Среда, 25 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Најважното прашање во вашиот живот

najvazhnoto-prashanje-vo-vashiot-zhivot-m

Сите сакаат да се чувствуваат добро. Секој сака да живее безгрижен, среќен и лесен живот, да се вљуби, да има неверојатна врска и сексуален живот, да изгледа совршено, да заработува пари, да биди популарен и почитуван и луѓето да ви се воодушевуваат, до тој степен што луѓето ќе почнат да се одделуваат како Црвеното Море, штом вие влезите во просторијата. Секој би го сакал тоа, толку е едноставно и лесно е да се сака тоа.
 
Ако ве прашам “Што сакате од животот?“ и вие ќе одговорите во стилот: “Сакам да бидам среќен, да имам големо семејство и работа што ми се допаѓа“. Овој одговор  е толку сеприсутен што нема повеќе никакво значење. Поинтересно прашање, прашање што можеби не сте го размислувале досега, е каква болка сакате искусите во вашиот живот? За што сте погдотвени да се борите? Бидејќи тоа се чини да биде голема одлука за како ќе се одвива вашиот живот.
    
Секој сака да има неверојатна работа и финансиска независност, но не секој сака да страда низ 60 часа работна недела, долги релации, непријатна документација, да се движи низ апсолутистичките корпоративни хиерархии и во секојдневно затворените и ограничени огромни преградени кабини. Луѓето сакаат да бидат богати без ризик, жртва, одложување на потребите за задоволство што е потребно за да се акумилира богатство.

Секој сака да има одличен секс и одличен партнер, но не секој е подготвен да помине низ тешките разговори, непријатната тишина, повредените чувства и емоционаланата психодрама за да се стигне до одличната врска. И така тоа се прифаќа. Тие луѓе се решаваат на ова и со години се прашуваат: “Што ако?“, со години и години се додека прашањето “Што ако?“ се смени со “Дали тоа беше вистинското?“ И кога адвокатите си одат дома и ја проверуваат алиментацијата во поштенското сандаче и тие почнуваат да мислат: “За што беше тоа?“ Ако не за нивните мали стандарди и очекувања пред 20 години, тогаш за што?

Бидејќи среќата бара борба. Позитивноста е пропратен ефект на справување со негативното. Можете да ги избегнувате негативните искуства долго време, но тие повторно ќе ви се вратат назад во животот. Во основата на човечкото однесување нашите потреби се повеќе или помалку слични. Лесно е да се справиме со позитивните искуства. Но негативните искуства се оние кои по дефиниција сите ние се бориме. Па така што добиваме во животот не е определено од добрите чувства по кои копнееме, но со тоа кои лоши чувства ние имаме волја и способност да ги оддржиме за да дојдеме до добрите чувтсва.
 
Луѓето сакаат неверојатна фигура. Но вие нема да имате добро тело, освен ако не сфатите дека тоа бара болка и физички стрес што доаѓа со поминување часови во фитнес сала, вежбање час по час, освен ако не преферирате да пресметате и да ја одредите калоричната вредност на храната што ја јадете, планирајќи го животниот стил во одредена големина на чинија по оброк.
 
Луѓето сакаат да започнат свои бизниси и да станат финансиски независни. Но нема да стигнете да бидете успешен претприемач, освен ако не најдете начин да го цените ризикот, неизвесноста, да ги повторувате неуспесите и да работите многу часа на нешто за што не знаете дали ќе биде успешно или не.

Луѓето сакаат партнер, брачен другар. Но нема да привлечите некој неверојатен партнер, без почитување на емоционалните турболенции што доаѓаат со добро познатите отрфлања, формирање на сексуална енергија која никогаш не се ослободува, и зјапањето во празно кон телефонот што никогаш не ѕвони. Тоа е сето дел од играта на љубовта. Не можете да победите ако не сте дел од играта.
 
Она што го определува успехот не е одговорот на прашањето: “Во што сакате да уживате?“, туку прашањето: “Која болка сакате да ја одржите?“ Квалитетот на вашиот живот не е определен од квалитетот на вашите позитивни искуства, туку од квалитетот на вашите негативни искуства. И да станете добри во справување со негативните искуства значи да станете добар во справувањето со животот.

Ни се нудат многу очајни совети кои велат: “Треба само доволно силно нешто да посакувате!“ Секој сака нешто. И секој сака нешто доволно. Тие само не се свесни за тоа што е она што го сакаат, или подобро кажано што сакаат доволно. Бидејќи ако ги сакате бенефициите од нешто во животот, вие мора да ја сакате и цената која треба да ја платите.

Ако сакате да имате тело кое ќе ги воодушевува сите погледи на плажа, мора да сакате да се потите, да доживеете болка, станување наутро и да бидете гладни. Ако сакате јахта, мора да сакате вечерни часови работа, ризични бизнис потези и можноста да заминете од една личност или од десет илјади.

