Среда, 11 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

sv-gorgi-negotino

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи.

Манастирот е изграден во периодот  од 1860 до 1866 та година. На јужниот ѕид до влезот во црквата има вградена камена плоча на која е испишано 1860/1866 година но истотака стои и дека храмот на светиот великомаченик Ѓорѓи е изграден со помош на жителите од градот Неготино и Тодор, Тоше и Коце. Градител на овој манастир бил Андон Китанов од селотот Тресонче-Мала река, Дебарско.

Манастирот е типична градба од преродбенскиот период кога се граделе соборни цркви во цела Македонија со големи димензии. Има архитектонски облик на трокорабна црква со три куполи поделена на три травеа, а кон јужната и западната страна со широки тремови.

Главни иконописци биле Штипјани а зографи Крушевчани кои ги насликале Македонските пустиножители Св. Гаврило Лесновски, Св. Отец Прохор Пчински, Св, Јоаким Осоговски, како и ликовите на сесловенските учители и просветители браќата Кирил и Методиј.

Иконата на патронот на црквата Св. Ѓорѓи е дело на Велешкиот зограф и иконописец Хаџи Константин (Хаџи Косте Крстев). Зографисувањето на манастирската црква го извршиле браќата зографи: Вангел, Никола и Коста Атанасовци од Крушево.

За време на Втората светска војна, во манастирот имало заробено 20 партизани кои извесна баба Митра која живеела таму ги ослободила. Кога гермаците виделе дека партизаните се ослободени, го запалиле манастирот а бабата жива изгорела во него. Во манастирот до неодамна постоеле стари манастирски конаци од 19 век а денес има реконструиран конак кој може да прими 150 луѓе.

Во склоп на манастирот постои винарија, во која неготинските винари имаат свој изложбен дел. Камбанаријата на манастирот е изградена во 2006 година. Најголема посетеност на овој манастир има за време на празникот Ѓурѓовден, за манастирската вечер на 21 ви септември и на зимен Свети Ѓорѓи на 9 ти декември.

Во манастирот постојат фрески насликани во 2008 година и голем позлатен крст со Исус Христос а на почетокот на 2009 -та истите се осветени.

 

На прво место

News image

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.