Среда, 18 Октомври 2017   
Почетоците на организирано дејствување на македонската дијаспора (4)

doom-logo

„Уште со првата меѓународна активност на ДООМ интересот на тајнитеслужби на Грција, Бугарија и Југославија за активностите на организацијатазапочнал да се зголемува. За дејноста на ДООМ особено била заинтересирана тајната служба на Југославија, која се обидувала преку инфилтрација на свои агенти и соработници да го саботира нејзиното дејствување. Во таа насока биле вршени заплашувања, притисоци и физички напади на некои членови на ДООМ.“

Една од последните активности на Драган Богдановски пред неговото киднапирање била испраќањето на „Меморандум до сите влади кои со свои претставници учествуваат на Европската конференција во Белград за безбедност и соработка во Европа“. Од вкупно 35 земји учеснички, 33 биле европски, а преостанатите биле САД и Канада. Меморандумот содржел 11 страници и бил потпишан во мај 1977 година од претседателот на ДООМ, Драган Богдановски и од другите членови на ЦК на ДООМ: потпретседателите Ристе Ристевски и Љубе Филковски; политички секретар ‒ Андон Манев; организационен секретар ‒ Р. В. Солунски (Михаил Шариновски); касиер – Киро Гоцев и членови на ЦК – Методи Марковски, Трпо Цалев, Миле Златевски, Властимир Станковски.  (Македонска нација, г. VII, бр. 40, јули-август-септември-октомври 1977 г., 24.)

Иако раководството на ДООМ ризикувало и знаело дека меморандумот нема да стигне до учесниците на Конференцијата поради фактот што се одржувала на југословенска територија, сепак, на Меморандумот му било пристапено многу сериозно. Текстот бил подготвуван од Богдановски неколку месеци порано, а пред да биде умножен им бил доставен на сите членови на ЦК на ДООМ во САД и во Австралија, од кои побарал да се произнесат за неговата содржина и воедно да дадат свои забелешки, предлози и сл.

Во почетокот од меморандумот, ДООМ, меѓудругото, се повикал на Повелбата на Обединетите нации и на Декларацијата за правата на човекот, при што на македонскиот народ требало да му биде признаено правото „на слободен национален живот и развиток, на национално самоопределување“. За да го објаснат проблемот со македонското национално прашање, во меморандумот бил презентиран кус приказ на историјата на македонскиот народ, проблемот кој настанал со пропагандите во Македонија под османлиска власт, поделбата на Македонија по Балканските војни и положбата на македонскиот народ во трите балкански држави. Упатена била и критика до дипломатијата на СФР Југославија, која била обвинувана за недоволно залагање во однос на целосното решавање на македонското национално малцинство во соседните земји.

Од владите на државите учеснички на Конференцијата за безбедност и соработка се барало „да биде разгледано и македонското прашање...“. „Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија ја моли секоја влада поединечно, која со свои претставници учествува на Конференцијата во Белград, да се завземе Грција и Бугарија да го признаат македонското национално малцинство, да му дозволат слободно да си ја искажува својата македонска национална припадност, слободно да зборува на својот мајчин македонски јазик, да има училишта на свој јазик, свој печат, свои книги, свои цркви, свои национални културни и политички организации.“ При тоа јасно се нагласува дека било време „Македонците од грчкиот и бугарскиот дел на Македонија да добијат културна национална автономија“. Додека за обезбедување на политичка и граѓанска рамноправност на Македонците под бугарска и грчка власт требало да се дозволи да имаат свои пратеници во законодавниот дом на тие земји.

(Исто така), во меморандумот било потенцирано дека Движењето за ослободување и обединување на Македонија не било „непријател на мирот“ и дека македонското прашање морало да биде „решено на праведен начин по пат на разбирање помеѓу балканските земји, ако тие се откажат од својот империјализам и национализам и во духот на Повелбата на Обединетите нации му признаат право на македонскиот народ на национално самоопределување“.

Повикувајќи се во Меморандумот на Повелбата на Обединетите нации која прокламирала право на слободен развиток на националниот живот, ДООМ на некој начин сакал да потенцира дека неговите барања се легални. Така Централниот комитет на ДООМ сметал дека решавањето на „македонското прашање на мирен начин води преку давање од страна на Бугарија и Грција културна и политичка национална автономија на македонскиот народ во бугарскиот односно грчкиот дел од Македонија“ со што би добиле ист статус како СР Македонија во рамките на СФРЈ. Кога тоа би се постигнало од ДООМ сметале дека би се создале услови за „културно и духовно единство“ на македонската нација, а потоа ќе се отворела и „перспектива за обединување на трите дела од Македонија во една единствена македонска државноправна, која нема да биде ни југословенска, ни бугарска, ни грчка туку само македонска“, Понатаму во меморандумот било истакнато дека Македонија би била „рамноправна братска заедница за сите граѓани што ја населуваат, без разлика на нивното национално потекло...“.

На крајот од меморандумот било истакнато дека „доколку не се пристапи кон остварување на чекор по чекор на праведните барања на жестоко угнетената македонска нација, таа за да си извојува национално ослободување и обединување, ќе биде принудена да прибегне и кон револуционерна форма на борба“. Така што Македонија би станала „европска Палестина или Ирландија“. На тој начин револуционерните методи како начин на борба, Движењето ги оставило како крајно решение за остварување на целите.

Меѓутоа, целта на ДООМ, со нагласувањето на револуционерната традиција на македонскиот народ, била да покаже подготвеност да примени и радикалните методи, иако реално не постоеле услови за примена на истите.

Свесни за моќта и положбата во која се наоѓа организацијата, раководството можело да биде задоволно со фактот што меѓународната заедница, по овие активности, била запознаена со постоењето на Организацијата и со докрај нерешеното македонско национално прашање. Воедно, тоа придонело и за зајакнување на довербата кај раководството и за омасовување на членството и симптатизерите.

Уште со првата меѓународна активност на ДООМ интересот на тајните служби на Грција, Бугарија и Југославија за активностите на организацијата започнал да се зголемува. За дејноста на ДООМ особено била заинтересирана тајната служба на Југославија, која се обидувала преку инфилтрација на свои агенти и соработници да го саботира нејзиното дејствување. Во таа насока биле вршени заплашувања, притисоци и физички напади на некои членови на ДООМ.

Сепак, првиот голем удар на организацијата ѝ бил нанесен со убиството на организациониот секретар Благој Шамбевски, извршено во 1974 година. Додека вториот голем удар бил киднапирањето на Драган Богдановски во 1977 година, непосредно пред одржувањето на Конференцијата во Белград за безбедност и соработка во Европа. Богдановски бил киднапиран од страна на припадници на југословенската Служба за државна безбедност (СДБ) и бил донесен во СР Македонија, каде што бил осуден на 13 години затвор.

По киднапирањето на (Драган Богдановски) веднаш се почувствувале негативните последици во организацијата од неговото отсуство. Падот на активностите, особено на меѓународно поле, не било карактеристика само за првите години по затворањето на Богдановски туку тоа се провлекувало сè додека егзистирала организацијата.

Крај

Македонска нација

(Извор: М. Ивановски „Меѓународни активности на Движење за ослободување и обединување на Македонија (1973 ‒ 1977)“; ГЛАСНИК год. 58 бр. 1-2 стр. 1-117986 Скопје 2014 стр. 143)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.