|
||||
Еванѓелие по Јоана (9. дел) |
Кониково, Беломорска Македонија - 18 век Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија. Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите... [стр.078] НЕДЕЉА. 6. От Луки. НА тоа времи, кога утиде Исус на селуту Гадаринцку, гу срете идин чувек ут Градут, тоа што имаше бесуве ут многу гудини, и руба на са ублечуваше, и уф куќи не застануваше, ами на гробиштата. И ка виде Исуса, викна: и утиде и панна на нозите му, и сос гулем глас рече: Исус Сине божиј, вишнаго, што имаш да чиниш сос мене, та молам нимо ма мачиш. Зашто нарача на духут нечистијут да излезе ут чувекут: Зашто нарача на духут нечистијут да излезе ут чувекут: зашто многу гудини гу дарче: и са варѕуваше сос синџире, и сос клапи гу чуваа: ами он сечеши варзуваниту, и са истеруваше ут бесут на пустините места. И Исус гу пита, и рече: што е имито му? И он рече: Легеон: зашто многу бесуве флегоа уф негу. И гу молеши да не и пувеља да одат уф [стр.079] длабокуту. И таму на планината имаше стаду ут правци дека пасеши, и гу молеа да му даде изин да флезат уф тие, и му даде. И ка излегоа бесувите ут чувекут, флегоа уф правциту: и киниса стадуту тоа ут брегут уф ѓолут: и са удави. И ка видоа пастириту тоа што са чини, бегаа, и утидуа на Градут, и на нивите, и кажаа ги: И људиту испанаа да видат тоа што са чини, и дујдоа на Исуса, и најдоа чувекут дека седеши, ут тоа што испанаа бесувите, ублечен, и разумен на нозите Исусуви: и са уплапиа. И тие што гу видоа гу рекоа на них, как бесниут уткина. И сфетут сат ут страните Гадаринцки молиа Исуса, да испани да си оде ут них: зашто имаа гулем страх: и он флезе уф корабут, и са варна назат. И чувекут тоа, [стр.080] ут тоа што излегоа бесувите, са молеши на Исуса, да биде сос негу, ами Исус гу испушти, и велеши: Варни се дома ти, и прикажувај колку ти чини Бог, и утиде пу сат Грат и прикажуваше колку му чини Исус. НЕДЕЉА. 7. От Луки. На тоа времи, чувек некуј дујде на Исуса, имито му Јаир, и воа беше напрежен ут соборут, и панна на нозите Исусови, и гу молеши ад оде уф дома му. Зашто имаше ина ќерка самородна, ду дванајсет гудини, и она умре. И таму дека одеши Исус, калабалакут ут људиту гу стеснуваа. И ина жена таа што имаше течени ут кр'ф дванајсет гудини, и пуарчи сату му имане пу екимчиите, и не може ут никуј да са излекува. Ка наближи зат негу, фати [стр.081] крајта на рубата му: и уф часут застана течениту на кр'фта му. И Исус рече: кој е тоа дека ма фати, и кату да са утрчуваа сите, веле Петар и тие беа сос Петар: Дидаскале, људиту та стенат и та стеснуват, и велеч кој е што ма фати. И Исус рече: некуј ма фати, зашто јазе пикасах сила дека излезе ут мене. И ка виде жената оти не гу лажа, дујде путресена, та панна на нозите Исусови, и зарди кое работа гу фати, му кажа прет сите људе, и ка са излекува уф часут. И Исус му рече: о ќерко имај гајрет, верата ти та уткина: оди сос дубро. И кога Исус ошти велеши лакардиата: иде идин ут первособорникут, и му веле, оти умре ќерка ти, ним задеваш Дидаскалут. И Исус ка гу чу, отвешта и му рече: ним са боиш салде верувај, и ќи уткине. И ка флезе ... Забелешка: Страниците 82-110 од оригиналот за жал не се зачувани. [стр.111] …десетту, зафатиа да са љутат, зарди Јакова и Јоана. И Исус ка и викна, веле на них: знајте зашто тие дека т'рчат да пувељат јазициту, и заптисуват: и гулемите и пувељат вие. Ами на вас не ке биде така: ами кој сака да са чине погулем ут вас, ќи ви биде езмиќарин. И којту ут вазе сака да са чине правен, ќи биде езмиќарин на сите. Зашто Синут чувечки не дујде да му чина исмет, ами да чине исмет, и да даде дусјата му уткупение за мнозина. САБУТА. На Лазар. От Јоана. НА тоа времи, беши некуј болен