Четврток, 06 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
ДРАМАТА „ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ“ ЈА РАЗБРАНУВА ДУШАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ

9 1ДРАМАТА „ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ“ ЈА РАЗБРАНУВА ДУШАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ

И додека во македонското собрание се кова и последниот клинец се става на тешките пранги околу вратот на Република Македонија во Сиднеј Австралија се прикажува драмата Последниот Македонец од Душан Ристевски со врвните артисти од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Имав можност да ги гледам двете престави минатиот викенд и бев воодушевен од настапот и енергијата што ја извлеков од она што се прикажа на сцена. Стравот од прогони и уцени од малтретирање и монтирани судски процеси на прадавничата влада само во Македонија може да им успева, а не во Австралија, каде уметниците и артистите можат слободно да се искажуваат и да творат.

Авторот како да имаше предчувство на она што ќе доаѓа за Македонците во Европа, во Евросилија, каде Македонецот нема да постои како човек и во која сите Македонци ќе бидат бегалци, понижени, злоупотребувани, обесчестени и под нивната кожа ќе живеат некакви црвја и зданија. А што е најстрашно нема да можат и смеат да си го кажат своето име, со јазик одсечен, со мозоци исколвани од чавки, па така бесцелно ќе скитаат без име и никогаш нема да најдат мир во душата оти се откажаа од своите мајки и татковци, од нивните аманети, се откажаа од себе си.

Подплатените политичари на кои не им успеа предавничкиот и срамниот референдум, наспротив вољата на народот, посегнаа по уставот, по сржта на државата и нацијата. Како некои ѓаволи се нафрлија да ја глодаат македонската душа за да се сотре македонската држава и нација. „Да им се исуши раката, да им се сотри племето“ како што ќе рече Солунка, бабата на силованата Македонка која подоцна ќе го породи бебето на Европа. А па нејзиниот татко, Филип, ќе заклучи дека „победува кукастиот крст, победува месечината во Евросилја“ и поради тоа „ризично е да се биде Македонец во Македонија“.

Прашањето со кое публиката си замина после гледањето на ова два часовна престава, која ти се чини поради динамичната изведба траеше само 10 минути, дали има спас за Македонците, дали вистина сме сведоци на изумирање на македонската нација и последниот Македонец се истисна во светот во далечните простори на сонот и реалноста да го бара својот род распрскан на сите континенти и го моли да се врати за да се одпочне нова држава, без историја и минато. А дали е тоа можно, кога семејството се распаѓа, кога се руши изграденото, кога се уништува родот, дали е можно да има враќање во земјата која не постои. Од она што се постави на завршниот чин од авторот и режисертот Стефо Нанцу, мислам, секој излезе со поинаков заклучок од завршената трагична приказна: можно е да има враќање во Македонија за да не се уништи родот; да се прифати новороденото како неминовна последица на евроатланската силувачка политика; излезот е да се врати честа со мечот на Александар Македонски и сонот на гемиџиите; животот и смртта се толку блиски како да се неразделни – не вреди да се живее кога својот брат те уништува...

Публиката излегуваше со насолзени очи, жалеше не само за семејната трагедија на Филип туку и за трагедијата што како некоја чума надвиснала над сите Македонци, над Македонија која ете сега се продава и уништува од самите Македонци.

Од кажувањето на присутните, „Последниот Македонец“ е најдобрата театарска продукција досега поставена на сцена од овој театар кој повеќе од десет години успешно на сцена поставува дела важни за македонската култура и нација. Не треба да се испушти шансата да се гледа оваа престава, а последната е оваа сабота, 8-ми декември со почеток во 19 часот во Македонскиот културен центар Илинден 675 Railway Street Rockdale.

9 2

9 3

9 4

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.