|
||||
Народни благослови во Македонија |
В година поголем родот да биде. Во раце Господови да стоиш. Вечно нека ви е иемто. На именден. Вечно нека ви е малечкото. На домашните за родено дете. Вечно нека ти е малечкото, ама до реда Господ да те милује со машко. Во секоја куќа радос, Господи. Глава нека е жива. На човек кому му пцовисал добиток. Годинава венчање, в година крштење. На свадба особено вака благословуват кумот. Година да ви се роди повечку. На лице што носи плодови некому. Годинава сос кошница, до година сос товари. На човек што се враќа од лозје со кошница грозје и ќе подаде некому грозје. Годинава сос куќичка, до година сос невеста. Годинава сос невеста, до в година сос машко дете. Година сос здравје да исчекаме. Голем(а) да порастиш. На мали деца. Господ бериќет. На жетва, гроздобер, кога ги сеат нивите и др. Господ да ти помогне да утечиш (да избегаш) побрзо. (ако се бега од нешто). Господ да ти ја олесни работата, за да успееш. (Ако се работи). Господ да ти донесе сон. Да поспиеш, но и касметот ќе ти спие. (Ако се спие). Господ да ве дарува. Господ да ве поживее. Господ да ви ги множи чедата (стоката). Господ да ви даде отсрце. Господ да е со тебе. Господ да те благослови. Господ да те варди по патот. Господ да те дарува. Господ да те однесе наместо. Господ да те удостои. Господ да те чува од лошо. Господ да те врати полно рамно. Господ да ти го дочува детето. Господ да ти го отвори патот. Господ добрината да ти ја плати. Господ желбите да ти ги исполни. Господ здравје да ти даде. Господ на помош. Господ на помош да ви е. Господ пазар. Господ печалба да ви наврти. Господ посреди вас. Господ да не чуват од душмните. Господ да не ослободит. Господ да те (го) бранит (чуат) од лошо. Господ да те (да ве, да го, да је, да ’и) вардит од лошо. Господ да те дарује со голема дарба. На човек што је исполнил молбата на жена за услуга. Господ да те дарује со голема памет. На оној што ќе му помогне на некој што го нашла некоја беља. Господ да те дарује со голем разум. На посредник кој непристрасно решава некое недоразбирање. На неопитен во некоја работа. Господ да те надари. Господ да те однесе на аџил’к, да видиш Божигроп. На човек што има таква намера. Госпд да те чува од исчукан човек. На човек врз кој се употребени сите средства и ништо не е постигнато. Госпот да ти (му, је) дает здравје. Госпот да ти (му) и зајакнит рамената. Господ здравје да ти даде. Госпот и вашата куќа да ви ја зарадује. Благослов со кој се одговара на благослов. Господ ум и разум да ти даде. На деца кои прашуваат постари. Господи Исусе Христе! Пречиста Богородице! Свјатиј Никола и вси светци да сет на помошт! И денешна Свјата Троица да ет на помошт. Бог да даит што ни срце сакат. да сја родит жито и вино. Колку зрна толку осмаци! Колку гроздове, толку бочки! Бог да простит и мртви души! А вам, млади – хубави невести! А вам моми – хубави момчиња! Мир и милост на всите! Здрави били! |