|
||||
Промоција на монографијата „Есма“ од Славе Катин во Торонто |
На 30-ти октомври 2016 година, во салата на Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто, се одржа промоција на монографијата „Есма“ од авторот Славе Николовски - Катин, кое е изданија на книгоиздателството “Македонска искра” и Здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје. Ова дело е посветено на Есма и нејзиното 55- годишно јубилејно дружење со песната. Монографијата беше промовирана во рамките на Литературното друштво “Браќа Миладиновци”, кое е во состав на црквата “Свети Климент Охридски”. Во присуство на голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија и гости од канадското општество, овој културен настан го отвори Маја Доневска-Ивановска, претседател на Друштвото и Драгица Димовска уредник и водител на радио часот „Обединета Македонија“,За монографијата зборуваа проф. Филип Ангелковски, долгогодишен водител и диригент на Црковски хор и Соња Лозановска, естраден уметник и главен и одговорен уредник на весникот “Македонија” од Торонто. Исто така, на присутните на промоцијата им се обрати и ги поздрави генералниот конзул на Република Македонија во Торонто, д-р Јовица Палашевски. Во своите излагања, пак, проф. Филип Ангелковски и Сонја Лозановска се осврнаа на името и делото на Есма Реџепова - Теодосиевска,, големиот естраден уметник, хуманист и чувар на ромската и македонската песна, која е и национален уметник на Република Македонија. Авторот Славе Катин делото го посветил на животот и песната, на Есма, на нејзиниот сопруг Стево и на сите нивни генерации. Во делото се презентирани голем број текстови за бурната историја на Есма и ансамблот „Теодосиевски“, како и документи, фотографии и други материјали со што монографијата претставува приказ на уметничкиот живот и дело, како и историја на Есма Реџепова=Теодосиевска и нејзините идни генерации. Меѓу другото проф. Филип Ангелковски, истакна дека книгата „Есма“ од авторот Славе Катин е посветена на доблесниот естраден уметник, истакнат хуманист и докажан донатор Есма Реџепова-Теодосиевска, која, во исто време е негов голем пријател од музиката. Есма е име, кое е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња и децениски потврдено во музичкиот свет во Република Македонија и во светот. Есма Реџепова со своето животно дружење со песната постојано се залага за афирмација на ромската и македонската култура на Балканот и во целиот свет, Оваа значајна и по многу нешта единствена тројазична монографија од овој вид (на македонски, на англиски и на ромски јазик) претставува осврт за ликот и делото на Есма Реџепова. Монографијата е огледало за уметничкиот труд на благородната Ромка, сместен во еден биографско-публицистички времеплов кој е своевидна сага за нејзиното опстојување. Монографијата со сета скромност е лика и прилика за животот и делото на Есма и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски што ќе остани вечно да се сеќаваат генерациите. Инаку, проф Ангелковски рече дека Славе Катин е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите педесет публикации, како и по бројните новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на судбината на Македонија и животот на Македонците , но и за низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Затоа, не е случајно што во ова дело тој започнува и завршува со љубовта на Есма Реџепова- Теодосиевска изразена кон родната земја – Македонија, рече на крајот проф. Филип Ангелковски. Во своето излагање, пак, Соња Лозановска рече дека вистината за Есма Реџепова – Теодосиевска е една необична, интересна и многу убава приказна, која е облагородена во оваа монографија и со авторовата имагинација, знаење и умеење, претставува убав пример за афирмација на македонската и ромската песна и за Република Македонија.
Таа рече дека авторот Славе Катин ја посвети оваа монографија на Есма Реџепова, големиот естраден уметник, хуманист и чувар на ромската и македонската песна, која е национален уметник на Република Македонија. Делото го посветил на нејзиниот живот и песна, како и на нејзиниот сопруг Стево и на сите нивни генерации. Во делото се презентирани голем број текстови за бурната историја на Есма и ансамблот „Теодосиевски“, како и документи, фотографии и други материјали со кои авторот се потрудил монографијата да претставува приказ на уметничкиот живот и дело и историја на Есма и нејзините идни генерации. Во сите земји ширум земјината топка прозвучела ромската и македонската песна, носени од моќниот глас на Есма Реџепова-Теодосиевска. Со години светот ја препознава по нејзината ретко убава песна „Зошто си ме мајко родила“ и „Чајорије шукарије“ (Убаво девојче) и одговорот на овие стихови е веќе кристално јасен дека таа е на овој свет поради една своја мисија – да пее, да облагородува, да помага... Во дел од биографијата за Есма Реџепова-Теодосиевска, меѓу другото, Славе Катин запишал дека Есма и Стево немале време за одмор, бидејќи влегувале од една во друга гостувачка тура. Есма како естраден уметник одржала илјадници концерти насекаде во светот, околу шестотини композиции се трајно впишани на плочи касети и компакт-дискови, отпеани на 20 јазици; телевизијата - како еден од електронските медиуми и‘ има отстапено многу часови, а има добиено повеќе од 2.000 благодарници за хумано дело. Затоа со големо задоволство го препорачувам ова моногравско дело за Есма Реџепова – Теодосиевска на читателите, а на нашиот пријател Славе Катин му посакувам многу успех во работата и животот, рече Соња Лозановска. Драгица Димовска |