Среда, 29 Ноември 2017   
Александар Трети Македонски во Египет (11)

am11-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ЕГИПЕТ

Старите Египќани ги обожавале природните сили; најмногу ги обожавале животните и таканаречените „земјоделски“ богови, Богот на сонцето - Амон Ра, Богот на плодноста - Озир; мртвите ги балсамирале, на тој начин останале мумиите. Спомениците на културата, меѓу кои пирамидите, обелисците, старите храмови, замоци, записи на камења, како и папирусите, се зачувани до денес. Нивната култура извршила силно влијание врз културата на сите источни народи и на античките Македонци и Елините (Грците).

Исто така, Египет е значаен и за нас Македонците. Со него се поврзува освојувањето на оваа земја од страна на Александар Македонски, бранителот на луѓето и основачот на царството на античките Македонци. Освојувачот, кој се сметал дека е Бог за Египќаните, војсководецот кој основал град и кој во негова чест го добил името – Александрија. Инаку, градот Александрија на арапски се вика Искендерије и се наоѓа на Средоземното Море.

За Александар Македонски Египет бил голем предизвик и земја за која сонувал. Така, кога бил во подем со неговите походи во 332 година пред Христа го освоил Египет. Тогаш била прекратена фараонската ера и на устието на Нил го подигнал градот Александрија.

Во преданијата стои дека Александар Велики го освоил Египет со многу мал отпор од страна на Персијците и бил добредојден кај Египќаните кои го сметале за ослободител. Администрацијата која ја поставиле наследниците на Александар, птоломејците, се засновала врз египетскиот модел и се наоѓала во новиот главен град Александрија. Новата престолнина била излог на моќта и престижот и станала седиште на учењето и културата кои биле сконцентрирани во славната библиотека во Александрија. Светилникот во Александрија го осветлувал патот за многу бродови со кои тргувал градот откако птоломејците ги поставиле за приоритет трговијата и претпријатијата за производство на папирус.

Новата култура не ја потиснала египетската култура, бидејќи птоломејците ги поддржувале долготрајните традиции со цел да стекнат лојалност и популарност. Тие граделе нови храмови во египетски стил ги поддржувале традиционалните култови, па дури и самите се портретирале како фараони. Некои традиции дури и се споиле бидејќи боговите се обединиле.

Птоломејците се соочиле со народни востанија и покрај нивните напори да ги смират Египќаните. Востанијата ги иницирале фамилијарни ривали и моќната народна маса во Александрија која се создала по смртта на Птоломеј IV. Бидејќи Рим сѐ повеќе се потпирал на увозот на жито од Египет, Римјаните почнале сè повеќе да се интересираат за политиката во Египет. Постојаните египетски востанија, амбициозните политичари и моќните сириски противници ја дестабилизирале земјата.

am11-2
Александрија

Инаку, Александрија е најпозната по монументалниот Александриски светилник, кој е наречен седмо светско чудо, и кој го изградиле владетелите од македонско-египетската династија на Птоломеј во III век пред Христа. Тој бил сместен на островот Фар и бил светилник „прататко на сите светилници“. Бил висок 110 метри, а неговиот пламен можел да се види и од 60 км оддалеченост. За жал, светилникот бил срушен од земјотресот во 1307 година, по 1.600 години опстојување и функционирање.

Исто така, треба да се нагласи дека според бројни автори Александровиот музеј и библиотеката биле идеја на Александар Македонски. Библиотеката која била изградена во 294 година пред Христа, а била во склоп на Музејот одиграла големо значење во развојот на македонската и светската култура и цивилизација.

Оваа најпозната античка библиотека во 250 година пред Христа имала фонд од 500.000 ракописи, за да во времето на Цезар достигне до 700.000 ракописи. Со тоа  Александрија навистина станала најважен светски научен центар, привлечен за интелектуалците и од најдалечните земји. Во нејзината гимназија се изучувал Александровиот македонски (коине) јазик, а на тој јазик е преведен Стариот завет од јудејски, од страна на 70 научници за време на владеењето на Птоломеј Втори.

Овој значаен цивилизациски превод званично има два назива и тоа Александриски, бидејќи бил направен во Александрија и септуагинта по бројот на преведувачите. Според преданието секој од седумдесетината научници требало да работи целосно независно од останатите. Сепак, на крајот, сите преводи биле идентични, што се толкува во општата инспирација на Светиот дух кој се излеал врз Евреите кои ја извршиле работата.

И како што Александар тежнеел кон создавање единствен глобален свет, исто така, и во религиски поглед во Македонско-Египетското Кралство се родила идејата за создавање на единствена монотеистичка христијанска религија и нови облици на религиска свест, што претставувало натамошен прилог на Македонците во светската цивилизација.

Исто така, за одбележување е тоа што во Александриската библиотека е извршен препис на будистичките канони на кинески јазик. Покрај тоа, библиотеката влијаела на формирањето на библиотеки во будистичките центри во Индија. Тој моќен културен центар ги привлекол  најмоќните мислители на тогашниот свет.

Библиотеката била запленета во VII век од арапскиот калиф Омар кој рекол:„Она што им е потребно на луѓето да знааттоа е напишано во Куранот, а што не е напишано во Куранот, тоа не им е ни потребно на луѓето да го знаат“.

И покрај тоа многу документи биле сочувани и подоцна биле препишувани. И денес, после толку векови, во почетокот на овој милениум, во 2002 година, се завршени работите околу реконструкцијата и повторно е отворена новата Александриска библиотека во Египет, чиј спонзор е УНЕСКО.

Зградата којашто има 11 ката е изградена таму каде што порано била Македонската александриска библиотека и станала симбол на целокупното светско знаење и уште еднаш го потсетила светот дека Македонците и под власта на Птоломејците биле оние кои ги создале темелите на денешната цивилизација. Денешната библиотека е институција на информатичката епоха со околу еден милион книги, 3.000 читатели и конференциски амфитеатар за 3.500 учесници и, како и во времето на Македонскиот комонвелт, ќе служи на целата светска култура и наука.

Исто така, во тој период Александрија станала светски трговски и културен центар во кој полни три века се развивале бројни гранки од културата. Најпозната културна институција бил александрискиот „Музеон“, храм на музите, односно комплекс згради каде се наоѓала прочуената Александриска библиотека, сала за предавања, кабинети за научни работи, зоолошката градина и друго.

am11-3
Александриската библиотека денес

Многу научници живееле во Александрија за да ја унапредат науката. Меѓутоа, кога Римјаните во 30-тите години пред Христа ја уништиле египетската држава и ја смениле Клеопатра, последната кралица на династијата Птоломеј и најпознатата египетска кралица која, неможејќи да го прифати поразот, извршила самоубиство. Во времето на римско-византиската власт, најголем дел од населението во Египет го примило христијанството.

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.