Среда, 13 Септември 2017   
Ватикан – центарот на Римокатоличката црква (3)

vatikan3

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ИТАЛИЈА

Посетата на Ватикан секогаш буди пријатни чувства, но овој пат и средбата со папата Јо­ван Павле II оставија неизбришливи траги во се­ќа­вањето за сè она што го видовме, почувствувавме и доживеавме. А, таму, во градот кој е и држава - Ватикан, има што да се види, да се научи, да се прошират видиците, сознанијата, да се збогати големото духовното жи­вее­ње…

Оваа самостојна папска држава со површина од 44 хектари е лоцирана во центарот на Рим, сместена на десниот брег на реката Тибар, оп­кру­же­на со ѕидови. Во минатото Ватикан постоел како со­бир на папските згради и цркви, а од 11 ноември 1929 година постои како самостојна држава. Ватикан има своја железничка станица, радиостаница, ПТТ служ­би, монетарен систем и друго, во кој има формално нео­граничена власт.

Ватикан како др­жа­ва има дипломатски односи со голем број земји во светот, меѓу кои и со Република Македонија. Тоа е особено изразено со Маке­дон­ската пра­вославна црква, која долги години одржува вер­ски посети во текот на праз­­нувањето на гробот на свети Кирил.

Ватикан го има папскиот дворец што е изграден во 1146 година, а во состав на дворецот по­доцна се изградени бројни згради во кои се смес­тени: познатата библиотека, архивата, музејот и други простории, во кои се чуваат ретки уметнички и културни вредности од египетската и античката кул­тура, до највредните дела од минатиот и овој век. Ме­ѓу нив има и бројни историски предмети од минатото и уметнички дела од сегашноста на Македонија. Под ватиканска управа има 13 цркви и други установи во Рим, кои заедно со Ватикан прет­ста­вуваат организациски центар на Римока­то­лич­ката црква.

Рим плени. Неописливо е чувството од онаа чудесна мешавина на старото и новото. Покрај духот на историјата, кој го носи како белег на своето постоење, Рим динамично и впечатливо живее како ев­роп­ска метропола и како главен град на Италија. Кога сон­цето ќе почне да заоѓа зад хоризонтот, ноќта свечено настапува на сцената осветлена со илјадници рефлектори, лам­пиони, разнобојни рекламни паноа и блескави из­лози.

Во луксузните продавници на Виа де Кондоти и Виа Венето ис­паруваат скапоцените парфеми. Кафулињата, ре­сто­раните и дискотеките се полнат со бројни туристи секогаш во чекор со модата на самите римјани. На крајот на пре­крас­ната Виа де Кондоти со својата убавина блеска и Шпанскиот плоштад со огромни скалила за кои ве­лат дека се вистинско место за „безделничење“. На овој плоштад се одржува една од најат­рак­тив­ни­­те модни ревии во светот.

vatikan3-2

Рим може да се доживее и на друг начин. Да се почувствува преку мирисот на морето и ка­ка­фо­­нијата на какви се не јазици на дојденците, или можеби преку хаотичниот сообраќај. Или, пак, едностав­­но, да уживате во темпераментот на Ита­ли­јан­ците. Рим се и илјадниците веспи и убавите девојки на нив. Рим се и тортелините, и пиците, и лазањите, и шпагетите, и виното, и…

Слики, икони по ѕидовите, мали капели, прекрасни скулптури на познати хрис­ти­јански црковни лица и други сакрални нишани кои кај намерникот и репортерот будат восхит. Црквата „Свети Пе­тар“ е огромна уметничка оаза, ед­на галерија, каде човек може да остане сам со себе и да му се предаде на уживањето што му го пре­диз­ви­куваат бесценетите експонати и сил­ниот гениј на уметникот.

Особено мамат формите на грандиозните фигури, кои колку подолго се гле­даат, човек мисли дека тоа е визија и пренесување во некој друг свет. Ги посетивме катакомбите во под­румот на црквата, како и неколкуте храмови од ле­ва­та и од десната страна. Во нив се наоѓаат голем број уметнички слики, орнаменти, скулптури, бисти и други вредности што го прават овој светски споменик и привлечен за сите посетители, без разлика на возраста и религиозното убедување.

Со посетата на храмот човек го збогатува духот и се чувствува поголем верник отколку пред влегувањето во храмот. Затоа, со право се вели дека посетата на црквата „Свети Петар“ претставува ново доживување, продлабочување, збогување и проширување на човековиот видик и спознанија.

Посетата на базиликата „Сан Клементе Римски“ и поклонението на свети Кирил Солунски беа неза­бо­рав­ни. Црквата се исполни кога делегациите од Ма­ке­донија, заедно со хорот „Русикум“, влегоа во прос­то­рот во кој се наоѓа гробот на свети Кирил. Сите по­сетители во црквата, пред гробот на свети Кирил застануваат молкум пред светите големи сесло­вен­ски прос­ветители, преведувачи, книжевници, ду­хов­ници...

