|
||||
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) |
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА БОГОРОДИЦА Неосквернета, неизвалкана, чиста, пречиста Дево, Богоневесто, Владичице, преку Твоето преславно раѓање, си го соединила Бога - Слово со луѓето и си ја собрала отфрлената природа на нашиот род со жителите на небото. Ти си надеж на очајните, Ти си помош на борците, Ти си готова закрила на оние што доаѓаат кај Тебе, Ти си заштитница на сите христијани. He ce гнаси од мене грешниот и нечистиот, кој со срамни помисли, зборови и постапки се направив сосема негоден, и, поради лекомислие, свесно станав роб на животните наслади. Но, бидејќи си мајка на човекољубивиот Бог, човекољубиво смилувај се на мене грешниот и блудниот и прими ја мојата молитва што Ти ја принесувам со нечиста уста. Послужи се со својата мајчинска слобода и помоли го Твојот син и наш Владика и Господ да го отвори за мене човекољубивото срце на Својата благост и, без да гледа на многубројните мои прегрешенија, да ме обрати кон покајание и да ме направи добар исполнител на Своите заповеди. Ти си милостива, доброљубива, биди секогаш со мене. Во сегашниот живот биди ми топла застапница и помошница, прогонувај ги непријателските напади и води ме кон спасение. Во часот на мојата смрт, зачувај ја мојата душа и отстрани ги од неа далеку мрачните виденија на лошите духови. А во страшниот ден на судот, избави ме од вечната мака и направи ме наследник на неискажливата слава на Твојот Син и Бог наш, која сакам да ја примам, Владичице моја, преку Твоето посредништво и застапништво, по благодатта и човекољубието на Твојот еднороден Син, Господ, и Бог и Спасител наш Исус Христос. Нему му прилега слава, чест и поклонување, со Неговиот безпочетен Отец и пресветиот, благ и животворен Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси му ја нашата молитва на Твојот Син и наш Бог, та преку Тебе да ги спаси нашите души. Надеж ми е Отецот, засолниште - Синот, а покров ми е Духот Свети, Светите Тројца, слава Ти. Целата моја надеж ја прилагам во тебе, Мајко Божја, заштити ме под Твојот покров. Владико многумилостив, Господе Исусе Христе, Боже наш, по молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, преку силата на чесниот и животворен крст, преку застапништвото на чесните небесни сили, на чесниот славен пророк, претеча и крстител Јован, на светите сефални апостоли, на светите славни и добропобедни маченици, на преподобните и богоносни отци наши, на светите праведни богоотци Јоаким и Ана, и на сите светии, направи ја благопријатна нашата молитва, дарувај им прошка на нашите прегрешенија, отстрани од нас секаков непријател и противник, смири го животот наш, Господи, помилуј не нас и Твојот свет, и спаси ги нашите души, зашто си благ и човекољубив
Света Богородица во Кичево ТРОПАР ЗА РАЃАЊЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (МАЛА БОГОРОДИЦА – 21 СЕПТЕМВРИ) Глас четврти: Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зашто од Тебе блесна сонцето на правдата - Христос нашиот Бог, Тој ја разруши клетвата и ни даде благослов, ја уништи смртта и ни дарува живот вечен. Продолжува Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН |