|
|
Декларација на АСНОМ за основните права на ѓраѓаните на демократска Македонија (16) |
„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“ На 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински" била прогласена Македонската држава. Со овој датум е поврзан најзначајниот настан во историјата на македонскиот народ. На тој ден било одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија - АСНОМ. Во присуство на ополномоштените делегати од целата територија на Македонија, се извршило конституирањето на Македонската држава. Не било ни малку случајно што Илинден бил избран како ден на одржување на тој најзначаен чин во борбата на македонскиот народ. Револуционерното минато на македонскиот народ живеел од НОБ и судбоносните моменти, го затреперувале срцето на секој чесен граѓанин и го покренувале во нови акции за правда и слобода на македонскиот народ и народностите, поврзувајќи го Илинден со секоја нова политичка или друга акција на младите генерации. Така, во оригиналната Декларација на АСНОМ за основните права на Македонците и другите народности на демократска Македонија се вели: 1. Сите граѓани на федералната македонска држава се еднакви и рамноправни пред законите, не гледајќи (на) нивната народност, пол, раса и вероисповедание. 2. На националните малцинства на Македонија се осигуруваат сите права на слободен национален живот.
3. На секој граѓанин му е гарантирана сигурност за личноста и имотот, загарантирано е правото на сопственост и часната иницијатива во стопанскиот живот. 4. На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и слободата на совеста. 5. На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на дружението. 6. Изборното право на демократска Македонија ги вршат избирачите со тајно гласуване и основание на општото, еднаквото, непосредното и личного изборно право. 7. Правото да избируат и да бидат избрани во сите изборни тела во народната власт (го) имајат секој граѓанин и секоја граѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје престапление. Додека траје народно-ослободителната војна, по решение на АСНОМ, може да се отстапи од принципите на тајното и непосредното гласуване. Малкумина лица, како и лицата кој со провинет по отношение на интересите на народно-ослободителнага војна, се лишуваат от правата по точка 5 и 6 на оваја Декларација. 8. Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без разлика на народност и вера, да учествува како војник во редовите на народно-ослободителната војска и партизанските одреди. 9. Се забранува и прогонуваат сиге фашиски и профашиски дејствија, оти се против слободата и независноста на братската заедница на народите на Југославија. 10. На секој граѓанин му е загарантирано правого на жалби против решенијата на органите на власта по начин предвиден во законот. Секој граѓанин има право на молба и поплака на сите државни власти. 11. Народната власт се старее да (ја) отстрани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура безплатна просвета. Во манастирот „Св. Отец Прохор Пчински" на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 год(ина) За Антифашистичкото собрание на народното ослободуене на Македонија. Секретар: Претседател: Љупчо Д. Арсов Методи Антонов Ченто Љ. Арсов, с.р. М. А. Ченто, с.р.
Исто така, На 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински" е донесено Решение на Антифашистичкото собрание на народното ослободувне на Македонија за заведуене на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава Член 1 Во македонската држава како службен јазт се заведуе народниот македонски јазик. Член 2 Ова решение влегуе веднага во сила, Во манастирот „Св. Прохор Пчински", на ИЛИНДЕН 2 август 1944 год(ина). За Антифашистичкото собрание на народното ослободуење на Македонија. Секретар: Претседател: Љупчо Д. Арсов Методи Антонов Ченто
Продолжува
|