Среда, 18 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Горна црква село Старавина, Мариово

Според кажувањата на локалното население, оваа црква била градена од српската власт по Првата светска војна, со намера подрумот од истата да послужи како костурница за загинатите српски војници на овој дел од Македонскиот фронт.

gorna-crkva-staravina-mariovo
На сликата може да се забележи бетонска конструкција пред црквата – остаток од бунер од Првата светска војна.

Имено, во близина на селата Будимирци и Груниште, има голем број на гробови од Српската војска, на кои по војната со повторното обработување на земјата, полека им се губел трагот.
Познато е дека за време на Првата светска војна, Српската војска била стационирана на овој дел од фронтот и некои од позначајните битки се случиле токму во регионот Мариово. Битките за Кајмакчалан, Добро Поле, Грунишки Вис итн, биле битки во кои голем број на војници ги дале своите животи, претежно од српската и бугарската војска, во кои од двете страни имало и присилно регрутирани војници од Македонија.
Фронтовата линија врвела и низ село Старавина и може да се каже дека вистински страдалник во Првата светска војна било локалното население во Мариово, со стапка на смртност над 50% во поголемиот број на села и со тешки економски последици по својот имот.
Особено тежок бил животот во Мариово долго време и по завршувањето на војната и според некои, тоа била и причината зошто оваа црква народот никогаш не ја прифатил како своја и зошто истата денес, иако солидна по градба, стои откриена и осамена во влезот на село Старавина.

Итар Пејо-Мариово

 

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.