Среда, 26 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „ЗЛАТНИОТ ЧАСОВНИК ШТО ГО ЗАПРЕ ВРЕМЕТО“ ОД ДИПЛОМАТОТ ДОРАКОВСКИ

131

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „ЗЛАТНИОТ ЧАСОВНИК ШТО ГО ЗАПРЕ ВРЕМЕТО“ ОД ДИПЛОМАТОТ ДОРАКОВСКИ

Дипломатот и писателот Константин Дораковски, во романот „Златниот часовник што го запре времето“ живописно ги пренесува личните видувања и импресии  и нé пренесува во возбудлив свет за судбинските моменти од човековото живеење. Делото е интересна романсирана приказна за детството и младешките години во средините каде авторот одраснал

Романот „Златниот часовник што го запре  времето“ е најново  дело на Константин Дораковскија. Во него живописно  се испреплетува интересна приказна за детството и младешките години поминати во опкружувањето на  средината каде авторот одраснал, а со отсликување и на настани и ликови од  бурните времиња на претходните генерации. Исто така, во романот се претставени  и средбите и контактите во далечните прекуокеански простори, со кои  се збогатува наративот што опфаќа стотина години (1903-2003).

Така, спокојството  во страниците посветени од секојдневието на неговата непосредна околина во детството и младешките години се испреплетува со турбулентните периоди за времињата низ кои одминуваат животните патишта на повеќе ликови, а со прекуокеанските хоризонти се заокружуваат сеќавањата кои ги запрел “Златниот часовник”.

Романот „Златниот часовник што го запре  времето“,  во кој еден дел секако е одраз на  личните видувања и импресии  со вклопување во поширок контекст на некои реални историски настани и ликови. Делото нé пренесува во возбудлив свет  што го задржува  вниманието на читателот и побудува расмислувања за судбинските моменти од човековото живеење.

Во ова дело се раскажува и приказната за побитните настани во Битола и Македонија во период од еден век низ кои се преплетуваат и животните приказни на неколку карактери  а кои во еден дел се сврзани и со сеќавањата и погледите на авторот за историските состојби низ кои поминувал нашиот народ.

Нарацијата, збогатена и со локалните јазични особености од  опкружувањето и од животните патишта на некои карактери, само ја збогатува импресивноста и колоритноста на ликовите и настаните со кои се  отсликува еден подолг период од нивното секојдневие  што,  како и времето,  неповратно одминуваaт.

Инаку, Константин Дораковски е првиот македонски дипломат во Канада (в.д. генерален конзул на Република Македонија во Торонто,1997-2001, како и прв македонски дипломат во Канбера, Австралија (2003-2006), а потоа повтороно  во Канада како министер советник во Амбасадата на РМ во Отава (2010-2013).

Дораковски потекнува од печалбарско Љубојно, од Преспа, а одраснал во Битола. Низ своите драмски текстови тој пројавува интерес за повеќе теми кои  се наметнуваат со актуелниот пристап во современиот временски  простор. Тие даваат белег на појавите кои задираат во собитијата на времето низ кое поминува општественото и човековото живеење.

Константин Дораковски не беше само дипломат, туку тој е плодел писате. Минатата година објави книга со три драми „Шушулеменко“, „Новиот ракопис на Прометеј“ и „Додека сонцето изгрее на запад“„ а неготиот прв роман беше „Трите брега на душата“.

Роман „Златниот часовник што го запре  времето“ на Константин  Дораковски, е создаван во подолг временски период.  Со темите, актуелноста и  пластичноста на опишаните настани и карактери, овој роман е предизвик за театарската продукција и претставува значаен придонес во македонската книжнина.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.