Среда, 19 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Еванѓелие по Јоана (5. дел)

Кониково, Беломорска Македонија- 18 век

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради  полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите...

НЕДЕЉА. 4.

От Матеа.

НА тоа времи, Ка флезе Исус уф Капернаум, дујде на негу Сотник, и гу молеши. И велеши: Господине, Детито ми лежи уф дома раслаблену, и са мачи лошу. И му веле Исус: Јазе ќи дојдам да гу ислекувам. И отвешта Сотникут, и рече: Господине, не сам дустоен, да дојдиш уф дома ми: ами речи салде лакардиата, и ќи са ислекува Детито ми. Зашто азе сам чувек пут пувеља, и имам пут мене војници: и велем на воа , оди, и оди: и на [стр.049] друг, ела, и иде: и на езмиќарут ми, чини воа, и гу чини. И ка чу Исус, са зачуди, и рече на тие што одеа пу негу: истина ви велем: нито уф Израил не најдох толку гулема вера, и ви велем, оти многу ут исгрева и ут заот ќи дојдат, и ќи сеннат зајно сос Аврам, и Исак, и Јаков, на Царстфуту Небеснуту, и Синувите на царстфуту ќи са исвадат надвор на темнината надворешната: таму ќи е плаканиту, и карцаниту на забиту. И рече Исус на бимбашиата: оди, и как верува, да ти са чине, и са ислекува Детито му тоа час.

НЕДЕЉА. 5.

От Матеа.

НА тоа времи, Ка заминуваше Исус на Селуту Гергесинцку, гу сретоа два надворничеви, што испаѓаа надвор ут гробиштата, диви мошне, толку, дека не можеши да замине никуј ут патут тоа. [стр.050] И уф часут викнаа, и велеа: Исусе Сине Божиј, што имаме да чиниме ние сос тебе? Дујде тука да мачиш понапрет ут времиту. И далеч ут них, имаше буљук ут правци многу што пасеа. И демоните гу молеа, и велеа, аку на исвадиш, дај ни изин да одиме уф буљукут ут правците. И му рече: одејте, и они испанаа и утидуа уф буљукут на правците, и уф часут са зат’рче сат буљук ут брегут уф мориту, и са удавиа внатре у водите. И пастириту бегаа и утидуа на Градут, и кажаа сата работа, и работите на надворешните. И уф часут сат Грат испана и пусрете Исуса: и ка гу видоа, гу молиа да испани ут синорито му, и ка флезе внатре уф корабут, замина, утиде на цфојут му Грат.

НЕДЕЉА. 6.

От Матеа.

[стр.051] НА тоа времи. Ка флезе Исус внатре на корабут, зaмина и дујде на сфојут му Грат. И уф часут му дунесеа идин Раслаблен, кладен горе на одар: и ка виде Исус верата му, веле на раслаблениут: имај ундисани синко, ти са пруштават грехувите. И ја, и некуи ут Книжовниците велеа: меѓу них, воа хули. И ка пузна Исус помислите му, рече: зашто мислите вие лошу уф сарцата ви. Кое е полесну, да речам ти са простуват грeхувите: или да речам: стани та оди. И да пузнаите, оти Синут чувечки има пувеља на земљата да пруштава грехуве, тогај веле на раслабленјут: стани и земи одарут ти, та оди уф дома ти. И стана, и утиде уф дома му. И ка видоа Људиту са пучудиа, и славиа Бога, дека даде таквази пувеља на Људиту.

[стр.052] НЕДЕЉА. 7.

От Матеа.

На тоа времи. Ка заминуваши Исус, утидуа пу негу два слепи, и викаа, и велеа, О Сине Давидуф, пумилвај не. И ка стигна уф дома, дујдоа и слепите, и му веле Исус, верувате, как можам да гу чинам воа, и му велет: истина, Господине. Тогај му фати очите, и му веле: спрути верата ви нека ви са чине. И му са утфориа очите: и Исус сос заплашувани и пувеља, и рече: гледајте нека да не гу знае никуј. И они ка испанаа надвор гу раскажаа пу сата земља таа. И ка ислегоа они, ету, и му дунесеа идин чувек нем надворнешен. И ка ислезе бесут, збурува немјут: и са зачудиа људиту, и велеа: никуј пата не са виде така на родут Исраилуф. Ами Фарисеиту велеа? Сос напрешниут на демониту воа изваѓа бесувите. И Исус убиколи сите Градишта и Селата, [стр.053] учејќи пу Собориту, и пропуведаше Еваѓелиету на Царстфуту, и лекуваше секакви болки, и лушотии на Људиту.

НЕДЕЉА.8.

От Матеа.

НА тоа времи. Виде Исус многу Људе: и и пужала, и ислекува болните му. И ка замракна, дујдоа Учениците му, и велет: местуту е пусту, и саатут сега замина: испушти људиту да одат на селата, да купат за себеси манчи. Му веле Исус: не требува да одат: дадејте му вие да јадат. И они му рекоа: ние немами тука, салдепет хлеба и две риби. И му веле дунесејти и тука. И пувеља Људиту да седат наврас тревата, и ка зима петту хлеба и двете риби, пуглена уф Небуту, и благослови: и ка сече хлебувите, и даде на Учениците му, [стр.054] и Учениците на људиту. И јадоа сите, и са најадоа, и кренаа коматиту, што артардисаа, дванајсет кошуве пални. И дека тие јадоа, беа ду пет хилиади маже, бис жени и деца. И уф часут анагкаса Исус Учениците му да флезат уф корабут, да заминат понапрет утсреште, дури да испушти људиту.

Приготвил: Васил Чулев

Комплетниот текст овде:

http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.