|
||||
Бигорски доби скапоцен подарок од Бугарија |
Бгорскиот манастир добил скапоцен и редок подарок од двајца зографи од Бугарија, кои изработуваат икони во подзаборавени иконографски техники, слична на древните мајстори. Станува збор за икона со ликот на Светите Кирил и Методиј, што Димчо и Антонија Димчовски од Р. Бугарија и ја подариле на Бигорската Обител. Овие двајца неверојатно надарени зографи, живеат и работат во малото планинско село Гостилица и изработуваат од минијатура, па до царски икони, и тоа во традиционален византиски стил, користејќи злато, сребро, опков, емајл, бисери, полудраги камења… -Торжествениот и достоинствен пречек ја покажа неизмерната почит, љубов и благодарност на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, и целото братство, кон апостолското дело на Светите Првоучители и Покрстители, а големата благодат што притоа се излеа, несомнено сведочи за духовното присуство на овие наши возљубени Пастири на родот словенски. Токму затоа, краткото поздравно слово на Старецот беше исполнето со голема благодарност кон Бога, Светиите и сите оние што ни ја овозможија оваа голема радост, велат од Бигорскиот манастир. Религија.мк ГАЛЕРИЈА:
|