Среда, 01 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Лесновски манастир

lesnovski-manastir

Лесновски манастир — Во село Лесново, Пробиштипско. Црквата е посветена на Свети Архангел Михаил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога тој се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвизнишкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330 година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е утврдено. Постои мислење дека тоа треба да се бара во 11 век, а оттаму заклучокот дека манастирот бил изграден во втората половина на 11 век, кога во крајот северно од Брегалница бил развиен силно култот за пустожителите, меѓу кои и за Гаврил.

Настанувањето на манастирот се поврзува со животот на пустиникот Гаврил Лесновски. За Гаврил Лесновски постојат повѓе житија, првото е сосема кратко и е напишано во 1330 година. Во опширното житие на пустиножителот од 1868 година стои дека за време на неговиот живот, манастирот постоел и во него тој се замонашил.

Според едно од житијата во средината на XI век во с. Лесново живееле четворицата големи испосници, светители - Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Четворицата светители или како народот ги именува четворицата духовни браќа скоро 30 години живееле во пост, молитва и строг послужителски живот во пештера во тогашната многу густо пошумена лесновска гора во близина на селото Лесново. Откако оствариле духовна зрелост кај секој од нив се појавила потреба од поединечно продолжување на сопствената духовна мисија. Заминале на четири различни страни и изградиле манастири, при што Гаврил Лесновски останал во с. Лесново и го подигнал (основал) Лесновскиот манастир.

Lesnovo monastery
Црквата во 1912 година

За првпат во пишани споменици се спомнува во 1330, кога книжевникот Станислав препишал во манастирот пролог, каде го сместил и краткото житие на Гаврил Лесновски. Денес ракописот се чува во Белград. Во 1341 година деспотот Јован Оливер го обновил, а по неколку години бил проширен со вториот дел. На црковниот собир во Скопје, 1347 година од страна на Стефан Душан бил назначен овој манастир за седиште на новоформираната Злетовска епископија, што ја заменила Мородвиската. Веројатно и тоа било причина манастирот да биде проширен.

Во 1381 година повторно бил приложен на манастирот Хилендар. Во 1558 година, при игуменот Неофит, манастирот бил поправен, а во 1581 при игуменот Спиридон, го препокрил кратовскиот болјарин Никола Бојчиќ. Благодарение на жителите на Кратовско и кривопаланечко, манастирот успеал да дотрае низ целиот среден век, па се до денес, зошто од нив бил неколу пати поправан. При крајот на 17 век запустел, но во 1805 го обновил еромохајот Теодосиј. Во 1814, од една белешка гледаме дека тој бил игумен на манастирот. Овој манастир е еден од побогатите книжевни центри во Македонија. Низ повеќе институции надвор од Македонија се чуваат ракописи што се пишувани во него или потекнуваат од неговата богата библиотека. Познати се збирките во: Белград, Софија, Пловдив.

Досега славистиката идентификува значителен број ракописи од овој манастир, од кои позначајни се: Прологот од 1330 година, Минејот од 1342 година, Паранејсот од 1353 година итн. Голем е и бројот на книжевниците што во манастирот ја вршеле својата книжевна дејност. На прв план тоа е Станислав - првиот книжевник од Лесновскиот книжевен центар и оснивач на калиграфската школа; Партенија, негов ученик, псевдонимниот книжевник Тахота, Калиник, Драјко, Радоња, Силвестер, поп Лазар од Кратово, поп Никола итн. Неговото прераснување во книжевен центар се поврзува со фактот што поседувал економски богат статус. Под негова прбижна потчинетост биле многу цркви и манастири, како и села. Да се спомене дека истиот бил и засолниште за на голем број револуционери и ослободителни групи, што се бореле за слобода на Македонскиот народ.

Kнижовно училиште во манастирот се нарекувало Скрипториум. Постоело уште од половината на XI век , но имало и калиграфско ( препишувачко) у;илияте формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

Во непосредна близина на манастирот се наоѓаат остатоци од некогашните над 20 скитови (мали молитвеници во карпи), параклиси и пештерни испосници кои го потврдуваат интензивното монашко живеење поврзано за Лесновскиот манастир, од дамнина наречен „Голема лавра". Во манастирот некогаш имало и 200, до 300 монаси, вклучувајќи ги и оние кои живееле наоколу. Тие ја формирале првата монашка република на Балканот.

Манастирот Св. Гаврил Лесновски е еден од најзначајните и најубавите средновековни и сакрални споменици на културата, не само во Република Македонија туку и пошироко. Не само што со своето богатство и содржини на Иконостасот и фреско-сликарството претставува голема мистерија, туку тој е познат и по својата моќ да лекува болни лица. Селаните веруваат дека светецот Св. Гаврил Лесновски ги штити нив, нивното село и манастирот и дека неговиот дух се појавува во одредени периоди од годината. Тие исто така веруваат дека не случајно тука се настанати и селото и манастирот и со гордост истакнуваат дека овој простор е библиски.

Најмасовно е за време на празниците на манастирот 21 септември и 28 јануари, кога доаѓаат голем број на посетители и гости.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.