|
||||
Што постигна Царигрaдската патријаршија со уништувањето на Охр. архиепископија? |
Македонска нација „Со уништувањето на Охриската архиепископија, Цариградската патријаршија постигна пред сè материјална корист. Економскиот гнет се надвиснал над Македонија. Се отвориле нови места за нејзиното бројно свештество. Сега целата македонска земја била експлоатирана со таков алчност, како во време на византискиот јарем од државните чиновници. Грчките владици со турските спахии и даночници си конкурираа во ограбување на населението, при што нанеле огромна материјални штета и морални страдања на народот. Фенер успеал да стави рака врз благосостојбата на македонскиот народ, но, сепак тој не можал да ја постигне својата крајна цел - мегалоелинскиот сон.“ – пишува Иван Снегаров. Во својот труд „Уништувањето на Охридската архиепископија“ авторот неведува повеќе причини зошто Цариградската патријаршија не успеала да ја елинизира Македонија. Во тој контекст тој вели: „ Ако Цариград не можал да ја елинизирани Македонија во текот на неколковековниот византијски јарем, кога тој разполагал со сите средства за асимилација (воени, политички, социјални и културни), тогаш уште помалку тој бил во можност да го изврши овој тежок процес во турско време кога грцизмот можел да се служи за оваа цел главно преку црквата и училиштето и неговото влијание било се повеќе ограничувано од влијанието на владеачкиот народ – турскиот, кој образувал големи јадра во македонските градови и бил во постојано општење со македонското население. Освен тоа, и времето веќе не беше погодно за елинизирање на Балканот. Прво во XVIII век, ... бил подготовка на национализмот во XIX век. Големото ... движење во западна Европа предизвикало стремеж кон просвета кај австријските славјани и во Русија, a преку нив и кај балканските славјани. Српскиот град Карловци во Австрија со своите, по европски образец формирани училишта и книжевни изданија, искрел со будителни зраци од сам Дунав. Под влијание на истото движење се зацврсти и грчката просвета. Создадени биле високи грчки училишта како Атонска академија на Евгенија Булгарис, школата на Геофил Каири и Адамантиос Кораис, Букурештската беговска академија и др., кои преку учество во нив на (македонски) младинци го ширеле грчкиот книжевен јазик по (македонската) земја, но истовремено ја буделе во нив и критична мисла за стварност. Француската револуција, која го потресе стариот безправен свет и го изменила животот на цела Европа, била друг негативен услов за насилно менување на една историска народност. Нејзините ослободителни идеи кои влијаеле дури и на турскиот султан Селим III да ја реформира Турција (1794г.), не можеле а да не засегнат и духовете на потиснатите народи. Издигнувањето на Русија како голема сила со стремеж кон Дунав и Цариград исто бил историски настан што порано или подоцна тежнеел да го спречи панелинскиот сон на Фенер. Честите војни со Турција во XVIII и XIX век го поставувале населението (на Балканот – н.з) во блиски односи со рускиот народ и го поддржале... неговиот славјански дух. Социјал-економскиот развој..., исто така била голема пречка за елинизација. Војните на Турција со Австрија, Русија и Франција во XVIII век, безредијата од крџалиите и месните паши сосема ја ослебеле (империјата –н.з), а турското население значително се проретчило и населението од селата, поради дивеењето на разбојничка чети, бегало во далечните планински села или во градовите. Така се создале нови ... комерцијални и индустриски центри како во Разлог првен со Недоберско (Доб’рско од половината на XVIII в.), а потоа Банско (од крајот на XVIII в.), каде била сосредочена целата трговија со памук од Серско и Драмско, разнасена во Бугарија, Босна и Виена; Велес, кој тргувал со жива стока од Овче поле, сурови кожи, обработена кожа и вино; Штип, кој тргувал со земјоделски производи од Брегалничката долина,... и Неврокоп со големите саеми и др. Освен трговијата, (Македонците н.