|
||||
Градовете на Приморска Македонија меѓу двете светски војни – Сер |
„Полусрушените камини станале засолништа на бувови и кукумјавки, а гнилите подови, сврталишта на змии и гуштери. Во непроодем плевел се обраснати дворовите, а на местото на нивите се никнати млади шуми. Нивите, наредени терасовиден една над друга, оддржувани во ред само со помош на големи потпорни ѕидови, денес се сливат во една заедничка пустош, бидејќи ги нема веќе оние кои со бескрајно упорен труд успеале да извадат живот во овие неплодни места. Во нив само коравиот Македонец можел да живее. Ниту еден грчки бегалец не е дојден да го заземе неговото место. Toа и денес стои слободно, како сведоштво дека секоја земја го бара својот претходен господар.“ – пишува Димитар Атанасов во својот труд „Градовите на Приморска Македонија („Македонски Прегледъ“, год. X, кн. 3-4, София, 1936). Сер е македонски град во североисточниот дел на Егејска Македонија, расположен во јужното подножје на планината Шарлија, на реката Серовица во Серското Поле, на 24 километри од реката Струма и 69 км североисточно од Солун. Според Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика) во 1900 година, Сер има 28.100 жители од кои речиси поливината биле христијани. Во текот на Втората балканска војна, Сер е окупиран од грчката армија, а по поделбата на Македонија во 1913 година во Букурешт, останува во рамките на Грција, Грчките војски ги пљачкаат егзархиските училишта, цркви и болниците, а 250 лица (чиновници, учители, свештеници и др.) ѕверски се убиени во зградата на егзархиската женска гимназија. Градот на поетот Маихаил Сматракалев, по Првата светска војна останува во рамките на Грција, која по договорите со Бугарија и Турција, на место на протераното македонско и турско население го населеува со грчки бегалци од Мала Азија, Бугарија и Тракија. Авторот Димитар Атанасов во својот осврт за колонизацијата на Сер, го бележи следното: „Серско поле, сместено меѓу Беласица, Шарлија и Боз-Даг (Драмски Боздаг – н.з) од една страна и Круша-планина и Бешикдаг (Богданска или Бешишчка планина – н.з.) од друга страна, беше пред пресушувањето на голем дел од Тахино езеро најпространото поле не само во Приморска, но и во целата Македонија - со 1270 квадратни километри, напојувано изобилно, дури и повеќе од колку што е потребно, од река Струма. Во тоа не само широко и добро напојувано но и ниско и топло поле природните услови се извонредно поволни за различни ценети земјоделски култури кои биле садени тука уште од најстаро време. Сред ова големо и плодно поле не можеле а да не изникне уште од старо време еден голем град. Затоа нема ништо чудно во тоа што днешниот град Сер се споменява уште во V век пр. Хр. Од тогаш наваму Градот често, но не постојано, се споменува како голем град. Како доста голем град Сер суштествувал и за време на турското ропство; кон крајот на минатиот век кога според В. К’нчов (Патуване по долините на Струма, Места и Брегалница, СбНУ, II. X, 1894, стр. 481) броел околу 27.000 жители, од кои 12.000 христијани, 13.000 муслимани и 2,030 Евреи. .. Денешниот град, кој главно се разликува од предвоениот Сер, што тоа би можело да се подразбере уште од фактот дека пред војните половина население се состоело од муслимани кои денес се иселени и заменети од многу побројни грчки бегалци. Од најстарите дел на градот, Варош, кој се наоѓа непосредно под Хисар, забележителен пред Балканската војна со своите криви и тесни улички и стари куќи, не остана ниту трага. Денес на нивно место се издигаат двокатни и трикатни, сосема модерни згради, наредени долж прави улици, некои од кои се искачуваат прилично високо по падината, посеана со многу лозја и вили. Овој дел на градот има воопшто сосема модерен изглед, без никаква трага од минатото. Ова се должи меѓу другото и на енергичните кметови на овој град, кои еден по други се ределе од војната наваму со амбиција да го модернизираат градот. Во овој поглед тие успеале премногу. Денес воопшто многу ретко се наоѓаат траги од стариот град, кој се одликувал со своите тесни улици, повеќе од нив слепи улици - корсокак. Во оние населби, во кои амбициозните кметови - реформатори наидувале на силен отпор, тие лесно го совладувале со предизвикување намерни пожари кои само за неколку часа отварале широко место за изградба на праволиниски улици кои денес го крстуваат градот под прав агол од запад кон исток и од југ кон север. Централната улица е онаа која води кон железничката станица, која се наоѓа на југ од градот, право кон север и завршува на широкиот нов плоштад, околу кој се изградени новите јавни згради. Оваа извонредно добро послана улица која оди првично помеѓу два големи и убаво подредени расадници, потоа поминува помеѓу затворот и жандармериските касарни за да навлезе едвај во градот. Тука од двете страни се наредени големи ресторани, кафулиња, слаткарници, кина и други забавни установи. Подоцна околу полноќ на оваа улица се слуша весела врева. Тоа е корзото на Сер кое се пресекува од две други улици, кои се развлекуваат од запад кон исток. Појужната од нив претставува продолжение на патот, кој доаѓа од Солун. Оваа улица претставува денес економско средиште на градот и постојано е жива. Паралелно со неа посеверната улица е потивка, со не многу големи но уредни и пријатни куќи. Целиот овој кварт, кој минува постепено на север во веќе опишаниот Варош, има карактерот на така наречените "аристократски маала" во големите европски градови. Оваа улица поминува на исток во патот за Драма. Интересно е дека дури до крај, до кавалериските (коњички- н.з.) касарни, оваа улица го задржува својот карактер, па преодот од градот кон полето е вонредна остар, нешто што ретко може да се види во градовите на Балканскиот полуостров. Но што уште поинтересно, наспроти тоа дека во градот се населиле многу повеќе бегалци отколку што се иселени Турци и (Македонци- н.з), речиси никаде не се гледаа бегалски куќи кои се така типични за Солун или пак и за некои други градови. Само на југозапад од градот се гледа еден прилично пристоен бегалски кварт. Само при влезот во градот од запад, од Солун и Демир-Хисар при пешадиските касарни може да се види еден повеќе западнат кварт, како горе-долу солунските населби по патот од Солун за Кукуш и Ениџе-Вардар. Со еден збор кажано, 40.000- от Сер има во сите свои делови градски изглед што му недостасува на Солун. Сер при тоа е многу пооживеан од Солун и со очигледни знаци на благосостојба. Причини на прв поглед за такво разлика недостасува. И тука и таму, и во Солун и во Сер значителен дел од населението работи во тутунските магацини, во кои работата е много евтино платена и непостојана. Особено летно време се распуштени речиси сите фабрични работници. Сепак, токму во тоа време работниците от Сер се ангажираат на работа во претпијатијата за одводнување, вршени от англиската компанија Улен. Таа ce зафатила за одводнување на Тахино езеро, работа, која е започната веќе пред 6 години и ќе трае уште 3—4 години најмалку. Работите се извршуваат со средства од големиот бегалски заем, доделен на Грција преку Лигата на Народите. Парите се трошат доста внимателно и во поголем дел доаѓаат во рацете на серските граѓани, кои токму заради тоа успеале основно да го обноват градот. Во Сер е дирекцијата на компанијата, која располага со голем раководен персонал, цел штаб техничари и огромни магацини, около кои наоѓаат добро платена работа мнозина од градаот. Големи групи од Сер работат и на големиот мост на Струма по патот за Нигрита, други групи работат на изградбата на големиот насип, кој треба да ги да канализира водите на притоците на Струма, кои доаѓаат од север. Така денес, по канализирането на самата Струма, не можат веќе да се влеат право во неа. Одводнителните работи преземени околу Струма, придонесоа не само директно но и индиректно за напредокот на градот Сер. Пресушените земјишта на селата во полето беа посеани ко индустриски растенија, главно памук кои врз чистата почва даваат обилна жетва. Ова доведе до вистински равој на некогаш малите села во полето, во кои покрај бегалците од Мала-Азија и Кавказ има задржани и доста (Македонци – н.