|
||||
Македонска народна архитектура |
Ако сакаме со малку зборови да ја претставиме Македонија, тогаш би рекле: тоа е библиска земја, со различни карактеристики, со природни убавини,со големо природно богатство- ретки руди, ориз, тутун... Тоа е земја со богато минато, за чија висока култура сведочат многубројните и разновидни споменици: стари ископини, тврдини, цркви, манастири, хармоничните населби и градови и над се плсатичната и пејзажна народна куќа. Во неа сеуште постојат живите траги на големите култури, со посебен зачуван стандард на високо ниво на архитектонската свест. Убавината и привлечноста на Македонија не ја прави само природата – езерата, планините, шумите и полињата, туку и квалиететот на делата на македонците од минатото вградени во архитектонските творби. Архитектонското богатство и квалитетот на народната архитектура на Македонија се состои од дела со различни архитектонски изрази и многу типови на куќи со скалести нијанси. Ако извршиме анализа на делата на оваа архитектура, односно ако го проучиме нивниот облик, местоположба, однос према околината, меѓусебниот однос и односот према човекот, нивната удобност, ќе дојдеме до чудесни сознанија за снаодливоста, и единствената неповотрлива концепција на безимените народни неимари. Тие знаеле да создадат дела во ки се вградени принципите кои претставуваат највисоки стремежи на денешната современа архитектура. Тоа се принципите од кои големиот светски архитект Корбизије се воодушевил на патот низ Македонија. Всушност големиот прогрес на современата архитектура Корбизије ќе го темели врз македонскиот архитектонски израз, кој е базиран на природните градежни материјали и рамноправните елементи на нив- сонцето, небото и зеленилото. Дефиницијата на Корбизије дека архитектурата е знајна игра на волуменот под сонцето, се однесува на македонската архитектура и тоа е нејзина најбитна карактеристика. Играта на волумените во македонската архитектура ги надминува архитектонските категории и спаѓа во редот на склупторски израз, а рафинираната поврзаност на таа склупторска игра во архитектурата со природата, пејзажот и зеленилото даваат оптимални решенија на пејзажна архитектура. Овде треба да се констатира дека пластичната и пејзажна игра на македонската куќа нејзината комплексна хармоничност, никогаш не оди на штета на задоволување на нејзините практични намени и функционалност. Спротивно, македонската куќа е еминентно фунционална. Анализирајќи ја незината фунционалност доаѓаме до збунувачка аналогија кога констатираме дека македонската куќа има функционални особини како објектите во современата архитектура. Имајќи го во предвид горното можеме да заклучиме дека македонските населби и градови живеат заедно и создаваат несекојдневно единство помеѓу нивната архитектура и природниот пејзаж. Архитектурата на овие населби е родена во ретко виден природен амбиент и меѓусебе е поврзана со прекрасен рамничарски и планински, би рекол алпски пејзаж. Оваа архитектура претставува најубава потврда за природните ткаежи и заемни растења на македонскиот простор, на каменот и дрвото, земјата и водата, сонцето и воздухот, месечината и ѕвездите, за реката и полето, за чардакот и ридот, за градот и предградието. Чудесната структура на оваа народна архитектура и во Охрид и во Велес, Кратово, Тетово, Крушево, Ново село, Кичиница, Битола, Прилеп, Брезно, Галичник и во Јанче меѓусебно е поврзана со сивите карпи, зелените шуми, бистрата вода , небеското синило и ѕвездените ноќи и месечината. Бојата на оваа архитектура е бојата на природниот пејзаж, бојата на кровот е боја на ридот и се така архитектурата и природата се надополнуваат и прават органски осмислена целина. Оваа архитектура за наша среќа сеуште е жива или би рекол некако преживува. Оваа архитектура не сака бесмртност, таа заслужува воскресение. Тоа е потребно за да се огледа секој современ планер да создаде архитектура која прави просторна синтеза, на нејзината функција, на формите со околината, со пејзажот и урбаниот амбиент. Во оваа смисла македонското градителство, поточно македонската архитектура, особено оваа пејзажна архитектура, како најизразит род, изобилува со примери што се од значење за најдлабока и најсериозна архитектонска студија. Движејќи се од исток кон запад од север кон југ се среќаваме со умерени градителски волумени, форми, структури и бои кои ја почитуваат својата околина и прават една совршена заедничка рамнотежа. Овде среќаваме органска блискост на каменот, дрвото и глината вградени во објектите со природата. Нема драстичен судир помеѓу создадената архитектурата и природните материјали. Со охридските, галичките, јанечките, тетовските куќи... исткаени се градовите и наелбите.Тие мајсторски творби го смируваат зеленилото околу себе и планинскиот амбиент, го шират недогледот на полето и ја ублажуваат напнатоста на стрмниот терен. Збирот на овие кристални призми изникнати од аморфниот терен создаваат невидени пластични доживувања во заедништво и рамнотежа со природата. Народниот неимар со голема љубов, осет за вистинска мерка и вредност пристапил кон поставување и организирање на наслбите и просторот, како и решавањето на проблемите од функционален и од естетско - обликовен карактер. Затоа одделни групации на куќи, просторите околу црквите, и чешмите меѓусебно поврзани со тесните патеки нудат изобилство на амбиетални и пејзажни содржини и вредности. Диспозицијата на населбите овозможува инсолација со многу сонце и истовремено добивање на слободни визури кон природниот низински и планиснски пејзаж. Градејќи ги овие места народните неимари пред себе ја имале мерката за човекот, неговите суштествени потреби, топлината на осседството и хуманоста на просторот. Каменот, глината, полето, необичната стрмna конфигурација на планинскиот терен, водите, зеленилото, беа основните елементи кои ги предизвикале народните градители и планери да изградат и да постават прекрасни избалансирани населби - спој на архитектурата и прекрасниот пејзаж. Архитектонски и урбано-рурално објектите во овие простори се поставени со длабока логика, без претензии, како едноставни кубуси изникнати од самата почва. Затоа оваа архитектура и во 21 век во времето на вселенските летови и интернетот, останува за нас од најголем интерес, зошто е нераскинлив дел од македонскиот идентитет и повод за најсовремени стремежи во архитектурата проникнати од идеите на безимените мајстори. Косто Граоркоски дипл. инг.арх. |