Оваа информација била приготвена во Министерството за Економија Скопје, декември 2012 година. Подготвил: м-р Костадин Јованов Со усвјувањето на Информација од извршениот увид и детална анализа кај концесионерите кој вршат експлоатација на термоминерални води со цел да се утврдат количините на води кои би биле на располагање за изградба на нови објекти т.е. постапувајќи по заклучоците содржани во истата се дава можност за регулирање на искористување на термоминералните води и до други заинтересирани лица, како и решавање на одредени прашања поврзани за земиштето со цел забрзување на процедурите за изградба на спа-објекти од страна на заинтересираните концесионери и други субјекти. Согласно Извадокот од нацрт – записникот од Деведесет и третата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 30.10.2012 година беше формира работна група од стручни лица со цел да изврши увид во рационалноста на искористувањето на термоминералните води од страна на концесионерите и создавање на услови за приклучување на нови заинтересирани субјекти за користење на термоминералните води за потребите на развој на бањскиот и спа туризмот во Република Македонија. Работната група во состав м-р Костадин Јованов од Министерство за економија, Ештреф Имери од Државен инспекторат за техничка инспекција, Стојанче Донев од Министерство за транспорт и врски, проф. Д-р Тодор Делипетров од Факултет за природно технички науки – Штип и проф. Д-р Славе Арменски од Машински факултет - Скопје на ден 04.12.2012 година во Министерството за економија одржаа работен состанок на кој беше изготвена агенда за посета на локциите на концесионерите за експлоатација на термоминерални води. Теренски увид е извршен во период 7–17.12.2012 година кај концесионерите: ДПТ “Ледра Агро” ДОО Гевгелија, ЗУ-Природно лекувалиште “Негорски Бањи” АД с. Негорци – Гевгелија, АД “Оранжерии” Хамзали – Струмица, ДПТУ “Оранжерии Добра” Доо увоз-извоз Кочани, КЈП “Водовод” – Кочани, ЗИК “Брегалница” ДООЕЛ – Виница, Друштво за бањски туризам и телесна рехабилитација АД “Дебарски Бањи-Цапа” – Дебар и “Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација Катлановска Бања” ДОО Катланово, при што состојбата кај истите е следна:
Табела 1. Основни карактеристики на експлоатационите дупнатини за експлоатација на геотермална вода на локалитетот “Смоквица”-Гевгелија
Концерсионерот геотермалната вода ја користи за загревање на стакленици во вкупна површина од 10 хектари за оранжериско производство (домати, краставици и пиперки), при што во функција на рационално искористување и поголема ефикасност, пред користење на геотермалната вода истата ја догрева. Со цел развој на бањскиот туризам концесионерот изразува спремност да изгради спа-центар, но истиот наидува на проблем со земиштето??????? (Стојанче). Табела 2. Основни карактеристики на експлоатационите дупнатини за експлоатација на термоминерална вода на локалитетот “Негорски Бањи” с. Негорци, општина Гевгелија
Покрај концесионерот ЗУ-Природно лекувалиште “Негорски Бањи” АД с. Негорци – Гевгелија, од овој локалитет термоминерална вода за своите потреби користи и ЈЗУ Општа болнца - Гевгелија - оддел за физикална терапија во круг на Негорски Бањи. Комисијата укажува дека со истите е потребно искористувањето на термоминералната вода да го регулират со закон. Во разговор со представникот на концесионерот, а во функција на развој на бањскиот и спа туризмот во Република Македонија, истите изразуват спремност во рамките на овој локалитет да изградат спа-центар, но наидуват на проблем со земиштето??????? (Стојанче). Експлоатационата дупнатина Б-1 е со капацитет Q = 50 (l/s) и температура на водата tv = 72 0C. Водата од експлоатационата дупнатина се користи за затоплување за оранжериско производство, за балнеологија и загревање на објектите (хотелите). Носителот на концесијата АД “Оранжерии” Хамзали – Струмица водата ја користи за загревање на стакленици за оранжериско производство. Покрај концесионерот со одобрение за употреба бр. Уп. 09-I-51/6 од 22.07.1992 година, водата од оваа дупнатина ја користат и хотелот “Цар Самоил“, “Спиро Захов“ (одмаралиште “Спиро Захов“, детска рехабилитација, одмаралиште Југотутун, одмаралиште ЗИК Струмица), експериментални пластеници и приватни пластеници. Со цел развој на овој вид на туризам концесионерот изразува спремност