Среда, 08 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Житие на Константина (Панонски легенди)

Kiril Metodij... Во градот Солун имаше еден маж од благороден род и богат, по име Лав, којшто заземаше чин на друнгариј потстратег. Тој беше правоверен и праведен, исполнувајќи ги во потполност сите божји заповеди, како некогаш Јов. Живеејќи со својата жена, изродија седум деца. Седмото, најмалото дете, беше Константин Филозоф, наш учител и наставник. Кога го роди мајка му, и го предала на доилката да го дои, но детето не сакало да фати туѓа цицка, освен мајкината, сè додека не било надоено. А тоа било Божја промисла - детето изгледано со чисто мајкино млеко, да биде добар никулец од добар корен. Потоа, овие добри родители во согласност живееја четириесет години водржувајќи се, како брат и сестра, само за Господа и никако не го престапија овој завет, сè додека не ги раздели смртта. Кога дојде време таткото да оди на Суд, мајката плачеше над детето, велејќи: „За ништо не се грижам, само за ова дете, како ќе се изгледа“. А тој и` рече: „Верувај ми, жено, се надевам на Бога дека тој ќе му испрати татко и таков воспитувач што ги поучува сите христијани“.

Кога го дадоа да се школува, напредуваше во учењето побргу од сите ученици, така што сите му се чудеа на сфаќањето и на големиот успех во вештините.

Но еден ден, заедно со синовите на богатите, кои имаа обичај да се забавуваат со лов, излезе и Константин в поле и си го зеде својот сокол. Кога го пушти, по Божја волја се крена ветер, го зафати соколот и го однесе. Оти Господ милослив, со своето човекољубие, го начека и го улови, не сакајќи овој да се навикне на животни задоволства. Како некогаш што беше уловен Плакид во лов на елени, така и овој со помошта на сокол. Размислувајќи за суетата на овој живот, момчето се покаја и рече: „Таков ли е овој живот, та место радост, жалост има во него“? Од денеска ќе тргнам по друг пат, подобар од овој, нема да ги трошам деновите во тревогите на овој живот. Па се зафати со наука, седејќи дома и учејќи ги напамет книгите на Свети Григориј Богослов...

... Кога навлезе во многу беседи и голема мудрост, а не можеше да ја сфати нивната длабока смисла, западна во голема тага. А баш тогаш се најде некој туѓинец, кој добро знаеше граматика, па дојде кај него и го замоли, паѓајќи му пред нозе и предавајќи му се:

„Биди добар и научи ме на граматичка вештина“.

Но тој беше ја закопал својата дарба па му рече:

„Момче, не мачи се. Заречен сум веќе никого да не учам во животот мој“. А момчето пак му се клањаше и го молеше со солзи: „Земи го сиот мој дел што ми паѓа од куќата на татко ми, само научи ме“. Бидејќи овој не сакаше ни да го чуе, момчето отиде дома и усрдно се молеше да му се исполни желбата на срцето негово.

Господ набргу ја исполни желбата на оние што се плашат од него. За неговата убавина, бистрина и прилежност во учењето, беше дочул царскиот управител, нарелен логотет, па испрати по него за да учи заедно со царот. Момчето кога чу, радосно тргна на пат...

Житие на Методија (Панонски легенди)

Житието на Методиј е напишано 16 години подоцна и започнува со речиси ист теолошки вовед, само што е тој малку подолг. Авторот истакнува дека браќата потекнуваат од висок род (никаде нема податоци за роденото, световното име на Методиј), дека Методиј бил управител на една словенска област, дека се замонашил на планината Олимп, каде го добил името Методиј.

 

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.