Среда, 01 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
Појава на богомилството

sv-naum-i-bogomilite

Богомилството е верско учење во средновековна Македонија и пошироко. Се појави како реакција на социјалното раслојување што настана како резултат на воведувањето на феудализмот и на поддршката на власта од страна на официјалната христијанска црква. Богомилството било дуалистичко учење според кое реалниот свет го создал не Богот, туку ѓаволот. Богомилите го отфрлале крстот како свој верски симбол, не граделе цркви и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека Исус не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по попот Богомил, по кого, пак, е наречено селото Богомила.

Крајот на 9 и почетокот на 10 век е означен со крупни промени во општествената структура на македонските племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на бугарскиот цар Симеон (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во Бугарското царство. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските општини. Во овој процес била вклучена и црквата, која добивала поседи како подарок од владетелите. Така црквата почнала да станува една од најсилните феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на монархијата, во одбрана на вака поставениот општествен поредок.

Околностите во кои се нашле Македонците, посебно се влошиле во средината на 10 век, за време на владеењето на царот Петар (927-969), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи. Во едни такви критични историски услови, се појавило силно народно движење, за верско и политичко ослободување - Богомилството.

Власта и официјалната христијанска црква жестоко ги прогонувале богомилите, поради што богомилството замрело. Покрај тоа ги палеле богомилските книги, поради што денес малку се знае за богомилството и тоа пред сè од списите на нивните противници, каде богомилските ставови биле критикувани.

Богомилите во Македонија се појавувиле во времето кога на бугарскиот престол бил Петар (927- 969). Од ова време не се зачувани богомилски книги, иако според многу извори тогаш ги имало доста. „Основен извор за појавеното богомилско движење во Х век е Беседата против богомилите од Презвитер Козма. Како заштитник на интересите на бугарската црква, Козма го напишал ова дело со цел да ги разобличи богомилите, да го осуди нивното движење и да ги оттргне масите од нив, да не станат ’еретици‘ – богомили.“

Движењето го започнал попот Богомил за чие постоење нема сомнение. Тешко е точно да се одреди каде се појавува ова движење, но сигурно е дека се појавува во Македонија. Според легендата, попот Богомил бил по потекло од селото Богомила, велешко, а живеел и се криел на планината Бабуна. Богомилите биле под влијание на манихејството, но и на старата словенска религија. Тие верувале дека светот е борба на доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто.

Богомилите учеле дека отпрвин постоел добриот Бог, којшто ја создал огромната вселена, составена од четири основни елементи - оган, вода, воздух и земја. Добриот Бог создал седум небеса во огромната вселена, и тоа било неговото царство. Божјото царство Бог го управувал со помош на својот син Сатанаил, познат и како Самаил, ѓавол и мамон, како и со помош на голем број ангели. По извесно време, Сатанаил го изневерил татка си: откако привлекол на своја страна дел од ангелите, решил да создаде свое царство на седмото небо, ветувајќи им на своите следбеници ослободување од тешките даноци. Но, Бог го открил заговорот. Сатанаил и неговите ангели ги спуштил на земјата, и ги лишил од короните, алиштата и венците. На земјата Сатанаил почнал да си гради царство: создал мориња и океани, наредил на земјата да растат растенија и да се одгледуваат животни, а во морињата риби. Откако го направил тоа, решил да го направи и човекот, кој ќе личи на него и ќе му слугува. Така според богомилските сфаќања биле создадени Адам и Ева.

Ваквите сознанија за потеклото на човекот се среќаваат во повеќе богомилски книги, во прв ред во апокрифот „Јованово евангелие“, познат и како Тајна книга, напишан веројатно во 12 век.

Богомилите биле против официјалното христијанство и против црквата, не граделе храмови и не признавале празници. Тие дури го отфрлаат и Стариот Завет поради својата суровост и не ја признаваат државата. Нивното учење било во голема мера револуционерно. Богомилите не прифаќале да носат оружје и да водат војни, поради што се жестоко казнувани од сите држави до каде што стигнале. Ги казнувале Византијците, бугарскиот цар Петар и српскиот владетел Стефан Немања. Тие се прошириле и до Хрватска и Босна и Захумље (денешна Херцеговина), каде што биле прогонувани од страна на католичката црква. Богомилите нашле засолниште во босанските планини и се прошириле до таа мера што станале официјална црква наречена - Црква Босанска. Богомилството го прифатил банот Кулин и ги штител богомилите и од Византија, Унгарија и Рим. Исто така, богомилите ги отфрлувале странските имиња, грчки и еврејски под влијание на Библијата, и имале само словенски имиња како: Годин, Љубомир, Твртко, Радомир, Мирослав, Болеслав, Драгомир, Владимир, Драгош, Будислав итн. Тие ги отфрлаат и грчкото и латинското писмо и документите зачувани во Босна се пишувани на старото кирилско писмо и на писмото познато под име: „Босанчица“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.