|
||||
ЕНЕРГЕТСКА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ХИДРОГЕОТЕРМАЛНИ РЕСУРСИ |
Према видот и степенот на искористеност хидрогеотермалните ресурси во Република Македонија засега се искористени во многу мал обем. Најголем дел од хидрогеотермалните ресурси се користат во бањите за балнеолошки цели. Према статистиките хидрогеотермалните ресурси учествуват со 0,4 % во вкупното производство на енергија во Република Македонија. Валоризацијата на овој ресурс треба да добие на значај пред се што се работи за: - еколошки чиста, енергија; - обновлива енергија; - релативно евтина енергија и - исцрпување на јаглените, скапата експлоатација и еколошки нечиста енергија. Согласно досегашниот ниво на експлоатација и искористеност “Банско” и “Кочани”се понапред во однос на другите локлаитети каде се искористуват термалните и термоминералните води. Проект “Банско”се одликува со: - капацитет на експлоатација 55 l/s; - температура на вода 70 0C; - максимална расположива геотермална моќ 10,3 МW и - моментално експлоатиран капацитет е 6,7 MW. Во моментот максимално расположивата геотермална моќ од овој локалитет од 10,3 МWх/год одговара на 984 т/год мазут. Ако се земе предвид дека цената на геотермалната енергија е 50 % пониска во однос со енергијата добиена со мазут, а која од прилика изнесува околу 0,4 $/kg., јасна би била годишната заштеда. Со планираните инвестиции во наредните години во развојот на овој геотермален проект се очекува правилно снабдување со топлина на корисниците и рационално искористување на енергијата, каде искористената енергија би била околу 15 МWх/god, т.е.количина на енергија која би одговарала на 1433 t/god мазут. Проект “Кочани” се одликува со: - капацитет на експлоатација 300 l/s; - температура на вода 77-78 0C; - максимална расположива геотермална моќ 67 МW и - моментално експлоатиран капацитет е 53 МW. Потенцијлот со геотермалната енергија од овој проект према пресметките би одговарал на околу 8000 t/god нафта, што значи дека овде заштедите во енергија би биле 5–6 пати поголеми во однос на проектот “Банско”. ПРИМЕНА НА ТЕРМАЛНИТЕ И ТЕРМОМИНЕРАЛНИТЕ ВОДИ Примена на термалните и термоминералните води за загревање на стакленици за производство на раноградинарски производи Согласно досегашните искуства во експлоатацијата на термалните води за загревање на стакленици за производство на раноградинарски производи се користат водите од наоѓалиштето во “Истибања” – Виница, “Подлог” – Кочани, “Смоквица” – Гевгелија и дел од водата во “Банско”- Струмица. Досегашниот степен на искористеност на термалните и термоминералните води е на доста ниско ниво, а на тоа укажува и податокот за вкупната површина која се загрева за производство во земјоделието. Се наметнува потребата од рационално користење на водата т.е. по нивното искористување во процесот истата да се догрева и повторно да се користи. Прегледот на површините кои се затоплуват за оранжериско производство од наведените геотермални наоѓалишта е даден во табела 1. Табела 1. Преглед на површини кои се затоплуват за оранжериско производство со водите од наоѓалиштата “Истибања” – Виница, “Подлог” – Кочани, “Смоквица” – Гевгелија и “Банско”- Струмица
Примена на термалните и термоминералните води за централни греења Досегашното искористување на термоминералните води за централни греења е незабележително т.е. истото е на доста ниско ниво. Искористеноста на истите по локалитети е прикажано во табела бр. 2. Табела 2. Преглед на искористеност на термоминералните води за затоплување по локалитети
Примена на термалните и термоминералните води во индустријата Примената на термалните и термоминералните води во индустријата засега е на многу ниско ниво. Едино термалните и термоминералните води од Кочани во мал дел се користат во хартиената индустрија и за потребите за сушењето на ориз. Искористеноста на геотермалната енергија од термалните и термоминералните води во индустријата е дадена во табела бр.3. Табела 3. Искористеност на геотермалната енергија во индустријата
Примена на термалните и термоминералните води во бањи Во поголем дел од објектите со термални и термоминерални води во Република Македонија се користат во балнеолошки цели. Република Македонија располага со голем потенцијал со термални и термоминерални води кои представуват солидна база за развој на бањскиот туризам, но засега истиот е на ниско ниво на искористеност од причина што се потребни поголеми инвестициони вложувања. Прегледот на локлаитетите кои се користат за балнеолошки цели е даден во табела 4 Табела 4. Преглед на термални и термоминерални бањи во Република Македонија
|