Среда, 29 Ноември 2017   
Апел на „Женското христијанско друштво во Америка“ (11)

ilinden11-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Во мај 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес било потврдено Солунското решение за дигање на востание, истовремено бил избран Главен штаб за Битолскиот револуционерен округ. Тогаш било создадено и Горско началство за Крушево, на чело со Никола Карев, кое го изработило оперативниот план за ослободување на Крушево. Од околу 750 вооружени борци, Горското началство имало формирано осум одреди. Спроти Востанието сите одреди се упатиле накај градот, а два незабележано се вовлекле во самиот град.

На 2 август (Илинден), кон полноќ, бил даден првиот сигнален истрел по кратката борба, јуќуматот - општинската зграда била заземена, а набргу по неа и другите установи во градот. Најцврсто се држела касарната, што ја бранеле шеесетина турски војници. Но и таа, напаѓана од одредот на Иван Наумов - Аљабаката, со помош на одредот на Питу Гули, била запалена и брзо уништена заедно со посадата {се спасиле само 17 души). На З август Крушево било ослободено. На 4 и 5 август аскерот и башибозукот се обиделе да си го вратат Крушево, но не успеале.

На 4 август Горското началство, со 60 градски првенци, претставници на сите конфесионални средини, одржало собрание кое избрало Привремена влада од шест члена, на чело со Дину Вангели, а Никола Карев станал претседател на Републиката.

Востанието на Крушевскиот реон не било демонстрација против османлиската власт, туку организирана револуционерна акција за нејзино преземање и организирање со рамноправно учество на сите жители што го населувале Крушево.

Одбраната на градот била најважна задача на раководството. Покрај низата мерки за одбрана на Крушево, биле избрани погодни одбранбени позиции што биле фортификациски утврдени и за кои и самиот Бахтијар-паша рекол дека за заземањето на градот само со пешадија би биле потребни огромни жртви.

Слободниот живот во Крушевската Релублика се одвивал многу жизнерадосно и интензивно. Меѓутоа, на 11 август Штабот добил известување дека десетилјадна турска војска со артилерија се движи накај градот од четири насоки. Обрачот околу Крушево постепено се стегал.

На барањето од Бахтијар-паша градот да се предаде, Штабот одговорил: „Станавме, не за да се предадеме, туку да се бориме за извојување слобода на Македонија". Револтиран од одговорот, пашата, откако им ветил на своите војници богат плен, на 12 август претпладне наредил да се нападнат востаниците и да се бомбардира градот.

Гледајќи ја тешката положба, Штабот решил да отстапи и со тоа да го спаси градот од уништување. Борби се воделе на повеќе места во околината, но најжестоки биле оние кај Мечкин Камен. Еден од противниците за отстапување бил Питу Гули. „Нема ли слобода, има смрт", велел тој. Питу Гули не се потчинил на решението за отстапување и отишол кај својот одред од 370 борци „да загине и загинал, за да остане жив во сеќавањата на поколенијата".

ilinden11-2
Четата на Питу Гули

На 13 август Крушевската Република го завршила своето десетдневно постоење. Три дена аскерот и башибозукот сееле ужас во градот: биле ограбени околу 1.500 семејства, многу куќи и дуќани биле изгорени и уништени.

Крушевската Република била резултат на Илинденското востание кое ја опфатило со жестоки масовни вооружени борби Западна и Југозападна Македонија и во кое, освен Крушево, биле ослободени уште два мали града: Невеска и Клисура.

Со концентрацијата на големи сили аскер и башибозук востанието било задушено низ многубројни вооружени борби. Во овие борби биле уништени над 150 македонски села, изгорени над 9.850 куќи, така што над 58.000 души останале наполно без покрив и свое огниште. Освен жртвите во борбите, во колежите што ги вршеле аскерот и башибозукот над народот биле убиени над 2.000 невини луѓе. Под притисок на теророт емигрирале над 10.000 луѓе. Низ цела Македонија затворите биле преполни. Имало голем број силувања. Многу куќи биле ограбени.

Крвавите репресапии на Турците врз невиното македонско население по Илинденското востание предизвикале револт во целиот свет. Американските жени го подигнапе својот глас и упатиле еден мошне чувствителен апол до европските кралици, повикувајќи ги со својот авторитет да го запрат теророт на Османлиите во Македонија. Овде го објавуваме Апелот упатен до итапијанската кралица Елена.

