Среда, 04 Октомври 2017   
Почетоците на организирано дејствување на македонската дијаспора (2)

doom-logo

Следната позначајна меѓународна активност на ДООМ била во април 1974 година. Тогаш бил оддржан третиот Општ конгрес на ДООМ, на кој учествуваа делегати од Македонија, Европа и од прекуокеанските земји. На конгресот, меѓудругото била донесена одлука да ѝ се укаже на НР Бугарија, но и на другите социјалистички земји дека НР Бугарија „најгрубо ги гази ленинистичките принципи за правото на народите на национално самоопределување“ („Програмска декларација“, Македонска нација, г. IV, бр. 21, мај-јуни 1974, 9.).

Во согласност со оваа одлука, еден месец по оддржувањето на Општиот конгрес, ЦК на ДООМ испратил Апел до владите на НР Бугарија и на СССР, во кој се бара решавање на македонското прашање со обединување на Вардарскиот и Пиринскиот дел на Македонија.

Имено, „во првиот дел била опишана политиката на Бугарија како експанзионистичка, со тежнение за освојување на цела Македонија, но не била поштедена од напади ниту официјалната југословенска политика спрема Македонија. Раководството на ДООМ констатирало дека е присутен преголем антагонизам и борба за престиж на Балканот помеѓу бугарските и српските (југословенските) комунисти. Па така, ДООМ сметало дека било потребно македонското прашање „да им се наметне на српските (југословенските), како и бугарските лидери, дека тоа бара сопствено решение, обединување и осамостојување на Македонија...“ и на тој начин ривалството, чија цел е Македонија, би престанало.“

Вториот дел од апелот кој бил насловен “Создавање на Македонската Социјалистичка Република во границите на бугарската држава“, ДООМ се обидува да ги придобие симпатиите на бугарската власт. Оттука, „во апелот било потенцирано дека создавањето на Пиринската република би била “противтежа на Социјалистичка Република Македонија во Југославија...“. Подоцна било предвидено овие две македонски републики да се обединат со што српската хегемонија би претрпела пораз во Македонија... ДООМ смета дека со „создавањето на Социјалистичка Македонија од делови на Југославија и на Бугарија не би било на штета на бугарскиот ниту на српскиот народ, а би била „помирителка за вечни времиња меѓу двете ривалски страни – југословенската и бугарската и во исто време како обединителна алка во тешката борба во понатамошната етапа за обединување на Егејска Македонија....“.

Исто така, ЦК на ДООМ во апелот „се обраќа и до Советскиот Сојуз, од кого бара да изврши притисок врз Југословенската и Бугарската влада за да ја прифатат линијата на осамостојување и обединување на Македонија. На крајот на овој апел, повторно се повикуваат бугарските власти да формираат Пиринска Република Македонија, или да се отиде уште понатаму и да ја одделат како прва македонска суверена држава, зад чија вонблоковска политика би стоеле НР Бугарија, СССР и ООН.“

Анализирајќи апелот на ДООМ, „се забележува едно големо антијугословенско расположение, но и предлози за приближување односно „братимење“ меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Но тоа не морало да значи дека ЦК на ДООМ го променил курсот на својата дејност и дека добил пробугарски карактер, тоа било пред сè направено од тактички причини, за придобивање на симпатиите на НР Бугарија и на СССР за Движењето и македонската национална борба, во периодот на блоковската поделеност и политиката на СФРЈ за неврзаните.“

По не цела година, Организацијата повторно реагирала против денационализаторската политика на НР Бугарија спрема Македонците во Бугарија, особено во пиринскиот дел на Македонија. Тогаш ДООМ „ги повикала Македонците од дијаспората својот револт да го искажат преку масовни протести пред дипломатските претставништва на НР Бугарија. („Сите на демонстрации пред дипломатските претставништва на Бугарија“, Македонска нација, Год. V, бр. 26, март-април 1975 г., 1-2.)“

Причината поради која Македонците биле повикани да протестираат пред бугарските дипломатски преставништва била денациолизаторската политика и пописот на населението кој се одржал во 1975 година во Бугарија. Во врска со политиката на Бугарија кон Македонците, „претседателот на ДООМ Драган Богдановски испратил протестно писмо до претседателот на НР Бугарија, Тодор Живков, во кое го изразува револт поради перманентните притисоци и репресалии вршени врз Македонците сè со цел да се откажат од својата македонска националност на пописот.“ Исто така, во протесното писмо се бара од претседателот Тодор Живков да ја напушти големобугарската политика за „да му се овозможи на македонскиот народ во Пиринска Македонија да стави темел на самостојна македонска држава – Самостојна Социјалистичка Република Македонија, кон која во згодни историски прилики, ќе се присоединат и другите два дела од Македонија.“ („Протестно писмо до Тодор Живков“, Македонска нација, Год. VI, бр. 31, јануари-февруари 1976 г., 6-8.)

Интересно е што за пописниот фалсификат, ЦК на ДООМ преку писмото насловено како „Апел на Д.О.О.М. до Обединетите Нации“ го известил и генералниот секретар на Организацијата на Обединетите нации, Курт Валдхајм, за најновиот бугарски геноцид врз македонскиот народ“. Во апелот испратен до него „било потенцирано дека бугарската власт присилила околу 300.000 Македонци во бугарскиот дел од Македонија да се декларираат по националност Бугари...“. Поради ваквата политика, ЦК на ДООМ во својот апел „ги моли ОН да го осудат овој бугарски геноцид врз македонскиот народ“ и да ѝ наложат на НР Бугарија да ги признае националните права на Македонците во пиринскиот дел на Македонија согласно со Повелбата на Обединетите нации и Декларацијата за заштита на правата на човекот.“

Во контекст на претходното, во апелот до ООН, била направена една куса генеза на пописите во НР Бугарија.  „Во првиот попис од 1946 година било дозволено слободно изјаснување на Македонците, а од пописите во 1958 и 1965 година започнале притисоците кога и започнало драстично намалување на бројноста на Македонците во пиринскиот дел на Македонија во статистичките податоци. Понатаму биле опишани активностите на официјалните власти на НР Бугарија, преку притисоци, заплашувања и убедувања вршени врз Македонците во пиринскиот дел на Македонија за да се откажат од својата националност. На крајот од апелот повторно се повторува молбата до Обединетите нации да ја осуди денационализаторската политика на НР Бугарија.(„Апел на Д.О.О.М. до Обединетите Нации за најновиот бугарски геноцид врз македонскиот народ“, Истото, 17-18.)

Активностите на ДООМ на меѓународно поле не завршуваат тука. Истата година, Организацијата исратила и Меморандум до Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС) во Хелсинки и Експозе по македонското прашање.

(Продолжува)

(Извор: М. Ивановски „Меѓународни активности на Движење за ослободување и обединување на Македонија (1973 ‒ 1977)“; ГЛАСНИК год. 58 бр. 1-2 стр. 1-117986 Скопје 2014 стр. 143)

Македонска нација

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.