|
||||
Големиот комита со турски офицери |
Гордана Димовска- Австралија Кога Гоце Делчев еднаш одел по организациона работа низ Леринско, зад него се движела голема потера од турски аскер. Гоце Делчев отседнал во куќата на селскиот раководител. По извесно време во селото пристигнала турската потера и оној што ги распоредувал Турците по куќите, во куќата каде што бил сместен Гоце Делчев сместил и двајца турски офицери. Тие не знаеле дека таму се наоѓа и Гоце Делчев. Делчев од тоа ни најмалку не се уплашил. Тој пројавил таква смелост и влегол во собата каде што биле сместени Турците. Тој знаел убаво турски. Водел со нив долг разговор за немирната положба на турската власт од комитите. Тие биле искрени со него и му објасниле дека го ловат најголемиот комита Гоце Делчев. Гоце се оплакувал дека не му одела трговската работа поради насилствата што ги прават комитите. Кога осамнало, Делчев мирно си го продолжил патот по леринските села. Легенда ЗА ПИРИН ПЛАНИНА Еден цар сакал да знае колку езера и извори има на Пирин планина и му ветил награда на тој кој ќе ги изброи, а згора на тоа и ќерска си за жена. Многумина оделе, а малкумина се враќале живи, зашто ноќно време доаѓале јуди и ги убивале. Затоа никој не се нафаќал да ги изброи. Најпосле се нафатиле двајца браќа близнаци да појдат и да ги избројат. Тие стигнале на Пирин Планина и вечерта кога сакале да поспијат, помалиот брат му рекол на поголемиот: - Бате, да си легнеме така што нозете да ни се поклопат, та да бидеме како еден човек со две глави. Штом си легнале, поголемиот брат од замор од долгиот пат заспал, ама помалиот брат сон не го фаќал и не можел да спие. На полноќ двете јуди кога виделе човек со две глави, едната и рекла на другата:- Сестро жими триста шеесет и шесте води на Пирин, ако сум видела досега човек со две глави. А другата рекла: - Триста и шеесет и шесте езера ги оставам, ако не ги откинам и двете глави со еден замав. - Јас го знам тоа сестро, одговорила првата, ама со него и деветмина браќа.Ајде побрзо да си одиме и до утре да помислиме. Помалиот брат го рабудил поголемиот и му рекол: Бате станувај, јас ги избројав водите на Пирин Планина. Потоа отишле кај царот , му кажале за бројот и помалиот брат се оженил со царската ќерка. |