Македонија му оддава катагодишна должна почит на свети Кирил Солунски. Во базиликата на црквата „Сан Клементе Римски“, каде што почиваат моштите на свети Кирил, тие мајски деновимакедонската др­жав­на и црковна делегација одржа чествување, со што истовремено и официјално започна тра­дицио­нал­­ната манифестација „Македонија во чест на свети Ки­­рил“. Црквата беше исполнета. Влеговме во просторот во кој се наоѓа гробот на свети Кирил.

Го­ле­мо беше задоволството што ни се укажа таа ретка можност да му изразиме благодарност на свети Ки­рил што јазикот на старите Македонци го издигна до сте­пен на книжевен, прифатен од целото сло­­вен­с­тво. А македонската држава и црква му од­да­ваат дол­ж­­на почит на великиот просветител свети Ки­рил Солунски секоја година, токму во базиликата на црквата „Сан Клементе Римски“, каде што почиваат неговите мошти.

Кај нашиот народ отсекогаш било длабоко и ис­крено почитувањето кон свети Кирил Солунски и неговиот брат свети Методиј. Нашите предци им се обраќале молитвено за за­кри­ла и духовно, речиси, секојдневно, а не само кога бил денот на нивниот празник. Ги спо­ме­ну­вале за да се потсетат какви светители стојат во нив­ното црковно и национално битие и богатство. Им се молеле за духовна поткрепа и светлина тогаш кога нивните не­пријатели биле жестоки и кога соп­стве­ните сили им биле при крајот, тогаш кога темнината би­ла ужас­на, а надежта на умирање. И тогаш кога ропството и гневот биле неподносливи светите бра­ќа и нивните ученици им болскотеле во мракот и ја пот­­крепувале нивната вера во посветла и поубава ид­нина.

По толку векови кога се обновени древните црковно-на­родни обичаи и традиции, кога е обновена Ох­рид­ската архиепископија во лицето на Маке­дон­ската пра­вославна црква, кога на најсвечен начин се про­сла­вуваат јубилеите на нашите црковни и народни великани, одлуката за поклонички пату­ва­ња во пе­риодот од четириесет и пет години, пред гро­бот на се­словенскиот апостол, е одлука на чувството на бла­годарност и пиетет кон свети Кирил, зошто тој ги посеал првите `ркулци на македонската и сло­вен­­ската писменост, кои станале движечка и жи­вот­­на сила за сите словенски народи. Светите браќа ги развиле своите духовни дарби и создале дело од непроценлива културно-уметничка вредност, што претставува голем придонес во духовната и кул­тур­ната ризница, не само за македонските и другите славјански народи, туку и за човештвото во целина.

vatikan3-3

Инаку, историската вистина за прославата „Македонија во чест на свети Ки­­рил“ започнала уште во 1970 година. Таа година со златни букви ќе остане забележана во историјата на Светикириловиот гроб во Рим, на Македонската православна црква, на македонскиот христијански народ и на Македонија. Имено, во таа година, по повод празникот на словенскиот апостол, по вторпат беше одржана поклоничка свеченост, на која присуствуваше поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј, кој ја откри спомен-плочата изработена во бакар на која на македонски јазик е испишан следниот текст: 

Инаку, првото чествување од смртта на свети Кирил Солунски се одржа на 14 февруари 1969 го­дина во Рим во базиликата „Свети Петар“, со концелебрација (сослужение) во слово на просветителското дело. Чинот се одржал во таа им­позантна катедрала посветена на првиот Христов апо­стол, кој, исто така, како и свети Кирил Солунски, до­шол од Исток во илјадалетниот град, или градот на ­вечноста - Рим, за да го проповеда христијанското уче­ње. Свети Кирил Солунски дошол да го брани тоа учење, да докаже дека може да се проповеда на јазикот на Словените (на Македонците), а не само на ла­тин­ски, еврејски и елински јазик, како што дотогаш се верувало. Дошол кај поглаварот на западните христијани пред единаесет векови и бил разбран, и оттогаш хри­стијанската вера се проповеда и на словенски - старомакедонски јазик

Се вративме од Рим во вечерните часови кога сонцето тонеше кон запад и кога на аеродромот „Петровец“ се спушташе ноќта. Авионот како орел го надлетуваше градот од кај Водно, за потоа да направи полукружно движење кон Велес и за неколку минути да се најде кон пистата од јужната страна. Потоа, авионот силно зачкрипи на пистата и за миг се најде спроти пристанишната зграда на аеродромот „Александар Велики“, од каде се приклучивме кон реката автомобили што се движеа кон Скопје.

Продолжува

slave44
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.