з.) имале во свои раце и занаети како што покажуваат прекарите на многу .... фамилии со турскиот завршеток џи и хи (Кувенџиев, Бојаџиев, Сахатчиев, Казанџиев, Абаџиев, Јорганџиев и др.). Општите професионални интереси ги потикнувале занаетчиите да се организират во еснаф, кои по својата природа биле здрава потпора на ... етничната самобитнoст. Од друга страна Охридската архиепископија била уништена по полувековна борба за независност и автохтон дух. Оваа борба, несомнено, го засилило чyвството на самостојност кај (македонскиот народ н.з) и го исполнила со недоверба и непријателство кон Фенер. Може да се каже, тоа било етапа кон национално самоопределување... Во врска со оваа борба биле да се зацврстат спомените за св. Седмочисленици и другите ... светии со издаваните во Москополе житија на служби, во коипто се насликани со силни светли бои духовното величие ... и со тоа се предизвикувало кај охридското паство љубов кон (Охридската н.з) црква и се засилува чувството на етнична посебност. Поради овие свештени спомени препородот започна нај-напред во Македонија? ...Возторжената охридската книжнина ... ги возбудувала и пројаснила духот... и го раскинувала мракот на елинизмот, со силен противотров меѓу елинскиот отров.“
„Таа се состоела од живи луѓе со силно чувство за лична, семејна и родова чест, со способност да ги чувствува обидите и неправдите на инородни и иноверни притеснители. Тоа не ја изгубило чувство на праведност, со што се издвојувало во старо време, a најважно е дека тоа ја познавало своета ропска положба и внатрешната разлика помеѓу себе и властелините, прикривајќи во градите незадоволство од ситуацијата и копнеж за подобрување. На места во отпорот против грчкиот јарем населението наоѓало поддршка во месните паши кои се однесувале со симпатии кон него - како ... тетовскиот Реџеп паша, скопскиот Амзи паша, кој се прочул во целиот Скопски пашалак со својата строгост, справедливост и покровителство над (македонското н.з.) население. A учеството во нивните војски како и во борбите против крџалиите и делибашиите, несомнено, ја подигнувала самодовербата на населението и го развивала бунтовнички дух. Тогаш се појавуваат и народните бранители - ајдути со добро вооружени чети како ... Кузман Капидан - защитник на Охридско од дебраните и др. Ајдучките песни кои се пееле по седенки, на свадби и крштревки, исто така ја одржуваат во народот слободарскиот дух. .. Како иначе да се објасни фактот дека... скопјани на чело со хаџи Трајко Рекали од 1828-1833 смениле 5 грчки владици поради нивното среброљубие?“ Авторот во продолжение вели дека самиот Фенер немал приспособени органи за елинизација. Опишувајќи го делувањето на владиците на Цариградската патријаршија во земјата тој ќе посочи дека едни не сакале, a други не умееле да работат за таа цел, но и на следното: „.. Несомнен факт е дека како во светогорските грчки манастири (Ватопед, Ксенофон и Филотеј) биле спалувани и фрлани во морето славјанските ракописи како ἀρχηστα πράγματα (бескорисни нешта), така и во (македонските н.з) епархии биле спалувани и уништувани славјански книги, но по чија наредба било правено тоа, не се знае за секое место. Во Серско манастир "Св. Ив. Претеча" биле изгорени славјански книги од "некој ѓавол ..", како што се изразиле монасите пред рускиот научник В. Григорович. Овој ѓавол не ќе да дејствувал без знаење на Серскиот митрополит. За славјанските книги во охридскиот манастир "Св. Наум" истиот научник истакнува дека тие биле изгорени од претходниот игумен Дионисиј (анадолски Грк) и дека охридските првенци се пожалиле на "тоа неопростливо варварство"... Во време на скопскиот митрополит Захариј во 1792 година уништени се славјанските книги во Марков монастир. Според сведоштвото на игуменот на Марковиот монастир Хрисант од 1799 година, исто и скопскиот митрополит Антим, ограбувајќи ги "сираците и вдовиците", не ги штедел и манастирите и црквите... Непријател на (славјанската – н.з) просвета бил и битолскиот митрополит Нектариј (малоазиски грк), само што тој се стремел да дејствува не преку насилство, туку преку постепено ширење на грчкиот јазик меѓу населението. Со таква цел тој го потикнал москополскиот аромун поп Даниил да состави речник на грчки, влашки, бугарски (македонски н.з) и албански и го издал со свои средства во 1794 година..“ Воопшто имало доста грчки владици кои ја презирале македонштината, а народот обземен од недоверба и страв, се затворал во себе и љубоморно ја чувал народната душа од промени преку спомени, песни, обичаи и преку сон за слобода. Сведоштво за тоа се јуначките песни и историски споменици, кои тој никогаш не ги напуштил. Едноставно, народната енергија била во статична состојба, во состојба на одбрана против лошото надворешно влијание, за да помине потоа во динамична борба за уништување на пречките за слобода на развојот.Снегаров за преминот во фазата на преродбата ќе забележи: „Грцизмот пропуштал само чад, кој ја засткривал "зората на народности во простиот народ"... Без чување на неговиот духовен облик, не може да се објасни преродбата, кое било распоредување на огромна национална енергија, бидејќи не може да се појави еден природен процес без задржани елементи. Колку големи страдања и да е претрпел, народот не го изгубил односот со минатото, со национална памет. Фактот дека од него преку втората половина на XVIII в. и првата половина на XIX в. се појавила целата плеада народни будители и борци јавно сведочи дека (македонската – н.з.) маса не била без етнично чувство бидејќи тие биле манифестации на духовни заложби и копнежи на средината, од која излезе. Познато е дека ... Скопското село Кучевишта, родното место на митрополит Натанаил, водело напорна борба со скопските грчки владици за селскиот манастир "Св. Архангел". И родните места на другите дејци како тетовското село Теарце, Велес, Струга, Дојран, Тревна, Елена, кои сега се типични (македонски –н.з.) села, без друго и пред преродбата претставувале чисти целини со живо народню чувство. Дека народот ја пројавувал својата ...национална индивидуалност, сведочи и фактот дека патешественици во турско време добро го разликуваат од неговите соседи, дури и од Србите... Фенер не можал да го уништи или да го измени јазикот на покорениот (славјански –н.з.) народ. (Славјанскиот н.з.) јазик продолжил да господствува од Дунав до Бело Море и од Охридското Езеро до Црното Море. За оваа причина, која барала просвета на овој народ, требало да се пишува на својот јазик... Така се појавиле книги на простоговорниот .. јазик и се ширел во многу преписи... Со истата цел македонскиот книжовник х. Јаким составил и преведувал поучни книги.., исто така и неговиот другар Кирил Пејчинович. Доминација на (македонскиот - н.з.) јазик во Македонија го натерало москополецот поп Даниила да издаде два пати (1794 и 1802 година) четверојазичник, во кој ..го употребил охридскобитолското наречје... Дури и во црквите и училиштата насекаде не господарел грчкиот јазик. Во манастирите по Стара .... Осогово, Плачковица, Црногоријата, Шар, Бабуна, Демир-Хисар, Тиквеш, продолжува да вирее славјанската писменост и непрекинато се воделе обуки на црковнославјански јазик. Воопшто манастирите биле брана кои го одбивале грчкото влијание врз масата, и фарови, кои низ помрачениот ум од грчка магла верно му го укажуваа на народот историскиот пат... Многуте црковно-славјански приписки во стари книги и одделни летописи од разни места сведочат дека во селата и многу градови е доминирала црковнославјанската писменост. Кон 30-тие години на XIX век имало славјанска обука во Скопје, Велес, Прилеп, Куманово, Кратово, Банско, Неврокоп .. и др. Омразата на простиот селанец кон грчкиот јазик била голема, така да чичкото на дедо Натанаил Охридски, Стојко, секој ден му велел: "Дете! Да не учиш на овој грчки, цигански јазик, зошто ќе то отсечам јазичето".... – пишува Снегаров во својот труд за падот на Охриската архиепископија. |