да изгради спа-центар, но истиот наидува на проблем со земиштето??????? (Стојанче). Комисијата цени дека овде е неопходно преку концесионерот да се регулира искористувањето на геотермалната вода, применувајќи го членот 37 од Законот за минерални суровини (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/12). Забелешка од старна на концесионерот е потребата концедентот да ја регулира висината на надоместокот на другите корисници према концесионерот, од причина што цената на геотермалната вода што ја плаќа концесионерот према концедентот треба да се зголеми за реално сторените трошоци за експлоатацијата на геотермалната вода и одржувањето на бунарот, цевководот, топлотните пумпи и сл. Во функција регулирање на искористувањето на геотермалната вода потребно е Концесионерот, Концедентот и заинтересираните лица од приватните пластеници да склучат трипартитен договор во кој ќе се предвидат сите права и обврски за искористување на определениот вишок на термоминерална вода. Со цел да можат Концесионерот и Концедентот да се осигураат дека обврсите кои ќе произлезат од овој договор и од законот во целост ќе се реализираат и почитуваат, би требало заинтересираните лица од приватните пластеници да настапат, односно да го потпишат договорот како правни субјекти. Согледувајќи ги условите на просторот, степенот на искористеност и потенцијалот со термоминерална вода реално е дека на овој локалитет нее возможно планирање на објекти за развој на спа туризам. Табела 3. Основни карактеристики на експлоатационите дупнатини за експлоатација на геотермална вода на локалитетот “Д. Подлог - Бања”, во атарот на општините Кочани и Чешиново - Облешево
Табела 4. Основни карактеристики на реињекционите бунари на локалитетот “Д. Подлог - Бања”, во атарот на општините Кочани и Чешиново - Облешево
Искористеност на капацитетот на системот за геотермална вода ≈ 70%., при што просечна годишна експлоатација во периодот од 1987 - 2012 год. е по 1.155.374, 00 m3 геотермална вода. Со реињектирање на геотермалната вода е отпочнато уште во1996 год.. Во периодот 1996–2012 година, према податоците на концесионерот просечно годишно во примарниот колектор се реињектира по 81.024 м3 геотермална вода. Потенцијал за зголемување на капацитетите на искористувањето на геотермалната вода може да има со дополнителни вложувања во реинектирање на веке експлоатираната геотермална вода. Покрај концесионерот геотермалната вода од овој локалитет за своите потреби порано ја има користено Одделението за физикална медицина и рехабилитација во состав на ЈЗУ Општа болнца - Кочани во с. Бање, општина Чешиново – Облешево. Комисијата укажува дека истата е потребно искористувањето на термоминералната вода да го регулира со закон. Табела 5. Основни карактеристики на експлоатационите дупнатини за експлоатација на геотермална вода на локалитетот “Истибања”-Виница
Концесионерот располага со 12 хектари површини за оранжериско производство од кој со геотермалната вода загрева вкупно 3,5 хектари површини за оранжериско производство (домат, краставица и пиперка), што значи дека 30 % од потребите ги задоволува од сопствени количина. Во функција на поголем ефект од искористувањето на геотермалната вода, пред употреба, концесионерот истата ја догерва. Во однос на квалитетот на водата истата не одговара на правилникот на Правилникот за безбедност на водата (“Службен весник на Република македонија“ бр. 46/2008), поради зголемена електролитска спроводливост и сув остаток, арсен, железо, флуор, натриум и калиум. Водата во својот состав содржи 290 (mcq/l) арсен а додека дозволено е до 10 (mcq/l) арсен. Према резултатите од извршена радиолошка анализа на водата направена во Центар за примена на радиоизотопи во науката и стопанството Скопје, водата е со зголемена a - радиоактивност 0,93 ± 0,29 Bq/l и ß - радиоактивност 1,25 ± 0,05 Bq/l. Према изнесените параметри за квалитетот на геотермалната вода може да се каже дека истата нее безбедна за користење т.