|
||||
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (5) |
АПОКРИФИТЕ ЗА ЖИВОТОТ НА ДЕВА МАРИЈА Кога се родил Исус Христос во Витлеем Јудејски, за времето на царот Ирод, во Еруса-лим пристигнале тројца мудреци од Исток и изјавиле дека ја виделе новопојавената ѕвезда на Младенецот и дека тргнале да го бараат него, за да му се поклонат. Тогаш царот Ирод се исплашил, дознал од мудреците дека Младенецот се родил во Витлеем и дека ќе се расчуе неговото име во светот. Ги испратил мудреците да одат по ѕвездата што се појави на небото и им порачал да се вратат и да му соопштат каде точно се наоѓа Новородениот. Мудреците пристигнале во Витлеем, ја нашле пештерата, му се поклониле на Младенецот, ги отвориле ковчежињата и го дарувале новороденчето со злато, ливан и смирна. Потоа си заминале по друг пат, не по оној по кој дошле за да го избегнат Ирод. Кога Ирод сфатил дека мудреците го излагале, се разлутил и наредил да ги убијат сите бебиња во Витлеем што се до две години. И навистина, се исполнило кажаното од пророкот Еремија: „Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем, Рахила плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема". Господ му јавил преку својот ангел на Јосифа да го напушти Витлеем и ноќта да замине за Египет, каде што целото тричлено семејство престојувало сѐ до смртта на Ирод. Потоа Господ им наредил да заминат во Израел, но Јосиф се плашел дека таму постои опасност од синот на Ирод - Архелај. Втората вест што ја добил го насочила кон Галилеја. Се населиле во градот Назарет за да се исполни пророкуваното дека Младенецот ќе се нарече Назареец. Марија, мајката на Исуса, се јавува во новозаветните евангелија, посебно во Евангелието од Јован, на свадбата во Кана Галилејска и на самото распнување на Исуса. На свадбата во Кана бил присутен Исус Христос со учениците и со мајка си Марија. Таа го опоменала синот дека домаќините немале повеќе вино. Исус им наредил на слугите да ги наполнат со вода седумте камени садови, во кои водата се претворила во вино. При крстот Исусов стоеле мајка му Марија, Марија Клеопова и Марија Магдалена. Исус се грижел за својата мајка до крајот на животот и им порачал на мајка си и на ученикот Јован Богослов: „Жено, ете ти син!". Потоа му рекол на ученикот: „Ете ти мајка!". Од тој час Јован ја зел кај себе Марија. Апокрифните дела, кои несомнено содржат библиска основа, го запираат своето внимание врз личноста на дева Марија, Богородица. Посебен широк осврт врз оваа проблематика направила Цветана Вранска во 1940 година, со особен приказ на јужнословенските апокрифи. За животот на дева Марија даваат интересен материјал апокрифните евангелија. Тие настанале во 3-от, 4-от и 5-от век од појавата на христијанството и направиле широк продор во масите. He e случајно што нив ги цитираат многу познати црковни автори: Ориген, Климент Александриски, Епифаниј, Јован Златоуст. Меѓутоа, нив почнале да ги употребуваат и на одреден начин и злоупотребуваат еретиците, бидејќи во нив вметнувале сопствени идеолошки поставки. Затоа, црковните претставници, придржувајќи се според каноните, ги забранувале ваквите состави. Многу од овие ракописи не стигнале до нас. Сепак, меѓу популарните состави се сметаат: Јаковлево протоевангелие, Псевдоматеево евангелие, Детството на Исус Христос и други. Посебен осврт врз овие евангелија направил познатиот истражувач К. Тишендорф, кој истовремено издал и значајни пронајдени и зачувани ракописи. He помал придонес на овој план дал и рускиот научник М. Аљбов. Подоцна М. Н. Сперански издаде критички осврт на апокрифните евангелија, со осврт врз апокрифните евангелија кај Словените.