Среда, 17 Јануари 2018   
На незаборавните Нијагарски водопади (4)

kanada4-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ КАНАДА

Од Торонто се упативме за Хамилтон, градот што е сместен на југозападната страна на езерото Онтарио и кој се вбројува меѓу водечките центри на железната индустрија во Канада. Таму, со успех работи Македонската православна црковна општина „Свети Наум Охридски-Чудотворец”. Во овој развиен индустриски град што се наоѓа на крстопатот меѓу Торонто и Нијагара, Македонци, претежно од егејскиот дел на Македонија почнале да се доселуваат уште во дваесеттите години од минатиот век.

Бидејќи на источниот дел на езерото Онтарио, во Торонто веќе постоеше црквата „Свети Климент Охридски”, што потсетува на црквата „Свети Климент” во Охрид, беше одлучено црквата во Хамилтон да го носи името на свети Наум Охридски, на другиот голем просветител и да потсетува на црквата „Свети Наум” во Охрид. Иницијатор за формирање на оваа црковна општина беа членовите на Националната организација „Обединети Македонци” – гранка Хамилтон. Пред конституирањето на црквата во Хамилтон постоеше Фудбалски клуб „Обединети Македонци” кој подоцна го промени името во „Македонија”“, а потоа и во „Илинден”. Членовите на овој клуб формираа иницијативен одбор за организирање на црковната општина. Така, на 24 февруари 1970 година управата успеа пред канадските власти да го регистрира овој духовен и културен центар на сите Македонци во Хамилтон и околните места.

Потоа, на 9 мај 1971 година, во присуство на голем број Македонци од Канада и Соединетите Американски Држави, црквата „Свети Наум Охридски” беше осветена од тогашниот дебарско-кичевски митрополит Методи. Во рамките на црковната општина уште во 1973 година започна со работа неделното училиште на македонски јазик. Потоа, започна емитување на македонска радио-програма како дел од мултикултурната информативна дејност, а во 1978 година за првпат се слушна македонскиот збор и на мултикултурната телевизиска програма.

Исто така, во состав на црквата активна беше Играорната група „Илинден”“, а денес се активни: женската и спортската секција. Црквата „Свети Наум Охридски”  денес е во новиот објект кој е поголем и овозможува подобри услови за бројни активности. Оваа црковна општина го одбележа своето 40-годишно постоење во октомври 2011 година, кога и се одржаа голем број активности.

kanada4-2
Хамилтон

Меѓутоа, да се биде во Канада, неодминливо е да се посетат Нијагарските Водопади. Ние го посетивме тој дел на Онтарио во делник кога пред нас се појави и најголемиот водопад од канадската страна, кој е поживописен и повпечатлив од помалиот водопад што е на американската страна. Тие изгледаа како скромни речни јазови што ги создала природата да бидат единствени на Земјината топка. Тоа беше глетка што не може да се заборави и остава трајни впечатоци кај посетителот.

Исто така, го посетивме и Веландскиот Канал, низ кој водниот сообраќај претставува главна артерија меѓу езерата Ири и Онтарио, а оттаму преку Сент Лоренц водената маса навлегува во Атлантскиот Океан.

Петте големи езера во граничната област меѓу Соединетите Американски Држави и Канада според површината што ја зафаќаат на­ликуваат на море. Не случајно и се нарекуваат Сре­доземно Море на Северна Америка. Нивните води во Атлантскиот Океан ги носи реката Сент Ло­ренц. Планот да се изгради континентален пловен пат во должина од над 3 700 км од утоката на Сент Лоренц до Дјулут на Горно Езеро е многу стар. Во 1932 година Соединетите Американски  Држави и Канада склучиле договор за заедничка изградба на водениот пат Сент Лоренц.

Меѓутоа, поради висинските разлики меѓу езерата и брзината на истекувањето на водата во реката било неопходно да се изградат брани и канали. Така, најголемиот континентален во­ден пат на светот бил готов во 1959 година. Шес­нае­­сет брани го подигнале овој воден пат до 184 мет­ри над морската површина.

Од езерото Ири истекува реката Нијагара која, по изминати 54 километри, се влева во езерото Он­тарио. Во почетокот реката Нијагара е широка 1200 метри, а по изминатите десетина километри се разделува на две ракавици меѓу кои е Големиот Ос­тров. Низводно повторно се соединуваат неј­зи­ни­те во­ди, кои течат преку брзаци и слапови, за по из­минати 7 километри да ги формираат прочуените Ни­јагарски Водопади.

kanada4-3
Веландскиот Канал

Нијагарските Водопади кои се чудо на природата се ед­на од најпосетените туристички атракции на северноамериканскиот континент и на сите меридијани. Водената симфонија на Нијагара е спој на природата, митското, сонот и јавето.

Нијагарските Водопади со Козјиот Остров и островчето Лунен се разделени на два одделни водопада - лев и десен. Левиот дел - канадски, наречен „Потковица”, бидејќи има облик на голема коњска потковица, ги спушта водите од околу педесет метри височина, а во широчина речиси од еден километар. Низ „Пот­ковицата” која е најубавиот дел на водопадот, про­те­кува поголемиот дел од нијагарската вода.

Де­с­ниот дел на водопадот, пак, се наоѓа во Соединетите Американски Држави. Тој е по­­мал, висок е 51 метар и широк околу 320 метри. Силната бу­чава на водопадите се слуша во пречник од не­колку километри, бидејќи водената маса се стру­по­лу­ва од двете страни на Козјиот Остров. Во воздухот се издигаат пена и воден прав. Сончевите зраци се прекршуваат од нив, рас­турајќи се во спектар од бои. Виножитото се гле­да на оддалеченост од десетина километри. Спек­тарот од бои, пак,  е ист како и оној на македонското виножито.

За убавината на водопадот придонесува височината, од која околу 7 000 км3 вода во секунда паѓа во бездната од ог­ромната водена маса. Во за­висност од годишното време се менува и ликот на во­допадите. Есента е пријатна со изразити есенски тонови. Зиме водениот прав замрзнува уште во воз­духот и од врвот на водопадите до студената бездна се формираат прекрасни кристални завеси. А кога на­стапува пролетта и бујните води на Нијагара ќе ги по­несат огромните ледени блокови, трескотот што се создава при струполувањето и од триењето на мразот од ѕидовите на водопадот, е уште посилен.

То­гаш виножитото што се раѓа го разубавува денот. Меѓутоа, ноќните екс­кур­зии до Нијагара сè уште поинтересни. Осветлени со ил­јадници елек­трич­­ни светилки (реф­лектори), водопадите добиваат фантастичен изглед, кој го опијанува посетителот застанат пред ова чудо на природата.

Нијагарските Водопади постепено „ползат” кон езерото Ири, каде и започнува стрмниот дел. Пресметано е дека секоја година малиот водопад се повлекува за 5 - 6 сантиметри, а големиот за 60 - 70 сантиметри. Од создавањето па до денес „Потковицата” се приближила до езерото Ири за 11 километри. Тоа се објаснува со разурнувањето што го предизвикува водата и материјалот што го носи врз скалестиот праг. За се­гаш­ниот изглед биле потребни 6 000 години, а за да стиг­не до езерото Ири и да исчезнат во­до­па­дите или да бидат уште поголеми, потребни му се уш­те не помалку од 180 000 години.

За Канада и Соединетите Американски Држави Нијагара и нејзините водопади се голем из­вор на приходи. Водопадите ги посетуваат милиони посетители кои како на една своевидна авантура доаѓаат од целиот свет. Од дру­­га страна, пак, огромната водена сила се ко­ристи за добивање на електроенергија. Направе­ни се голем број гигантски хидроцентрали, особено од канадската страна.

Инаку, градот Нијагара се наоѓа на левиот брег на реката и претставува голем туристички центар. Во него живеат стотина илјади жители, кои претежно се занимаваат со туристички гранки.  Таму има бројни хотели, ресторани, казина и други атрактивни објекти, кои привлекуваат милиони туристи од целиот свет. И ние во Нијагара се чувствувавме како дел од глобалниот свет кој доаѓа и од американската, а повеќе од канадската страна на Нијагаските Водопади.

Ја посе­тивме пр­ва­та хидроцентрала што е сместена под градот Ни­­­јагара, а за која проектот го направил Никола Тес­ла чи­ја бис­та е на вид­но место во знак на благо­дар­­ност за не­го­­вото големо дело, од каде се шират  нијагарските хоризонти, а на восхитот на уникатните водени танци му нема крај.

kanada4-4
Споменикот на Никола Тесла на Нијагара

Кога го гледавме и се одушевувавме на постигнатото дело на Никола Тесла нашиот домаќин се насмеа и рече: „Еве што може да направи еден научник од македонско потекло”. Тој не убедуваше дека потеклото на Никола Тесла, кој го добил презимето од македонскиот збор „тесла”, било од Македонија, дека неговите предци биле ѕидари и дограмаџии и затоа ги нарекле „тесла”, а татко му бол поп. Ние му рековме на нашиот домаќин дека ова прашање ќе го оставиме на историчарите. Но факт е дека светската личност Никола Тесла како научник оставил траен белег на човештвото.

Продолжува

slave-katinn
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.