е. за пиење и балнеологија. Концесионерот истакна дека имаат голем интерес да обезбедат дополнителни количини на геотермална вода од КЈП “Водовод” Кочани од експлоатационото поле на локалитетот “Д. Подлог - Бања”, со тоа што истите како заинтересирани би изградиле цевковод од бунарите до пластениците кој се наоѓат пред влез на Виница, при што во рамките на тој зафат би учествувале и другите заинтересирани субјекти од тој дел како што се хотелите “Шагал“, “Центробизнис“ и “Слив“, но под услов концедентот да овозможи долгорочно користење на геотермалната вода, да ја регулира цената на надоместокот за користење на истата, а корисниците преку трипартитниот договор ќе се предвидат сите права и обврски за искористување на термоминералната вода. - долен базен (железен базен), постојан извор со променлив капаците Q = 30 – 36,0 л/с со температура на водата од tv mah= 39 0C и - нова каптажа (Горна Дере), повремен извор (изворот има вода во периодот март, април до јуни), со променлив капацитет Q = 30,0 – 36,0 l/s со температура на водата од tv mah = 35 - 38 0C. Поради ниската температура водата се користи исклучиво само за 2-та базени кој се со зафатнина од по 30 m3. Како проблем кој се јавува кај концесионерот е набавката и поставувањето на мерни инструменти (водомери) за мерење на протокот на термоминералната вода поради неповолниот хемиски состав на водата Концесионерот е во постапка на решавање на дел од земиште, по што истиот укажа дека планира да изгради современ спа-центар. ????? Стојанче. 8. Друштво за бањски туризам и телесна рехабилитација АД “Дебарски Бањи Цапа” Дебар со Министерството за економија има склучено договор за концесија за експлоатација на минерална суровина термоминерална вода на локалитетот с. Д. Косоврасти, општина Дебар бр. 24 – 3163/19 од 13. 10. 2010 година. Истиот ја има регулирано Дозволата за експлоатација бр. 24-5614/2 од 04.09.2012 година. Експлоатацијата на термоминералната вода е од изворот во с. Долно Косоврасти кој се одликува со променлив капаците Qмах =60,0 л/с до Qмин = 40,0 - 45,0 л/с со температура на водата од tv мах = 40 0C.Поради ниската температура водата се користи исклучиво само за 4-те базени. Проблем кој се јавува во поводните периоди во текот на експлоатацијата е мешање на топлата со ладните подземни води, така да во одредени ситуации температура на водата паѓа на tv = 20 0C и се менува квалитетот на истата и како таква неможе да се користи. Исто како и претходно како проблем кој се јавува кај концесионерот е набавката и поставувањето на мерни инструменти (водомери) за мерење на протокот на термоминералната вода поради неповолниот хемиски состав на водата Согледувајќи ги условите на просторот реално е дека на овој локалитет нее возможно планирање за изградба на нови објекти за развој на спа туризам.
Во функција на подобрување на условите и потик на развојот на бањскиот и спа туризмот во Република Македонија истите даваат предлог за изменување на Законот за минерални суровини со цел:: - да се овозможи зголемување на концесиските полиња на концесионерите до максималните простори предвидени со законот, - таму каде нема услови од поставување на мерни инструменти со закон да се предвиди друг начин на следење на експлоатираните количини на термоминерални води, - обврска за реињектирање (враќање на вишокот на вода во примарниот колектор) со законот да се дава само онаму каде тоа е возможно и изводливо, - да се направи градација во делот на наплатата на надоместоси од експлоатација на термоминерални води т.е. висината на наплата да биде определена према видот за што се користи (здравство-балнеологија, загревање за оранжериско производство, затоплување и сл.), при што за потребите на здравството – балнеологија, надоместокот да биде симболичен или воопшто да не се плаќа, - концедентот т.е. Владата на Република Македонија да вложува во детални геолошки истражувања или доистражувања во постојните локалитети, како и изнаоѓање на нови локалитети на термоминерални води, од причина што истражувањата се скапи, а добар дел од концесионерите не се во можност самите да ги финансираат, и - секое носење на нов закон за минерални суровини или негови измени да не биде со ретроградно значење, тоа влева голема несигурност кај концесионерите и потенцијалните инвеститори. Друг проблем кој се јавува кај истите е земиштето ?????? Стојанче. Со оглед на горенаведеното се предлага Владата да ги донесе следните: З А К Л У Ч О Ц И:
Се задолжува Друштво за бањски туризам и телесна рехабилитација АД “Дебарски Бањи Цапа” Дебар во наредните 12 месеци да ја регулира дозволата за градба и да отпочне со изградба на спа – центар на локалитетот “Бањиште”, општина Дебар |