|
||||
Во Битола денови на израелска култура |
Со документарниот филм „Мојот клас“ во режија на Пиер Лавие вечерва започнува дводневната манифестација Денови на израелска култура во Битола . По Скопје, Охрид, Беропво и Штип во Битола завршува неделата на израелска култура што ја организира амбасадата на Израел во Р Македонија заедно со здружението „Архам “ од Битола. Со музичко-балетскиот перформанс на младинскиот театар „Кармелим“ од Хаифа, денеска почна дводневната манифестација Денови на Израел во Битола. Ја организираат амбасадата на Израел во Република Македонија и Здружението „Архам“ од Битола. Ова е всушност една голема завршница на неделата посветена на Израелската култура во Македонија и доаѓа по настапите во Берово, Штип, Скопје и Охрид, истакна израелскиот амбасадор во Македонија Дан Оријан на прес конференцијата што се одржа по тој повод. Меѓу другото тој изрази жалење што оваа година го нема Бит Фест. Како што истакна Ефие Шкинази , кореограф на Кармелим ансамблот во музичкиот перформанс учествуваат 34 млади лица со различни нумери и преку својата младост го пренесуваат вкусот и културата на Израел преку театарската претстава што ќе биде одиграна утревечер насловена како „Еден вкус од Израел“. .Деновите на Израел во Битола доаѓа по успешна соработка на амбасадата со институциите и со оглед на оригиналноста на настаните организаторот очекува голема посетеност, посочи Мима Герас Дочовска – економски оператор за амбасадата на Израел во Македонија и претседател на здружението „Архам“ – Битола Младите израелци за време на престојот во Битола со своја програма освен во Центарот за култура ќе настапат и во детската градинка Естреја Овадија Мара како и во старскиот дом Сју рајдер. Во утрешниот флешмоб покрај гостите ќе настапат и младинците од Црвениот крст од Битола како и самиот амбасадор Оријан. |