни траги во севкупното живеење во нивните средини.

Исто така и во седумдесетите години се забележува бран на Македонци кои времено живееја во тогашна Чехословачка. Тие претежно беа градежни работници и стручњаци од неколку македонски градежни фирми, особено од “Трудбеник” од Охрид. И денес има помал број Македонци, пред се’, од Егејска Македонија, како и од Република Македонија, кои претежно се занимаваат со трговија, и со други бизниси. Веројатно поради малиот број, Македонците во Чешка и Словачка немаа свои македонски организации.

Врските меѓу Полска и Република Македонија, пак, датираат од повоениот период и тие, главно, се базираат на културна, научна, економска и друга основа. Еден од првите лекторати за македонски јазик е отворен токму во пријателска Полска. Но, првата поголема група Македонци што дојде во Полска беше од Егејска Македонија. Имено, први меѓу емигрантите од Грција во Полска беа децата-бегалци-прогонети, а со нив по некоја жена или мома кои имаа улога на воспитувачки.

Тие во почетокот се населија во Солице Здруј, Лондек Здруј, во Згожелец, а од таму беа префрлени во Вроцлав, Легница, Свидница, Шчечин и други места. И на тие нови простори Македонците се бореа да го зачуваат и да го афирмираат својот јазик, култура, литература, традиции и да го зајакнат националниот дух.     

Меѓутоа, кон крајог па шеесеттите години, голем број Македонци, претежно високо образовани, се преселија од Полска во Република Македонија и во прекуокеанските земји, особено во Канада и Австралија. Како резултат на тоа 1974 година се укинаа страниците на македонски јазик во “Демократ”, а кратко време потоа згасна и весникот.

Најголем број Македонци во поранешниот Советски Сојуз, дошле во текот на Граѓанската војна во Грција и тие беа одведени и се населиле во кавкаските региони. Така, според неофицијални податоци бројот на политичките емигранти од Грција во Ташкент и околните места во 1949 година, се движел меѓу 19.000 и 20.000, од кои 7-8.000 биле Македонци од егејскиот дел на Македонија.

Тој број се зголемил во педесеттите години и достигнал бројка од околу триесетина илјади. Подоцна тој број рапидно се намалил поради големиот број повратници во Грција, Македонија и во други земји. Се смета дека денес на овие простори живеат околу 2.000 Грци и околу 300 до 500 Македонци, претежно стари лица или мешани бракови.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.