Среда, 26 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Еванѓелие по Јоана (6. дел)

Кониково, Беломорска Македонија- 18 век

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради  полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите...

НЕДЕЉА. 9.

От Матеа.

НА тоа времи. Анагкаса Исус Учениците му да флезат уф корабут, да заминат понапрет утаде, дури да испушти људиту. И ка испушти људиту, са качи на планината сам да са пумоли, и кату да замракна, беше самичок таму. И корабут беши насрет мориту, и са задеваше ут таласиту зашто беше ветар насреште. И на читвертата стража [стр.055] ут ноќјата утиде Исус на Учениците, и одеши узгоре наврас мориту. И ка гу видоа Учениците, дека одеши узгоре наврас мориту, са сигисаа, и велеа: оти е видение: и ут страхут му викнаа. И уф часут му збурува Исус, и рече имајте гајрет: јази сам, ним са бојајте. И Петар му Отвешта, и рече: Господи аку си ти, повели ма да дојдам на тебе узгоре на водата. И он му рече: ела, и ка слезе ут корабут Петар, одеши наврас водата, да дојде на Исуса. Ами ка виде ветарут силен, са уплаши, и ка фати да потонува, викна и рече: Господине, откини ме. И уф часут Исус ка спрустре раката му, гу фати: и му веле, о маловерне, оти кладе шубе. И ка флезе он внатре уф корабут, ветарут павса. И тие што беа внатре уф корабут, дујдоа и му са пуклониа, и велеа: [стр.056] истина Син Божиј си. И ка заминаа, дујдоа на земљата Генисарецка.

НЕДЕЉА. 10.

От Матеа.

На тоа времи, един чувек дуближи на Исуса са кланеши на негу. И велеши, Господине: пожалај син ми, оти на нова месичина беснува, и лошу са мачи, и многу пате паѓа уф огенут и уф водата. И гу дунесох на Учениците ти, и не можеа да гу лекуват. И отвешта Исус, и рече: о род бизверне и расвратении, ду кога ќи бидам сос вас, ду кога ќи ва тарпам, дунесејти ми га туа. И пувеле Исус сос љутина бесут, и излезе ут негу, и са излекува детиту ут тоа саат. Тогај утидоа Учениците на Исуса сам бидејќе, и рекоа: зашто ние не можехми да истераме негу. Му веле Исус: зарди [стр.057] неверствуту ви: истина ви велем, аку имате вера колку идно з’рну син'пуву, ќи кажите на ваа планина: премести са уттуа таму, и ќи са премести, не ке биде никуе работа неможна на вас. Ами воа род не испаѓа, салде сос молба и сос поштени. И таму дека живуваа они на Галилеа, му рече Исус: Синут чувечки има да са придаде уф раци чувечки. И ќи гу утепат. И на третиут ден ќи војскресне.

НЕДЕЉА. 11.

От Матеа.

РЕче Госпот приказната ваа, омиаса царствуту небеснуту, един чувек цар, тоа што сака да чине исап сос езмиќарите му. И ка зафати да слага, му дунесоа един што му длажуваше десет хилиади таланте. И ка немаше да и плати, пувеља Господинут му да [стр.058] са прудаде, и он, и жената му и децата му, и сату што имаше, и да са плате борчут. И падна убо езмиќарут тоа му са пуклонуваше, и велеши: Господине, потрапи ма, и да ти дадам сите. И са умилостиви Господинут езмиќарут тоа, и гу пушти, и му ариза и борчут му, и ка испанна надвор езмиќарут тоа, најде един ут дружината му, тоа што му длажуваше сто динаре, и ка гу фати му даде зор, и велеши: дај ми тие дека ми длажуваш. Падна убо другарут му на нозите му, и гу молеши, и велеши: потарпи ма, и сите да ти и платам. И он неќеши, ами утиде и гу кладе внатре уф хафаната, дури да плати борчу му. И ка видоа дружината му тие што са чиниа, са нажаљаа многу, и дујдоа, и и кажаа на Господинут му, пудробну сите што са чиниа. Тогај гу викна Господинут му, и му веле: шијрет езмиќарин, јазе ти аризах сат тоа борч зашто [стр.059] ми са моли. Не требуваше и ти да да пужаљаш дружината ти, кату ка та пужаљах и јазе: - И са наљути Господинут му, и гу придаде на мачниците, дури да даде сат му борч. Така и Татку ми Небеснијут, ќи чине на вас, аку не просте ут сарце секуј грeшбите на брат му, што му греши.

НЕДЕЉА. 12.

От Матеа.

НА тоа времи, млат некуј дујде на Исуса са кланнеши на негу, и му веле: Дидаскале благии, што дубро да чинам, да имам живот вечни. И Исус му веле: што ми велеш благ, никуј не е благ, салде един бог, ами аку сакаш да флезиш уф животут, чувај нарачбите. Му веле, кое? И Исус веле, кату да не убиеш, да не скурвиш, да не уткрадиш, да не лажовну мартирисаш. Тимисувај Татку ти, и [стр.060] мајка ти, и да милуваш кумшиата ти кату себеси. Му веле он, вие сите и чувах ут младуста ми: што ми лифа ошти. Му веле Исус, аку сакаш да са чиниш сфаршен, оди, продај сату што имаш, и и дај на сирумаситу: и ќи имаш имани на Небуту, и ела оди пу мене, И младијут, ка чу лакардијата, си утиде нажаљан: зашто имаше многу имане. И Исус веле на Учениците: истина ви велем, зашто зенѓинин мачну ќи флезе на царству Небесну. И пак ви велем, полесну е камилата да пумине низ иглени уши, а не зенгинут да флезе уф царству божие. И ка гу чуа Учениците му, са зачудиа многу: и велеа, кој убо може да са спасе. И ка виде Исус, му веле: воа е неможно на људиту, ами на Бога са сите можни.

Приготвил: Васил Чулев

Комплетниот текст овде:

http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.