„Ваше Величество"

Опфатени сме од општата грижа поради очајната ситуација во која се наоѓа населението во Македонија. Турците му се закануваат, го газат под нозе, Ние, жените, од големата Западна Република, праќаме итен апел до кралиците на христијанскиот свет од таа страна на Океанот. Ние, жените, од Новиот свет, сите здружени, се обраќаме до кралиците што седат на престолите од Стариот свет, бидејќи располагаат со власт и имаат влијание врз големи територии и земји.

...Тука, во Америка, срцата ни се кинат од болка, која ја чувствуваме секое утро по разбудувањето од сон, Свирепоста на Турците спрема илјадници и илјадници обесправени и невини христијани не натера да се обратиме кон Вас, жените на високи должности и истакнати места. Со најдлабока почит, исполнети од надеж во вашето сочувство, ние Ве молиме, во својство на сопруги, мајки, ќерки и сестри на големите кралеви, да им дојдете на помош на напуштените народи, кои се како јагниња што се колат од волци.

Ние смерно Ве молиме, помогнете ни!

Со ужас и гадење слушаме секој час за алчноста на Турците. Изненадени сме и со жалење го констатираме фактот дека поради политички и национални причини, поради дипломатски скрупули, соседните христијански сили не сакаат да интервенираат, туку го пуштаат крвавиог султан да ги врши своите еклатантни акти на инфамија.

Имлеријализмот на векот го уништи витешкиот дух. Немајќи кој да им се спротивстави и да ги заплаши, Турците продолжуваат со својата стара тактика и ги испраќаат своите подивени војници да ги горат, грабаат и колат децата и жените.

Очите на малите суштества, широко отворени од страв, се обраќаат кон нивните убијци. Зар тие не се најсилниот апел за сите вас кралици од среќните кралства, ако ги сакате децата? Зар нивниот плач не е повик за сите мајки во светот, па и за вас во палатите, ако имате иста мајчинска љубов како и селанката од селската колиба?

Масакрите над христијаните во Македонија се масакри над Христовиот крст од страна на арогантниот и див Турчин. Тие не се само денеска, тие се стари не седум дена, ниту седум недели, ниту седум години. Тие се вековни.

Но, во сегашниот час во Македонија, Востанието и оружените судирања се придружени со ѕверства и варварски акти, какви што може само Турчинот да изврши. Заклани семејства, куќи без покриви, опустошени села се викаат на помош. Ќе остане ли сево ова без одѕив, како глас на „вапајуштаго в пустињи?" Никој ли не ќе стане да даде помош?

ilinden11-3
Научна средба „Десет дена Крушевска Република“

Жените секогаш станувале болничарки, кои оделе на бојните полиња како милостиви ангели. Жените секогаш давале поддршка, па дури и тогаш, кога се изгледало загубено. Тие никогаш не сториле нешто залудно, бидејќи нивните срца биле обземени од пламенот на правдата, а нивната душа возбудена од верност кон религијата на нивните татковци.

За љубов на угнетените, за љубов на прогонетите, ние Ве повикуваме, Вас, кралиците на христијанството да го сторите она што можете.

Овој апел го праќаме за еден активен, трудољубив и претприемчив народ, кој вистина живее мачно, но ги одгледува домашните добродетели, ја цени просветата, чесно се богати, дава добри граѓани - добри и честити христијани на нашиот благословен Господ и спасител Исус Христос.

Третиран како изрод на човечкиот род, поробен, уништен под петите на муслиманскиот крволок, тој ја подига окрвавената рака, стегајќи во неа оружје, да се избори за малку место под небото. Но силниот Турчин удира, убива и раката немоќно паѓа. Зар ова не е предизвикување на христијанството?

Во името на Исуса, нашиот Спасител, христијанските жени на Америка понизно молат и ги заколнуваат христијанските кралици на Европа, да застанат на чело од едно движење во прилог на напуштените христијани во Македонија, кои турските башибозуци ги обвиваат во огин и крв."

Њујорк, 24.Х1.1903 г. "

Од „Женското христијанско друштво во Америка"

Апелот на жените од Новиот свет до европските кралици за укажување помош на настраданите во Илинденското востание е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“, стр. 51-53

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.