з.). Развојот на полските села не можеше да не доведе до развој и на главниот градски центар на полето - градот Сер. Интересно е дека како околу Лагадина и тука во Серско контрастот меѓу планината и полето во однос на населеноста вонредно многу е засилен после војните. Додека полските села го зголемиле вонредно многу населението, планинските села на север од Сер останале речиси без нсселение, а некои се сосема запустени после протерувањето на старото (македонско – н.з.) население. Таков е случајот например со селата Дреново, Карлју-ќој и Мрамор. А пак селото Баница, изгорено од Турците во 1903 година, исто така останало пусто и до денес. И во четирите овие села лоцирани прилично високо во планината, денес нема никаква жива душа. Пропаднати се покривите на некогаш убавите двоетажни куќи, и денес атмосферските води слободно течат по уметничко испишани ѕидови; а подотворени врати и прозорци, полуизгниани, а на места сосема паднати, страшно изгледаат бидејќи биле оставени од избеганото население. Полусрушените камини станале засолништа на бувови и кукумјавки, а гнилите подови, сврталишта на змии и гуштери. Во непроодем плевел се обраснати дворовите, а на местото на нивите се никнати млади шуми. Нивите, наредени терасовиден една над друга, оддржувани во ред само со помош на големи потпорни ѕидови, денес се сливат во една заедничка пустош, бидејќи ги нема веќе оние кои со бескрајно упорен труд успеале да извадат живот во овие неплодни места. Во нив само коравиот (Македонец н.з.) можел да живее. Ниту еден грчки бегалец не е дојден да го заземе неговото место. To и денес стои слободно, како сведоштво дека секоја земја го бара својот претходен господар. Очигледно е дека две различни причини - големи етнични промени и значително зголемување на отводнителните работи околу Струма предизвикале една основна промена во населбените односи во и околу Серско поле после последните војни. Ова е уште еден и тоа доста типичен пример за големото значење на политичките настани за населбените односи кои тука не даваат ниту најмалку од видот на привремената состојба. Ништо не дава повод да се мисли дека после извесно време старото положба - повеќе равномерна распределба на населението помеѓу високи и ниски места - ќе се оправи. Овие промени кои така јасно можат да се набљудуваат во Серско и Лагадинско, изгледа да отговарат на еден процес кој бил назрел и кој чакал само еден надворешен импулс за да се изврши. Овој импулс беше даден со делумно протерување на (македонското - н.з.) и целосно иселување на турското население. Денес во Македонија под грчка власт покрај интензивната колонизација има огромни ненаселени територии кои остро удираат на очи во споредба со густо населените полиња и големите преполни градови. Од оние кои се развиле како локални центри, преуспеваат повеќе или помалку. Само Солун, кој ce развивал во текот на вековите како центар на една голема географска единица - Македонија во нејзините природни граници – денес поради поделбата на оваа единица е во декаденција. Оттаму е и острата разлика помеѓу овој агломерат со селски карактер од една страна и модернизираните градови Сер, Кукуш и Лагадина од друга страна.“ Само за потсетување, иселувањето на Македонците доби широки размери по потпишаната конвенција на 27.XI 1919 година меѓу Грција и Бугарија за „доброволна" размена на население. Тогаш беа насила протерани и преселени во Бугарија повеќе десетици илјади Македонци од Грција. Нов бран иселувања се случи по грчко-турската војна (1919 - 1922). По склучување на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Грција и Турција за размена на муслиманското и христијанското население во двете држави, во текот на 1924 година, околу 40 илјади муслимани од македонско потекло, беше преселено во Турција. Истовремено, во Егејска Македонија се населуваа бројни групи Грци од Мала Азија и Кавказ. Како последица на извршените преселувања по Првата светска војна, значително се измени етничкиот состав на населението во северна Грција на штета на Македонците, а во полза на Грците. Во 1920 година населението на Егејска Македонија броеше 1.090.349 и неговото мнозинство го сочинуваа главно Македонци и муслимани; во 1928 година, пак, тоа достигна 1.418.477 жители благодарејќи на неколкуте стотини илјади доселени Грци. Македонска нација |