Лазар ут Витаниа, ут селуту на Мариа и на Мариа на сестра му. И Мариа беши дека пумажа Госпуда миро, и сос косите му избрисја нозите му, на таа брат му Лазар беши [стр.112] болен. Пуштиа убо сестрите му на негу, и велеа: Господине, види тоа што милуваш, он буледува. И Исус ка гу чу, казја: ваа болка не е за умреш, ами е зарди славата Божие, да са пруслави Син Божие зарди низ неја. И Исус милуваше Марта, и сестра му, и Лазара. Как чу убо оти е болен, тогај застана на местуту деака беши два дена. От вие напоком веле на Учениците: нека одиме пак Јудеа. Му велет Учениците: Дидаскале, сега та сакаа Јудеиту, сос камени да та утепат, та пак одиш таму. И Исус отвешта: не са дванајсет саате на денут? Кој оде денут, не са сопнува: зашто гледа веделуту на сфетут воа. Ами кој оде ноќата, са сопнува: зашто нема виделуту на себеси. Вие рече: и напуком ут воа му веле: Лазар пријатељут ни заспа: одам да гу расбудам. И Учениците рекоа: Господине, аку заспа, ќи стани. И Исус [стр.113] му кажа зарди умрешут му, и на них му са виде, зашто зарди заспаниту на сонут веле. Тогај убо му кажа јаве: Лазар умре. И са радувам зарди вазе, да верувате зашто јази не бех таму, ами нека одиме на негу. И Тома што са велеши близнак, рече на Учениците му. нека одиме и ние да умреми сос негу. Кога убо утиде Исус, гу најде дека имаше близу четири дни уф гробут. И Витаниа беши близу на Јерусалим ду петнајсет стадиа. И мнозина уф људиту утидуа на Марта и Мариа, да и растажат зарди брат му. Марта убо ка чу зашто иде Исус, гу присрете: ами Мариа седеши уф дома. Марта убо рече на Исуса: Господине, аку беши туа брат ми не ке умреси. Ами и сега знам, оти колку пусакаш ут бога, Бог ќи ти даде. Му веле [стр.114] Исус: ќи војскресне брат ти. Му веле Марта: знам оти ќи војскресне на Воскресениету и Животут: кој верува на мене, и аку умре, ќи живува. И секуј чувек што живува и верува на мене, не умира уф векут, веруваш воа. Му веле Марта: истина Господине: јазе верувех: оти ти си Христос Син Божие: дека иде на сфетут. И ка рече вие, утиде та викна, Мариа сестра му скришну, и му рече: Дидаскалут е туа, и та вика. Она ка гу чу, стана скору, и утиде на негу. И Исус ошти не беши дошел на селуту, ами беши на местуту дека гу присрете Марта. Јудеиту убо дека беа сос неја уф дома, и ја растажуваа, ка видоа Мариа зашто стана скору и излазе надвор, утидуа пу неа, тр'чеа, зашто оди на гробут, [стр.115] да плака таму. Мариа убо ка утиде таму дека беши Исус, и гу виде, панна на нозите му, и велеши: Господине, аку беши туа не ќи умреси брат ми. Исус ка ја виде што плакаше, И јудеиту што беа зајно и плакаа, забуле душата му. И рече: дека гу кладохте, му велет, Господине: ела та види. И Исус пушти салзи. Велеа убо Јудеиту: види как гу милува. И некуи ут них кажаа: воа дека утфори оочите на слепиут, не можеши да чине и воа, да не умре воа. И Исус пак стенеши уф себеси, утиде на гробут: и беши пештера, и врас неја лежи камен. И веле Исус: кренејте каменут, му веле сестрата на умрењут Марта: може да смарде, зашто има четири дни. Му веле Исус: не ти рокох, оти аку веруваш, ќи видиш славата Богува. Кренаа убо каменут уттаму, дека лежеши умрениут. И Исус крена очите му горе, и [стр.116] рече: Татко, благударем ти, оти ма слушаш. И јазе знам оти секуј пат ма слушаш: ами зарди људиту што стојат окулу рекох, зарди да веруват оти ме пушти. И ка рече вие, сос гулем глас викна: Лазаре, испанни надвор. И испанна умрениут, варзани нозите му и раците му сос лурии и лицито му сос риза варзану: му веле Исус. утварзејте гу, и гу уставејте да оде. И мнозина ут Јудеите дека дујдоа на Мариа, видоа тие дека чини Исус, и веруваа на негу. Приготвил: Васил Чулев Комплетниот текст овде: |