Среда, 27 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Свети Спас Гевгелија- за сега не е познато во кое време е подигната

sv-spas-gevgelija

Како што запишал историчарот на уметност д-р. Димитар Ќорнаков, манастирската црква Вознесение Христово Свети Спас, за сега не е познато во кое време е подигната. На почетокот Првата Балканска војна, неколку пати била доградувана и обновувана, но според преданијата била изградена во 1842 ра година. Манастирскиот комплекс зафаќа голема површина со манастирска црква, камбанарија, новоизградени конаци и уреден двор со лозје. Зад манастирските ѕидини се старите и нови градски гробишта. Во минатото имало повеќе маслинови дрва а околу манастирот бујна шума. На манастирскиот празник Свети Вознесение Христово – Спасовден се одржувал голем традиционален панаѓур, кој траел два дена. Тогаш доаѓале многу гости од околните села и поблиските градови, за чие сместување во минатото црковната управа во минатото изградиле неколку анови. Во текот на 50 тите и 60 тите години на 19 от век, гевгеличани отворено воделе антипатријаршиска и антифанариотска борба, што особено ја разгорувале и ширеле антихимандритот Хаџи Павел Граматиков Бохигропски, полјанскиот, дојранско – кукушкиот епископ Партениј Зографски и кукушките преродбенски учители Кузман Шапкарев и Венјамин Мачуковски. Денешната манастирска црква е петокорабна со дрвени рамни таваници. На источната страна е полукружната олтарна апсида, најверојатно сочувана од постарите градби на црквата за време на турското ропство. Главниот влез во црквата е на западната страна, каде се наоѓа и отворениот трем, а на северната страна високо се издига камбанаријата. Првобитно манастирската црква била мала еднокорабна засведена, и по се изгледа зачуваната до денес апсида. Најновите сознанија укажуваат дека манастирот егзистирал и во 18 от век, а каква била нејзината архитектура сеуште не е познато. Во текот на 19 от век, манастирската црква била проширена и имала облик на трокорабна градба со отворен трем на западната страна. Во поново време храмот е проширен на северната и на јужната страна и таа го има денешниот изглед. Старите фрески не се сочувани а во поново време во 1983 година на западниот ѕид се насликани Вознесение Христово над влезната врата, јужно и северно од оваа композиција се Оплакувањето Христово, Симнувањето Христово од крстот, Богородица со 12 те апостоли, Рождество на Пресвета Богородица и Претставата на Свети Јован Крстител. Овие фрески се копии од нашите средновековни цркви и манастири. Во црквата се сочувани две стари икони од 1767 година и тоа Вознесение Христово и Исус Христос Содржител. Овие две икони најверојатно биле на иконостасот како престолни на црквата од 18 от век. Икони од 19 от век и понови се наоѓаат во наосот на црквата и олтарниот простор. Иконостасот во црквата е од понов датум со престолни и празнични икони. Во октомври и ноември 2002 година иконостасот е обновен со нови декорации и премази кои трајно го заштитуваат. Покрај овој зафат, на старешната на црквата Прота јереј Миле Штрбевски, негова значајна заслуга е што ги извади од депоата на црквата запуштените 59 икони од постарите векови и ги презентира во галерија на икони во наосот на манастирската црква. Денес внатрешноста на храмот има сосема друг изглед и секој посетител на храмот со восхит ги разгледува старите икони и обновениот иконостас. Западно од црквата е изграден конак на кат во 1992 година со средства на црквата, а конакот има трпезарија со кујна, парохиски канцеларии, библиотека, сала за состаноци, простории за дневен престој и слично. Во наредниот период се предвидува да се изврши целосна промена на ламперијата во манастирот и целосно глетување на храмот со што истиот ќе се подготви за цртање на фрескоживописот. Вредно е да се спомене дека сите реконструктивни зафати во манастирот се извршени со средства од манастирот и од верниците. Како алтернативен извор на средства е манастирското лозје кое веќе 2 години се обработува  а средствата од произведените ракија и вино истотака се користат како дополнителни средста за опстојување на манастирот. На старите гробишта е погребан Војводата Леонид Јанков, од село Мачуково, легендарен по песната Трба Трби Гевгелиско. За големината и значењето што го има овој манастир говори фактот дека истиот во минатото бил посетуван од голем број митрополити, архимандрити од Цариградската Патријаршија. Најголема посетеност манастирот има за празнувањето на Успение на Пресвета Богородица, на Преображение, на Свети Спас-Вознесение Христово. Посетата на манастирот е секојдневие на верниците од Гевгелија.

 

На прво место

News image

Ти мора да си многу глуп…

Најчевска до Заев: Ти мора да си многу глуп…

Историја

News image

Маkедонiя и младотурkи - Aлеkсандръ Амфитеатровъ (1912)

              Рускиот патеписец Aлександар Амфитеатров во 1912 г., говорејќи за битк...

Иселеници

News image

Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, зани...

Култура и туризам

News image

Дела на Славе Катин посветени на црковното и духовно-националното живеење

Славе Катин припаќа на Преспа, на Македонците во дијаспората, на етничка Македонија и на Македонскат...

Фељтон

News image

Александар Македонски (41)

Во текот на битките во Источен Иран, картата покажа дека погрешно беа претставени не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.