Среда, 27 Јули 2016    PDF Печати Е-пошта
Ден по Скопскиот земјотрес 1963 г.

Prv den po zemjotresot

На 27 јули 1963 година, ден по катастрофалниот земјотрес во Скопје, издадено е следното соопштение: „За да се остранат последиците од земјотресот кој го зафати градот Скопје и околината и за да се обезбеди спасување на затрпаните граѓани, расчистување на урнатините и да се острани опасноста од епидемија се превземаат следните мерки: се задолжуваат сите машки лица од 18 до 55 години од подрачјето на град Скопје, Тетово, Велес и Куманово, да учествуваат во расчистување на урнатините и спасување на загрозените лицаа... Се повикуваат и корисниците на техничките средства и возила кои можат да помогнат во несреќата...“

Меѓутоа, тоа утро и без ова соопштение, солидарноста доаѓаше до израз во секој момент. Секоја рака беше испружена кон рушевините кон оние кои бараа помош. Со голи раце и механизација се спасуваа затрупаните под урнатините. Крановите и булдожерите креваа блокови од зградите, кои за неколку секунди беа сревнети со земја, во земјотресот кој го погоди Скопје преходниот ден, на 26 јули 1963 година во 05:17 часот.

По првичниот шок, битката за справување со последиците на земјотресот започна со полн интензитет. Низ улиците беше раздвижена механизација и додека се спасуваа човечки животи, истовремено се расчистуваа урнатини и улици, на слободните простори во градот веќе никнуваа амбуланти и други организирани испостави на органите на власта.  На падините на Водно и Скопска Црна Гора се градеа првите шаторски населби.

Според соопштението на Републичкиот штаб за остранување на општата опасност, на 28 јули 1963 година, до седум часот утрото, од под скопските урнатини беа извадени 691 загинати граѓани. Од нив биле идентификувани 500 лица. Само во општината Идадија, до 19 часот вечерта биле пронајдени стотина лица под урнатините, од кои само десетина живи. Под претпоставки дека тие не се еднинствени, акцијата за спасување била продолжена деноноќно. Човекот едноставно и понатаму и ја подаваше својата рака.   

Додека се водеше битката за спасување на лицата кои сеуште се под урнатините, починатите пред да бидат погребани требаа да бидат идентификувани. Првите четири дена после земјотресот на идентификација се работело во кругот на Државната болница, во просториите на Паталошкиот институт и во Капелата.  Со примена на современи методи овие пунктови ја завршија работата. Конечната листа на идентификација на загинатите покажа дека Скопскиот земјотрес  однесе 1070 животи, од кои 470 мажи, 430 жени и 120 деца.  Меѓу загинатите биле 16 страни државјани, кои биле на пропатување низ земјата, како и 10 лица родени во странство, а за кои неможело да се утврди дали се наши или страни државјани.

На 27 јули 1963 година, Градското собрание одржа вонредна седница која резултура со низа заклучоци. Првата работа беше да се обезбедат услови за една систематска и организирана дејност за деновите кои престојат. Со цел решавање на бројните проблеми кои ги наметна катастрофата, како и отварање на патот за обнова на градот, Градското собрание донесе одлука за мобилност на стопанските колективи и нивните органи. Истовремено Градското собрание донесува одлука за формирање на Одбор за проценка на штетите кој ги нанесе земјотресот, што требаше да биде појдовна основа за утврдување за состојбата и потребните средства за обнова на градот.

Од седницата на Градското собрание, кое потоа долго време беше во мобилна состојба и постојано заседаваше, беше упатен и апел до сите граѓани и општини на тогашана Југославија за испраќање помош. Помошта пристигна. Пристигна не само од дома, туку и од надвор. На урнатините на Скопје изникна нов град, град на солидарноста.

И оваа година, Градот Скопје со пригодна свечаност ќе одбележи 53 години од Скопскиот катастрофален земјотрес. Ќе се потсети на оние 1070 загинати и над 3.000 повредени, но и на огромната солидарност, како домашна, така и светска, која овозможи градот повторно да никне како феникс и денес да биде не само метропола, туку вистинска убавец меѓу Балканските метрополи.   

(извор: Скопје град на солидарноста, Скопје, 1975 г.)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.