Среда, 04 Јануари 2017    PDF Печати Е-пошта
ФОТОГРАФИЈА НА МЛАДОСТА

fotografija

Мошне често, прелистувајќи ги моите семејни албуми, во мислите ми се наметнува едно те исто прашање: 
Што заправо преставува фотографијата?

Во некаква етимолошка смисла на зборот, фотографијата ја разбирам како пишување, односно цртање со светлината, зашто фотографијата функционира токму на принципот на светлината и нејзиното влијание врз хемиската база односно филмот. Иако многу малку ми е познат начинот на фунционирањето на денешниве дигитални апарати, ама за мене фотографијата секогаш ќе биде она парче хартија што го нарекуваме позитив, а се добива од негатив. Објектот што го сликате, секогаш е позитивен, а вие го правите негативен, за потоа повторно да го произведете во позитивен.

За да добиете нешто бело на фотографијата, тогаш првин треба да направите белото да биде црно, а црното - бело. И потоа ја повторувате постапката, па белото го направите црно, а црното - бело. Најбитното од се е она што треба да научите да работите во темно. Едноставно, треба да знаете да живеете и творите во темна просторија. До филмот што сакате да го развиете не треба да допре никаква светлина. Слично како во политиката, зарем не?

Иако во основа, фотографијата значи помнење и репродуцирање на некој настан, случка, опис или било што друго кое влегло во нашата меморија, сепак ваквото размислување не се однесува и на одредени настани. Пример, кога ги прегледуваме фотографиите од матура, свадба или годишен одмор од пред неколку децении. Тука, кај овие фотографии, работата не е во тоа што многу сме се промениле и тешко се препознаваме самите, туку во неможноста да се поверува дека токму ние навистина сме биле на море или дека сме биле безгрижни исто онака како што изгледаме на самата фотографија.

Сепак, ако мислите дека фотографиите служат само како спомен на едно време, тогаш се лажете. Има многу примери од некое време на нашата младост, кога луѓето, едноставно, исчезнуваа од фотографиите. Некој ќе каже дека тоа време е далеку зад нас. И ќе биде во право. Денес има многу пософистицирани методи за исчезнување на луѓето отколку да се бришат од фотографијата.

Како и да е, има и други, слични, но многу подрастични примери. Сте ги виделе ли, да кажеме, фотографиите на билбордите на претседателските кандидати? Тие се се друго, само не се верна копија на оригиналот. Не знам, можеби и нивните фотокопии не можат да излезат полоши од оригиналот.

Кога разгледувам стари и нови фотографии, многу често ми паѓа на ум да земам ножици и убаво да ја прекројам својата и општата историја. Понекогаш тоа и го правам, бидејќи само иднината е сигурна. Минатото многу често се менува.
Ние едноставно, сме феномен на иднината.

А што се случува со младоста и дали навистина ние ја живееме сопствената младост?
 
Тука ќе речам дека секој може да даде сопствен одговор на овие прашања. Среќен сум што и јас живеам сега и овде, и сум среќен со она што го правам, среќен сум со она што го имам и уште посреќен со некои работи кои ги немам. Го живеам сопственото совршенство . Ете тоа е за мене младоста, онаа дефиниција што може секој да ја даде.

Можеби ќе речете дека на моменти сум субјективен, но и тоа е една од карактеристиките на луѓето кои имаат став за многу животни прашања. Иако понекогаш се плашам за она што не чека, но нели е природно човек да се плаши од непознатото? Да, природно е, секоја чест на оние кои можат да се надвиснат и над природата. Јас не сум од тие!

Мене ме плаши едно друго нешто, една друга појава во која сите ние сме само кукли , марионети а конците од истите се во рацете на старите мајстори, оние кои сметаат дека само тие најдобро си ја знаат работата. И како ќе решат тие, така и куклите ќе се движат.
Се разбира, зборувам за реалноста на еден ѕвезден дел од младите кои се буквални марионети на постарите.. ако сеуште тоа може така да се нарече.

А што е со стравот во младоста?
 
Ако во деведесетите години од минатиот век се живеело како риба во аквариум, ние сега живееме како риби во море, без страв дека ќе завршиме на брегот на некој „голи оток“ ако размислуваме гласно. За разлика од денес, порано многу сведоштва од минатото се раскажуваа зад затворена врата, секогаш во штрек и опрез „некој да не те прислушкува од надвор“ .
Сега нема такви стравови,сега се нови времиња,нови околности. Колку време и да помине секогаш ќе го има она новото. Најважно од се е да можеш во него да се снајдеш,да се пронајдеш,да се издигнеш над него за да успееш, да имаш правилна перцепција за да знаеш да му завртиш грб на ветрот кога ти дува во лице за да неможе да те тера назат, туку само да те турка напред.

Ова време не е време на стравови,туку на сопствени ставови кои можеш да ги кажеш, другите можат да ги напаѓаат, но не и тебе лично зашто се должни да те почитуваат..

Наша звезда водилка треба да биде младоста и полетноста, да бидеме пред времето за да успееме во нашите намери и цели но и цврсто да се спротиставиме на погрешните опции кои ќе пробаат да ни се наметнат. Да знаеме во дадени моменти и да простуваме бидејќи сме деца на исто сонце,. Секогаш треба да бидеме спремни за промени кон подобро, за да можат нашите најблиски гордо да гледаат на нас. Ете такви треба да бидеме, да учиме од минатото за да си ја создадеме иднината.

Ако „никој не е вечен на овој свет“, тогаш вечни нека бидат спомените за нас, нека велат дека сме биле храбри, дека сме голтале и ќе голтаме многу без да се задавиме ниту еднаш, тоа е успехот. Единствена граница нека ни биде само небото. Нека ни бидат вечни делата.

__________________________________
Боге Војноски - автор на текстот

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.