Ако се најдете себеси дека сакате нешто од месец за месец, година за година, сеуште ништо не се случува и вие не доаѓате доволно блиску до целта, тогаш она што можеби го посакувате е само фантазија, идеализирање и лажни ветувања. Можеби она што го сакате не е она што го сакате, туку вие само уживате да копнеете по тоа. Можеби воопшто не го посакувате тоа.
 
Понекогаш ги прашувам луѓето: “Како избирате да страдате?“ Овие луѓе се свртуваат кон мене и ме гледаат како да имам 12 носа. Потоа им објаснувам дека ги прашувам бидејќи тоа ми кажува повеќе за нив, отколку нивните фантазии и желби. Бидејќи мора да изберете нешто. Не можете да имате живот ослободен од болка. Не може се да биде околу вас посеано со рози и еднорози. И на крајот тоа е тешко прашање што е од голема важност. Задоволството е лесно прашање. И доста од нас имаат слични одговори.

Поинтересно прашање е болката. Која е болката што сакате да ја одржите? Одговорот на ова прашање ќе ве донесе некаде. Тоа е прашање што може да ви го промени животот. Тоа е она што мене ме прави мене ,а вас ве прави вас  како личности. Она е тоа што не дефинира и не одделува, но и на крајот не враќа заедно.

За поголемиот дел од мојота адолесцентност и млада зрелост, јас фантазирав да станам музичар, рок ѕвезда да бидам попрецизен. Секоја рок песна што ќе ја чуев, јас ги затворав очите и се гледав себеси на сцена свирејќи и викајќи кон публиката, а луѓето го губат својот ум додека го следат мојот настап. Оваа фантазија можеше да ми ги окупира мислите часови и часови. Фантазирањето ми продолжи на колеџ и покрај тоа што се откажав од музичкото училиште и престанав со свирење. И тогаш за мене не беше прашање дали некогаш ќе свирам пред публика, туку кога. Си го губев времето фантазирајќи, наместо да инвестирам соодветно време и напор за да дојдам до целта и да ја направам реалност. Прво требаше да завршам училиште. Потоа требаше да заработувам. Потоа требаше да најдам време. Потоа, потоа...... и потоа ништо.

И покрај фантазијата за ова повеќе од половина од мојот живот, реалноста никогаш не дојде. И ми требаше многу време и многу негативни искуства да доживеам за најпосле да сфатам зошто. Всушност не го ни сакав тоа. Бев вљубен во резултатот, сликата јас да бидам на сцена, луѓето се весели, јас свирам рок, го излевам моето срце со она што го свирам, но не го сакав процесот. И поради тоа јас не успеав. Постојано. По ѓаволите јас не ни се потрудив доволно за да не успеам во тоа. Не ни пробав.

Дневната тешка работа, логистиката да најдам група и одење на проби, болката за наоѓање на свирки и луѓе кои ќе се појават на мојата свирка, се работите во кои не се обидов. Скршените жици, влечење на 40 килограми тешка опрема до местото за проба и назад без кола. Тоа е планина на сон и одење километри за да се дојде до врвот. Она што ми требаше долго време да го сфатам беше дека јас не ни сакав да се искачувам, јас само сакав да го замислувам врвот.

Нашата култура ќе ми каже дека јас самиот сум се изневерил, дека се откажувам и дека сум губитник. Советите за само-помош ќе ми кажат дека или не сум бил доволно храбар, одлучен или дека не сум верувал доволно во себеси. Претприемачите би ми рекле дека сум се исплашил од сонот и дека сум го предал на конвенционалната социјална болест. Би бил советуван да барам афирмација или да се приклучам на мастер група или да манифестирам нешто.

Но вистинатa е помалку интересна од тоа. Јас мислев дека сакам нешто, но испадна дека не го сакав. Крај на приказната. Ја сакав наградата, но не и борбата. Го сакав резултатот, но не и процесот. Бев вљубен не во во борбата, туку во победата. А животот не функционира на тој начин.

Кој сте вие е дефинирано според вредностите за кои сте подготвени да се борите. Луѓето кои уживаат во борбите во фитнес сала, се оние кои имаат добро градено тело. Луѓето кои уживаат во долги работни недели и политиките на коорпоративните скалила се оние кои се движат нагоре. Луѓето кои уживаат во стресот и неизвесноста на гладен уметнички стил на живот, се оние кои живеат за остварување на целта и доаѓаат до неа.

Ова не е повик за волја или смелост. Ова не е укорување за тврдењето: Нема болка, нема добивка.
Ова е наједноставната и најосновната компонента на животот: нашите борби го определуваат нашиот успех. Па затоа избери да се бориш добро, мој пријателе.

Инсипартивен текст од авторот, блогер и претприемач, Марк Менсон

Извор:
https://www.fakulteti.mk/news/16-08-26/najvazhnoto_prashanje_vo_vashiot_zhivot

 

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.