Во канонските евангелија недостигаат ред податоци околу самото раѓање и детството на Исус Христос. Токму затоа, апокрифните евангелија ги надополнуваат овие делови од животот на Исус. Интересно е тоа што во апокрифните евангелија е опишан и животот на Дева Марија, пред бегството за Египет. На Запад зачувани се три латински верзии, во кои доминираат известувањата за родителите на Исуса, на Дева Марија (Евангелие за раѓањето на Дева Марија, Историја за раѓањето на Света Марија, Псевдо-Матеево евангелие). На словенскиот Југ била позната обработката „Првоевангелието на Јаков". Ова Евангелие било многу распространето за време на продорот на христијанството, а според содржината се вбројува во средината, меѓу канонските и апокрифните евангелија. Меѓу постарите ракописи спаѓа објавениот од А. Н. Пипин, потоа од Ст. Новаковиќ, од И. Порфирев, итн. Во овие верзии во првите глави е поопширно претставено раѓањето на Дева Марија. Родителите на Марија се Јоаким и Ана, благородници и добронамерни луѓе, но лишени од пород. Посебно бил ожалостен Јоаким кога свештеникот Рувим не сакал да прими дар од него, сметајќи дека Господ така сакал, да остане без пород. Очаен од оваа постапка Јоаким побегнал во пустината, предаден на молитва кон Бога. Ана останала уште пожалосна во куќата своја. Таа посебно се растажила кога во градината на дрвото забележала гнездо, во кое чучуликала мала птичка. Ана помислила дека дури и ѕверовите даваат плод, само таа не може. Очајот ја гризел постојано. Среде нејзиното плачење се појавил ангелот господов и ѝ соопштил дека Господ се смилостивил и дека ќе и даде род, кој ќе се прослави во целата земја. Истиот ден и Јоаким ја примил господовата вест, се вратил дома и му принесле жртва на Бога. Ана родила женско чедо и ѝ дале име Марија. Ана ѝ направила во куќата светилиште на Марија. На тригодишна возраст Марија била свечено испратена во храмот, на што била заветена. Таму била сакана и почитувана од свештенството и од целиот израелски народ. На петнаесет години свештениците добиле Господов знак да ја свршат за скромниот дрводелец Јосиф. Интересно е дека Јосиф бил во постара возраст, има големи деца и се спротиставил во почетокот на понудата. Но, плашејќи се од Господовата волја се согласил. Во десеттото и единаесеттото поглавје е предадено благовестието. Марија прво била известена од гласот Господов на кладенецот, кога црпела вода, дека Господ е со неа и дека ќе биде благословена меѓу жените. Потоа дома пред неа се створил ангелот и ја известил дека Господ ќе ја благослови и таа ќе роди син, наречен Исус. Во овој текст е опишана и душевната борба на Јосиф, откако ја видел својата Марија бремена. Меѓутоа, ангелот му соопштил дека таква е волјата Господова и Јосиф се смирил. Исто така, апокрифното евангелие на Јаков го опишува патот на Марија и Јосиф за Витлеем и раѓањаето на Исус во пештерета. Во тие моменти вселената се смирила, небесните тела и птиците го запреле своето движење. Во него не е испуштено и пристигнувањето на тројцата источни мудреци, кои го дарувале новородениот Исус. Првоевангелието на Јаков било широко прифатено од народните христијански маси. Тоа продрело и во црковните канонски книги, меѓу луѓето и во народното творештво. Живописното сликање на настаните, личностите, со нивните душевни карактеристики и бои, го правеле интересно четиво. Покрај тоа, иако целото е проткаено со библиските сознанија за Богородица и Исус, во него струи приближувањето кон човечката орбита, во трансверзалниот однос на спиритуалното и материјалното. Се смета дека Протоевангелието на Јаков инспирирало повеќе уметници да го обработат мотивот за Богородица млекодавачка, за што пишувале: Н. П. Кондаков, Г. Мије, Л. Мирковиќ, во сликарството и во книжевноста. Co овој мотив насликани се многу икони, а и се испеани стихови. Кога говори за раѓањето на ИсусХристос, Ефрем Сирин (373-379) пее: „Севишниот се хранеше со млеко, а од неговата добрина се хранат сите суштестваѐ“. Апокрифот познат во славистиката под општиот назив „Детството Исусово" во литературата е зачуван во три верзии. Првите две верзии, во кои е детално претставена дева Марија, се распространиле во многу текстови: сириски, ерменски и арапски обработки, кои најверојатно не стигнале до јужнословенската средина. Но, затоа една од најстарите верзии позната како „Томино евангелие", се среќава и во словенските текстови. За жал, во неа Богородица е многу помалку предадена, во споредба со претходните две верзии. „Томиното евангелие" нашло своевидна почва во нашата средина. Самата содржина, описот на детските години на Исус, кој недостига во четвороевангелијата, е многу интересен. Настаните се движат меѓу петтата и дванаесеттата година на Исус, предадени во единаесет глави. Продолжува Пишуваат: |