|
||||
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16) |
ОДЕЊЕТО НА БОГОРОДИЦА ПО МАКИТЕ Со вие зборови за гревот човечки, на архиерејот, јерејот, инокот (монахот) и за целио христијански род, пречиста Богородица му се молеше на својот син Христос, да ги види каде се душите, и на исток, и на запад, и на север, и на југ... Пречистата виде презвитер како виси за ноктите. Оган излегуваше од неговиот врв, ги опалуваше и Пречистата го запраша архангелот: „Што им се гревовите?" Рече: „Овие се, Пречиста, оние кои стоеја пред страшниот престол и, како што го дробеа телото и крвта на Господ Бог наш Исус Христос, паѓаа трошки како ѕвезди долу..." И беше ѕвер крилест, имаше три глави како пламења, две глави беа на очите, а третата на устата негова. Го запраша Пречистата архангелот: „Што е неговиот грев та не може да се спаси од овој лут ѕвер?" Арахангелот рече: „Овој е, Пречиста, оној кој не ја примаше славата на Светото Евангелие." Како молњи излегуваа од одделни краеви на небото... Овој е читач..." Рече архангелот: „Појди, Пречиста, да ти покажам каде се оние кои имаат свештени ангелски лица." Излезе Пречистата и виде како јаде црв незаситен... Виде Пречистата, просолзи, и го запраша арахангелот: „Кои се овие и какви им се гревовите?" Рече архангелот: „Овие се попадии кои по смртта на своите попови сакаа да се омажат." И виде река огнена и видение на реката како искри огнени излегуваа и ја јадеа земјата, среде бројните бранови. Виде Пречистата народ грешен, просолзи и го запраша архангелот: „Кои се овие и какви им се гревовите?" Рече: „Овие се, Пречиста, блудници, лажливци и овде се немилосрдните кнезови, епископи, патријарси, немилосрдните цареви, и не ја следеа Божјата волја." Рече Пречистата: „Тешко на грешникот." И рече архангелот: „Што зборуваш, Пречиста, уште не си видела големи маки." И рече Пречистата: „Тргни да ги видам големите маки." Рече арахангелот: „Како сакаш, Пречиста, да излеземе десно или лево, каде што се големите маки?" Рече Пречистата: „Да излеземе в лево." Пак рече Пречистата: „Која е оваа река, што се овие бранови, кои се во неа луѓето што лежат?" Рече архангелот: „Оваа река е смолна, а огненото раѓање е од огнот на брановите кој ги пали оние што живеат во неа, луѓето кои го распнаа Господ Исус Христос, Cиhot Божји и сите народи кои не веруваа во Отецот и Синот и Светиот Дух, оние кои крстено блудство правеа со мајките и со тештите и со нивните сестри." Рече Пречистата: „Ти се молам Владико, нели во твое име се крстија Владико, но Владико, не ти се молам за неверните, туку за христијаните." Но, пак дојде глас од Бога: „Како можам да ги помилувам, тие своите браќа не ги помилуваа!" Рече Пречистата: „Помилувај Владико, погледај го родот христијански на делото од рацете свои, како што секоја творба моето име го бара на земјата и вели: „Помилувај Богородице, помогни ни."Рече Господ Бог: „Нема човек на земјата кој ќе го бара името мое, a jac да не го послушам." My ce обрати Пресветата и рече: „Господе, има отци кои нигогаш не згрешиле, Господе, ја имаме света Недела, похвала христијанска Господе, ја имаме света Петка, похвала на чесниот крст, кои Адам и Ева ги спаси од првите клетви." Тогаш Михаил и сите небесни сили вознесоа глас: „Помилувај го Владико христијанскиот род." Тогаш им рече Господ: „Ако не одевте по законот на Мојсеј, и по апостолите, и по моето Евангелие, и по апостолите на Павле, како да им се суди?" И немаа што да му одговорат. Зборуваа со глас кој се вознесуваше: „Помилувај го Владико христијанскиот род, иако твојот Христов закон го закопаа, и заповедите твои ги проневерија...“ Пречистата Марија гледајќи дека замолчија светите, дека Господ нема да ги послуша, и своето милосрдие го задржаа од грешните, рече: „Да пријдеме архистратиже, старешина на бесплотните сили, да паднеме пред Бога и да не станеме додека не не сослуша Бог за да ги погледа Господ Бог грешниците." Тогаш падна Михаил на своето лице и сите бесплотни чинови паднаа заради грешниците. Кога ја видоа пресветата Богородица над маките, ангелите извикаа едногласно: „Свети Боже, свети крепки, смилостиви се заради Богородица, те фалиме Сине Божји, бидејќи од века не сме го виделе ова, сега со Тебе Богородице го видовме светот." Извикаа во еден глас: „Радувај се Богородице Дево, радувај се Света на незаодливиот свет, радувај се и ти архистратеже Михаил, моли се за целиот свет, ние ги видовме грешниците - просолзија и извикаа во еден глас, зборувајќи: „Добро што пријдовте заради нас грешните од векот во овие маки." Тогаш милосрдува Владиката со своето милосрдие, му рече на својот син едночеден: „Слези сине мој сакан и види го молењето заради грешниците, јави им го лицето свое ним." Слезе Владиката од својот престол и ги виде сите што стоеја во разновидни маки. Едногласно извикаа: „Помилувај не, сине Божји, цару вечен!" Рече Владиката: „Како можам да ве помилувам, слушајте сите што сте во маки, рај насадив и човекот го создадов во мојот лик, Господов, во рајот живот вечен му дадов. Тој ја изневери мојата заповед со своите гревови и се предаде на смртта, јас ги трпам делата од раката негова... Од ѓаволот дојдов на земјата, плот примив од Пречистата мајка моја Марија, Јордан го осветив, од гревови родот го спасив, се вознесов на крстот, сакајќи ослободување од првите клетви, вода барав и ми дадовте оцет помешан со жолчка, со мои раце го создадов човекот, во гроб ме поставивте, слегувајќи во пеколот го повредив вратот и ги воскреснав оние кои беа во пеколот со моето спасување, вие co крсно слово му се ветивте на Христа, но дела Божји не создадовте, затоа се најдовте во овие маки овде.
Сега ќе ве помилувам со молењето на мојата Мајка, со милосрдноста на мојот Татко, со молењето на бесплотните сили, со солзите на мојата Мајка, која се молеше заради вас и ви давам покој од моето воскреснување до педесетницата, да го славите Отецот и Синот и Светиот Дух." Горните текстови се дел од монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин, а е посветена на дел од вистината за Дева Марија. Книгата е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Оваа значајна и по многу нешта единствено дело е исто така посветено на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој одбележува 410 години од своето постоење. Продолжува Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и |