|
||||
Јубилеј на МАКЕДОНСКОТО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ |
Во Сиднеј достојно прославен јубилејот на МАКЕДОНСКОТО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ На 19 октомври во просториите на Civic Theatre во Hurstville на свечен начин беше прославен 40 годишниот јубилеј на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Прославата на овој јубилеј беше во склопот на Фестивалот за уметност Discovery во грдската општина Georges River и од името на Градоначалникот, уметничкиот директор на фестивалот Anne-Marie Wiles ја отвори јубилејната програма. Поздравен говор одржа The Hon Moselmane Shaoquiett, MLC (NSW Legislative Council) од Горниот дом на владата на Нов Јужен Велс при што го нагласи големото значање што Литературното друштво го има одиграно за овој четири децениски период во одржување и промовирање на македонскиот јазик и култура во Австралија. Потоа со поетските звуци на Прличев, Константин, Рацин и Коневски преставени од Лариса Мабеи, зборуваше Душан Ристевски, почесен претседател на Литературноро друштво, кој се осврна на улогата на Друштвото во афирмација на македонскиот јазик, култура и нација на овие простори како и во активното вклучување на организирање на македонската заедница во заштитата на правата и идентитетот на Македонците. Катарина Ципушева, класичен филолог, од Универзитетот Маквари во Сиднеј, ја промовира Антологијата „Ѕуница“ со поезија од членовите на Друштвото во која се застапени 25 поети. Со поезија од истата се преставија Иван Трпоски, Ристо Галевски, Гроздан Јовановски, Бранко Наумовски, Перо Дамчевски-Коцин, Наум Пауноски и Душан Ристевски. Стефо Нанцу, драмски писател режисер и артист, ја промовира книгата - монодрамата „Каменот од Роби“ од Душан Ристевски, а артистката Валентина Апостоловска рецитираше извадоци од истата. Книгата поезија „По свет за малку среќа“ од Гроздан Јовановски ја промовира Бранко Наумовски, поет, учебникар и наставник по македонски јазик, а Лариса Мабеи се престави со поезија од истата. Артистката Гордана Милошевска од Македонскиот театар од Сиднеј настап со комичниот скеч „Шекира гледа на карти за промена на името на Македонија“. На прославата исто така се доделија наградите од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2017 година и истите ги престави членот во Жири комисијата, наставничката Мери Петковска. За јубилејот до Друштвото пристигнаа стотина честитки од членовите, соработниците, почесните членови како и од Агенцијата за иселеништво од Македонија, со единствена желба работата да продолже во негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик и култура. Извадоци од овие писма и пораки беа читани на средбата. На крајот на програмата на членовите на Друштвото како и на долгодишните помагатели и соработници им беа доделени благодарници со желба да се продолже во одбрана на македонскиот јазик зашто додека го имаме јазикот ја имаме и татковината и како што се сака својот народ така треба да се милува и својот јазик. ДР |