|
||||
Еванѓелие по Јоана (7. дел) |
Кониково, Беломорска Македонија - 18 век Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија. Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите... НЕДЕЉА. 13. От Матеа. [стр.061] РЕче Госпот Приказната ваа, беше некуј чувек ступан, тоа насади ино лозе, и гу загради окулу, и скупа внатре уф негу штерна, и созиде Кула: и гу даде на исполу на работниците иси утиде. И кога наближи времиту на максулут, пушти езмиќарито му на работниците да зеват максулито му. И работниците ка фатиа езмиќарито му, други биа, друг утепаа, и друг утепаа сос камени. Пак пушти друзи езмиќаре повеки ут правните: и чиниа и на них пак така. И напоком пушти на них Син му, велеши: ќи са усрамат ут Син ми. Ами работниците ка видоа Син му, рекоа меѓу них: воа е мирасчиата, елајте да гу утепиме, и да заприме миразут му. И ка гу фатиа гу исвадиа надвор ут лозиту, и гу утепаа. Кога убо дојде Господинут на лозиту, што ќи чине на [стр.062] работниците тие. Велет на негу: вие лошите ќи и расипе ут зло на злини, и лозито му ќи гу даде на исполу на друзи работници, дека да му дават максулут на времито му. Му веле Исус: некуј пат не сте пејали на писаниету, каменут тоа што поудиа мајсториту, воа са чини, глава на ќушиту: ут Бога са чини воа, и е чудно на очите вашите. НЕДЕЉА. 14. От Матеа. РЕче Госпот приказната ваа. Омиасa царству Небесну, един чувек цар тоа што прави сфатби на Син му. И пушти езмиќарито му, да викат калесаниту на сфатбите, и неќаа да дојдат. Пак пушти друзи езмиќаре, и му веле: кажејте на калесаните: ету: дека ручокут ми исготфих, јунците ми и ранетите са заклани, и сите са гутови, [стр.063] елајте на сфатбате. И они кату да са лениа, друг утиде на нивата му, друг пу прагматиата му. И друзите друзите фатиа езмиќарито му, и и пцуа. И ка и чу царут, са наљути: и пушти војската му, и расипа убијците тие, и Градут му гу раскупа. Тогај веле на езмиќарито му, сфатбата е гутова, ами калесаниту не беа дустојни. Одејта убо на патиштата, и колку најдите калесајти и на сфатбата. И ка излегоа надвор езмиќариту тие на патиштата собраа колку најдоа, лоши и арни: и са напални сфатбата калесани. И Царут ка флезе да виде тие, дека седеа на трапезата, виде таму един чувек, што не носеше руби за сфатба. И му веле: пријатиле, ка флезе туа, што немаш руби за сфатба, и он млакна. Тогај царут на езмиќарито му: варзејте му раци и нози, и кренејти [стр.064] гу, и гу кладејте на темнината надворешната: таму ќи биде плаканиту и карцаниту на забиту. Зашто многу са калесаниту ами малце избраниту. НЕДЕЉА. 15. От Матеа. НА тоа време. Законик некуј дујде на Исуса, гу пита, и гу докимасуваше, и велеши. Дидаскале: кое нарачба е погулема уф законут? И Исус му рече: да возљубиш Госпуда бога твоего сос сату ти сарце, и сос сата ти душа, и сос сите ти помисли. Ваа е правња и гулема нарачба. И фтора кату на ваа е: да возљубиш кумшиата ти кату себеси. На вие двете нарачби сат Закон и Профитут висат. И ка са собраа Фарисеиту, и пита Исус. И велеши: што ви гледа зарди Ристос, на кој е Син? Му велет, [стр.065] на Давид. Му веле как убо Давид кога профитевсуваше сос Сфетиут Дух гу веле Господин, и велеши. Рече Госпот на Госпот мој: седи ут деснуту ми дури да кладам душманиту ти стапка на нозиту ти. Аку убо Давид гу веле Господин, как е Син му. И никуј не можеши да му пуварне лакардиа: нето смеја никуј ут тоа ден пак да гу пита веќи. НЕДЕЉА. 16. От Матеа. РЕче Госпот приказната ваа. Некуј чувек сакаше да си оде, викна емиќарито му, и му придаде иманито му. И на друг даде пет таланта, и на друг даде два, и на друг един: на секуј спрути силата му: и си утиде уф часут. И тоа што зе петту таланта, ка утиде работи сос тие, и чини друзи пет таланта. Така и тоа, што зе двата, издуби [стр.066] и воа друзи два. Ами тоа што зе идињут, ка утиде искупа земљата, и закупа сребруту на Господинут му. И напоком сос многу времи, и дујде Господинут на тие езмиќаре, и чини исап сос них. И дујде тоа дека зе петте таланта, и дунесе друзи пет таланта, и велеши: Господине, пет таланта ми даде, види, ету друзи пет таланта издубих сос них. И му веле Господинут му. Арен езмиќарин благ и верне, на малце са чини уверуван, ќи та наместам на многу: флези уф радуста на Господинут ти. И дујде и тоа што зе двата таланта, и веле: Господине, два таланта ми придаде, ету друзи два издубих сос них. Му веле Господинут му: Арен езмиќарин благ и уверуване: на малциту са чини уверуван, на многуту ќи та наместам: флези уф радуста на Господинут ти. Дујде и тоа, што зе идињут талант, и веле: Господине, јазе та пузнах [стр.067] оти си чувек љут, жниеш таму дека не си сејал, и изберуваш таму дека не си располетал. И кату да са уплаших, утидух та закупах таланут ти уф земљата: види: на дека имаш тфојту. Отвешта Господинут му: и му веле, о лош езмиќарин и ленливе, знаеши оти жниам јазе таму дека не сејах, и соберувам таму дека не располетах. Требуваше убо да дадиш на заем сребруто ми на сарафиту: и ка ќи дојдеш јазе, ќи земех мојто сос фајда. Зивајте убо ут воа талантут, и гу дадејте на тоа што има десетте таланте. Зашто секуј дека има, ќи му са даде, и ќи артартдиса, ами ут тоа дека нема, и тоа дека има, ќи са земи ут негу. И воа непотребнијут езмиќарин, фарлејте гу надвор на темнината надворешната: таму ќи биде плаканиту и карцаниту на забиту. И ка рече вие: викна: и кажа, тоа дека има [стр.068] уши да слушја, нека слушја. НЕДЕЉА. 17. От Матеа. НА тоа време, Ке испанна Исус на местата Тирцки и Сидонцки. И ету идна жена Хананејка, дека испанна ут синориту тие, гу викаше, и велеши: Господине, Син на Давид, пужалај ме, керка ми лошу беснува. И он не му отвешта лакардиа, и дујдоа Учениците му, и гу молеа, и велеа: испушти а зашто вика пу нас. И он отвешта, и рече: јазе не сам пуштен, салде на офците загубените на куќата Израилува. И она ка дујде, му са пуклони, и велеши: Господине, поможи ми. И он му отвешта: не е арну да земи некуј лебут ут децата, и да гу ф'рле на кучињата. И она рече: истина Господи, зашто [стр.069] и кученцината јадат ут ронките дека паѓат ут трапезата на господините му. И отвешта Исус и му рече: о жено, гулема е верата ти, нека ти са чине ка сакаш, и са излекува керка ми ут тоа саат. Приготвил: Васил Чулев Комплетниот текст овде: |