Среда, 24 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (14)

ragjanjeto-na-isus-hristos

РАЃАЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС

Во  последните столетија пред раѓањето на Исус Христос. Јудеја се наоѓала речиси постојано под туѓо ропство: по владеењето на Персијците, била под власта на Александар Македонски, a no неговата смрт под власта на Египет, потоа на Сирија, по кратката независност под власта на Римјаните, кои ги задолжиле Јудеите со тежок данок и за цар го поставиле  Ирод.

Страдајќи   под туѓото  ропство,  јудејскиот  народ  се утешувал  со доаѓањето на Спасителот, или Месијата, или Христос, предвиден и ветен од сите пророци. Пророштвата јасно го определувале и местото на раѓањето на Спасителот. Пророкот Даниил претскажал дека Христос ќе се роди по 490 година од воспоставувањето  на Ерусалимскиот храм. Пророкот Михеј го означил местото на неговото раѓање – Витлеем (Mih. 5:2; Mat. 2:6).

Co приближувањето на посоченото време, сите надежи на Јудеите се насочиле кон доаѓањето на Месијата од кого тие очекувале за себе величење и слава. Пророчките зборови на свештеникот Захарија, внесени во него од Светиот Дух, јасно укажувале на појавата на Спасителот: „И ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Севишниот, бидејќи ќе минуваш пред лицето на Господа, за да ги изготвиш неговите патишта" (Лука, 1:76). Но, Јудеите уште не знаеле за благовеста испратена до дева Марија.

Кога ги прифатиле со вера зборовите на архангелот кој ја известил дека ќе роди син, кој ќе биде наречен Синот Божји, таа ја чувала оваа вест смирено во срцето. Нејзиниот свршеник Јосиф го дознал тоа од ангелот, кој му се јавил на сон. Јосиф, иако произлегувал од царскиот Давидов род, живеел сиромашно. Тој бил дрводелец и со тој занает ги задоволувал потребите.

Кога наближило времето Марија да се породи, се случило да се најде со Јосиф во Витлеем. Римскиот император Август наредил да се изврши народно пребројување во целата голема империја. Секој морал да се врати во местото каде што бил роден. Јосиф морал да отиде во Витлеем, во родниот град на татка си Давид. Витлеем бил безначаен град во споредба со Ерусалим.

ragjanjeto-na-isus-hristos-2
Раѓање на Исус Христа, фреска во Св. Ѓорѓи во Курбиново

За време на пописот Витлеем се покажал мал, за да ги збере дојдените граѓани. Јосиф и Марија не можеле во градот да најдат место за преспивање и отишле надвор од градот, во една пештера, во која ноќе овчарите го затворале добитокот. Тука Марија го родила Синот, го завиткала во пелени и го ставила во јаслите, каде што биле заврзани магаре и вол, кои со своето дишење го грееле Младенецот.

Првата вест за големиот настан ангелите им ја соопштиле на овчарите, кои недалеку од Витлеем ги паселе стадата. Тие виделе веднаш на небото чудна светлина и им се јавил ангелот Божји во небесна слава. Овчарите се уплашиле од чудното видение, но ангелите им рекле:

„He плашете ce! Be известувам за голема радост која ќе биде за сите луѓе! Денес ви се роди во Давидовиот град Спасителот, којшто е Христос Господ. И еве ви знак: ќе најдете Младенец завиткан во јаслите."

Кога ангелот ги кажал овие зборови, на небото се јавиле многу небесни сили, кои го фалеле Господа и пееле: „Слава во висините Боже, и на земјата мир, меѓу луѓето благоволение!" Кога завршило прекрасното јавување, зачудените и израдувани овчари си рекле меѓу себе: „Да одиме во Витлеем и да го видиме чудото што се случило таму, за што не извести Господ!" Кога дошле до пештерата, го нашле Младенецот кој лежел во јаслите, му се поклониле и потоа им раскажале на сите за тоа што го виделе.

По извесно време дошле мудреците од Исток. Познато е дека некогаш во Халдеа пророкот Даниил бил поставен од Навуходоносор за началник на паганските мудреци (Дан. 5:11). Треба да се претпостави дека тогаш тој им го открил на халдејските мудреци своето пророштво за времето кога ќе се роди очекуваниот Месија (Дан. 9:24-27).

ragjanjeto-na-isus-hristos-3
Местото каде е роден Исус Христос

Тоа пророштво било пренесувано од колено на колено. И, кога на Исток се појавила необичната ѕвезда, мудреците сфатиле дека пророштвото се исполнило. Тогаш тие се упатиле кон Ерусалим да му се поклонат на родениот јудејски цар. Тие го следеле источниот обичај да му се даваат на царот дарови, па зеле со себе: злато, ливан и смирна и кога дошле во Ерусалим прашале каде е новородениот јудејски цар. Тие рекле:

„Ја видовме неговата ѕвезда на Исток и дојдовме да му се поклониме". Кога за ова дознал царот Ирод, се збунил, ги собрал првосвештениците и учените книжници и ги запрашал: „Каде треба да се роди Христос?" Тие одговориле: „Во Витлеем јудејски, како што е речено во пророштвата." Царот помислил дека тоа е лошо, ги повикал мудреците и им рекол: „Одете и распрашајте се внимателно за Младенецот и кога ќе го најдете известете ме и јас да му се поклонам!"

Мудреците веднаш заминале и ѕвездата што ја виделе на Исток им го покажувала патот. Тие застанале на истото место каде што бил Младенецот. Кога влегле, му се поклониле со почит и му ги принеле скапите дарови. И така се исполнило пророштвото за доаѓањето на Спасителот.

Кога мудреците му се поклониле на Младенецот, заминале по друг пат во татковината, бидејќи добиле на сон известување од Бога да не се враќаат пред Ирод. На Јосиф му се јавил на сон ангелот и му рекол: „Стани, земи го Младенецот и Мајка му и бегај во Египет и остани таму додека не ти се јавам! Бидејќи Ирод ќе го бара Младенецот за да го заколе." Јосиф ја исполнил наредбата и истата ноќ заминал за Египет, каде што живеел се до смртта на Ирод.

ragjanjeto-na-isus-hristos-4
Витлеем

Преданието зборува дека светото семејство при патувањето било нападнато од разбојници и еден од нив кога го видел Исус се зачудил на неговата убавина и ги задржал другарите, зборувајќи: „He и правете лошо! Ако Бог земеше за себе човечки образ немаше да биде поубав од овој Младенец." Тогаш пресветата Дева му рекла на разбојникот:

 „Овој Младенец ќе ти врати со добро бидејќи сега го спаси." Тој бил истиот разбојник којшто бил распнат десно од Христос, се покајал, поверувал во него и ги слушнал зборовите: „Вистина ти кажувам, ти ќе бидеш денес со мене во рајот" (Лука, 23:43).

Ова предание за патувањето е зачувано во тие места. Тие го покажуваат местото под смоквата каде што одморале. До него тече прекрасен извор, од кој тие пиеле вода и во кој пресватата Дева го искапила Младенецот. За доаѓањето на Младенецот во Египет се поврзува и друго чудо. Кога Младенецот пристигнал, сите идоли паднале и се скршиле.

Ирод ги очекувал мудреците, но кога видел дека не се враќаат, наумил да го уништи Младенецот. Бидејќи не знаел како да дојде до него, наредил да ги убијат во Витлеем и пошироко сите деца од машки пол кои имаат до две години. Ова злосторство било извршено и земјата се исполнила со плач, но тој не ја постигнало целта бидејќи тогаш Христос не бил во Витлеем. Убивањето на децата се воспева во Црквата на 29 декември.

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.